1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Целулит

Дискусија во форумот 'Тело' започната од JaMi, 22 февруари 2014.

?

Дали имате проблем со целулит?

  1. Да

    10 глас(а)
    58.8%
  2. Не

    7 глас(а)
    41.2%
  1. JaMi

    JaMi Староседелец

    Зачленет на:
    22 февруари 2012
    Мислења:
    6,460
    Допаѓања:
    14,377
    Иако скоро секоја втора девојка,жена имаат роблеми со ''кората од портокал'', истовремено голем број од нив не знаат што точно преставува целулитот,поради тоа и не успеваат да се изборат со тој проблем.
    Поголем број на девојки мислат дека тој проблем се решава со слабеење и се фрлаат на разни диети,верувајќи дека по диетата нивната кожа ќе стане мазна.Но,тоа не преставува никакво решение.
    Пред се,целулитот не преставува проблем поради дебелината и килограмите,туку исклучиво проблем со кожата.
    Целулит имаат и слаби девојки(жени) а не се ни машките исклучок (па дури и деца).
    За жал се трошат многу пари во креми и гелови,мислејќи дека ќе имаат голем ефект во остранување на целулитот, но за жал тоа резултира само на фрлање на пари.
    Дури и липосукцијата спаѓа во безкорисните начини за справување со целулитот,затоа што не се тоа масни наслаги кои можат да се извлечат од организмот туку станува збор за појава предизвикана од мускулна атрофија,која настанува кога слој од мускулите станува слаб,недефиниран и се одвојува од кожата.
    Иако се чини дека ситуацијата е безнадежна сепак постои начин да се победи целулитот.Станува збор за специјални вежби кои го тонираат, затегнуваат и обликуваат мускулот,составувајќи го повторно со кожата.Покрај вежбањето мора да се води ред и за здравата исхрана(да се избегнуваат слатки и газирани пијалоци,а да се пие повеќе вода).

    [​IMG]


    Дали и вие го имате и стиот проблем и како вие се справувате?
     
    На escape му/ѝ се допаѓа ова.
  2. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Прв пат во мојов живот се справувам со овој проблем...
    Отсекогаш сум била слаба и никогаш сум немала целулит ама! бев премногу физички активна....
    Арно ама...пред три години останав трудна, па после се породив и воопшто не бев физички активна, а сега пак од обврски повторно не останува време за качување на планина и слично, и нормално ете ти целулит...е сега планирам да му “влезам“ на орбитрекот, па ќе видиме...ако има ефект одма се фалам :)
     
  3. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,183
    Допаѓања:
    2,248
    Ја за извоз имам :) од секогаш сум имала и мислам дека секогаш ќе го имам така да си се помирив со тој факт ама со килажата никако не можам да се помирам
     
  4. Сара.13

    Сара.13 Староседелец

    Зачленет на:
    13 ноември 2012
    Мислења:
    1,260
    Допаѓања:
    3,107
    Мислам дека на 100 девојки само една нема проблем со целулит независно дали е малку или многу.
    Како прво килажата нема врска со целулитот, има многу слаби девојки кои се полни со целулит а има и покрупни кои едноставно немаат таков проблем.Јас конкретно си имам проблем ако може да се нарече проблем, имам целулит кој едно време пробував да го „лечам“ со гелови и слични глупости ама сфатив дека благе везе си нема тоа.Само со вежби и со правилна исхрана може да се нормализира и да се контролира целулитот.
    Мене лично не ми претставува комплекс, а нормално дека поубаво би ми било да го нема, а тоа зависи само од мене така да...ќе биде :)
     
    На *V******, Аркантос и JaMi им се допаѓа ова.
  5. Butterfly^^

    Butterfly^^ Истакнат Член

    Зачленет на:
    7 јануари 2013
    Мислења:
    239
    Допаѓања:
    271
    Немам некој огромен проблем со целулитот ваљда од причина што јадам претежно овошје и зеленчук и пијам огромно количевство вода дневно. Повеќето другарки користат разни антицелулитни креми али мислам дека тоа е чисто фрлање пари.
    Повеќе вода, физичка активност и нема да имате никакви проблеми.
     
    #5 Butterfly^^, 23 февруари 2014
    Последна промена: 23 февруари 2014
    На Хоуп* му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gemini

    Gemini Староседелец

    Зачленет на:
    24 мај 2012
    Мислења:
    2,477
    Допаѓања:
    5,079
    Откако се здебелив пубертетски имам целулит но не толку многу за да ми претставува опсесија..
     
  7. Fashion.Lover

    Fashion.Lover Староседелец

    Зачленет на:
    19 февруари 2015
    Мислења:
    297
    Допаѓања:
    83
    Немам проблем. Мислам дека целулитот не е само проблем со кожата, туку и последица од недоволно количество вода.
     
  8. Stojne

    Stojne Староседелец

    Зачленет на:
    29 јануари 2015
    Мислења:
    378
    Допаѓања:
    126
    Ми се појави пред 3 години.Потешко е додека исчезне.
    Не се ни замарам со тоа сеа.
     

Сподели: