Хуманост и црква

misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Хуманоста е актуелна тема во последниве месеци, несакам да должам со причините, сите ги знаеме катастрофите и збиднувањата во нашава држава а и општо во светот.
Мене ме занима каде е улогата, каде е хуманоста на црквата..дали ја има, постоли ли некое такво искуство за пример!?
Лично за мене да си кажам дека црквата повеќе проповеда какви треба да се луѓето, како да се однесуваме а во пракса имаат огромни недостатоци или јас грешам.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Од предходно стварно немам инфо дали црквата помогала или не,да не се си ставам грев на душа,но од поплавите па се до сега можам да кажам дека Хуманитарната организација ''Св.Спас'' од Драчево се постојано во акција на чело со отец Оливер кој не уморно трча и помага.
https://www.facebook.com/groups/244237102601202/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: misti.diva orhideja

BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Не треба да се мешаат овие две работи!
Јами тоа што тој отец е "вработен" во таа црква и помага не значи дека црквата помага, туку самата си кажа дека тој трча на сите страни и помага, но црквата како црква (а ги има доста низ Македонија) тешко дека се хумани - мое лично мислење.
 
misti.diva orhideja

Член со 30 казнени поени
10 јануари 2017
262
195
43
Од предходно стварно немам инфо дали црквата помогала или не,да не се си ставам грев на душа,но од поплавите па се до сега можам да кажам дека Хуманитарната организација ''Св.Спас'' од Драчево се постојано во акција на чело со отец Оливер кој не уморно трча и помага.
https://www.facebook.com/groups/244237102601202/
Во право си кога велиш да не ставаме грев на душа, можеби црквата има некаде покажано хуманост на дело но бидејќи не сака публицитет и ние можеме сега само да се прашуваме.
Џамиите имаа објава дадено, додека траат овие сибирски студови, вратите им се отворени за сите бездомници а за нашите цркви немам слушнато дека се понудија за било каква помош.
Кога беа коледарските огнови апелираа да не се палат оти било пагански обичај и да им се дадат на луѓе кои се сиромашни и на кои им требаат најмногу..и тука црквата не се појави со некоја донација на огревен материјал.
Парични средства да дадат на некое семејство или да помогнат за лекување на некои болни деца немам слушнато досега откако сум родена, а сите знаеме колкава е вредноста на имотите на црквите, какви возила имаат свештените лица и со какви луксузи располагаат.
Бидејќи навистина незнам дали е хумана црквата сакав да чујам мислење од некои членови кои имаат познавања или виделе на дело некој хуман гест од оваа институција т.ц. божја куќа.
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Не треба да се мешаат овие две работи!
Јами тоа што тој отец е "вработен" во таа црква и помага не значи дека црквата помага, туку самата си кажа дека тој трча на сите страни и помага, но црквата како црква (а ги има доста низ Македонија) тешко дека се хумани - мое лично мислење.
Тој ја застапува црквата всушност.Не оди како поединец туку под името Хуманитарна организација Свети Спас.
 
BioTrpe

Истакнат Член
29 октомври 2015
252
173
143
Тој ја застапува црквата всушност.Не оди како поединец туку под името Хуманитарна организација Свети Спас.
Точно бидејки како поединец тешко дека некој ке му излезе во пресрет, но кога ке кажеш црква .. е тогаш сите луѓе рипаат да помогнат, нели така ке се исчистат од гревовите и господ повеќе ке ги сака и ке одат во рајот.
Манипулирањето со луѓето е најефикасен начин да ги добиеш на своја страна, дури и да е за добри цели.
Сега не ме сфаќај дека за отец Оливер зборувам, ова општо го кажувам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Точно бидејки како поединец тешко дека некој ке му излезе во пресрет, но кога ке кажеш црква .. е тогаш сите луѓе рипаат да помогнат, нели така ке се исчистат од гревовите и господ повеќе ке ги сака и ке одат во рајот.
Манипулирањето со луѓето е најефикасен начин да ги добиеш на своја страна, дури и да е за добри цели.
Сега не ме сфаќај дека за отец Оливер зборувам, ова општо го кажувам.
Се согласувам дека ретки се вистинските свештени лица кои навистина со срце и душа му служат на Бога и на духовниот свет.
Повеќето се како што спомнавте да згарабат што повеќе,да возат скапи автомобили и да уживаат во материјалните добра,нив им е гајле дали ќе горат во пеколот или ќе одат во рајот.Тоа им е само чисто како професија и ништо повеќе.
Инаку што се однесува до крштевање на деца,пеење на погача,одржување молитва за покој на умрените тие си имаат тарифа која што страшно многу ме иритира.Тоа треба да биде бесплатно и секој да остави онолку колку може и му дозволува буџетот.Зарем според Библијата и верата во времето на Исус имало ценовник и сите молитви се наплаќале?!Јован Крстител му дал ценовник на Исус пред да го крштева?!
Мислам стварно ми делува антихристијански.
Од сите цркви само Св.Троица во Маџир Маало и во Бигорски е бесплатано крштевањето односно секој да даде онолку колку милува.
Што се однесува за отворени врати на бездомници се уште немам слушнатo никаква информација за тоа.
 
Последна промена:

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Црквата т.е. вработените таму се едни од најголемите криминалци во државава.
За прв пат после толку години, за Божиќ влегов во црква со мајка ми. Внатре вриеше пари по иконите. Буквално вриеше. Дури и 50ки и 100ки имаше, а јас не знам тие пари каде одат, освен во џипови и трпези на господа лопови. Кога ја погребавме баба ми, бидејќи го познаваме попот, моите го викнаа и на ручек, па после и на 40 дена ајде. Господинот без срам си побара флаша вино да му купиме за дома од ресторанот. И тоа не било кое, над 800 денари беше литар. Буквално ко крв Исусова да плаќаш. И не е толку до тоа, колку што беше у стил ај, да се видело пред неа. |-(
Очаен народ гледа на било каков начин да си ја олесни болката, а овие си користат.
Сега нели апелираа за студов народот да донирал дрва за сиромашните пошто тие кутрите немаат да помогнат, се истрошија на ВМРО да им ја потпомогнат кампањата со над 30.000 евра, па за сиромашните се нема. Нека се молат тие само.
Од греотка, ќе им спласнат мешињата. :(

Браво за овие поединци што го белат образот, ама за жал не се доволно да ги покријаат бљувотините на колегите.
 
Сиромаштијата т.е. гладот е оној момент кога треба да станеш Vegan или боље Breatharian :)
Инаку на задшница за попот да отпее на гробот зима по 300 денари, и сите фамилии го чекаат со нетрпение и не си одат се додека не им отпее .. па ако веќе сакаш песна симни си ја на телефон (сигурно има на ЈуТјуб) и пушти, за ич пара.
Ама тогаш сите ке ти се смеат и нема да бидеш од оние великаните и верниците што се расфрлаат на сите страни со пари кои едвај ги имаат ..
То е, енетелигенција :ninja
 
JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Морам да го го кажам примеров.
Се работи за поп пријател на пријатели на моите,
децата негови кога ќе слушнат од него дека умрел некој и дека треба да оди на погреб викале- ''јеее умрел некој тато ќе земе пари''!!!
Стварно дегутантно и језиво.(facepalm)(facepalm)(facepalm)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo and Prashina