Хроно исхрана | Црнобело Форум

Хроно исхрана

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
Видов дека нема ваква тема,па се мислев дали да ја ставам во диети или исхрана,но мислам дека во диети е посоодветна.Ако има тогаш слободно избришете ја.
Овој тип на исхрана, која никако не спаѓа во категорија диети, е oсмислена уште во 1986 година во Франција, но дури сега се актуализира на нашите простори.

Нејзината предност е што не ги броите калориите или количината на храна која ја внесувате, а истовремено можете и да ги комбинирате намирниците.

Основното правило што треба да го почитувате е времето кое треба да помине помеѓу два оброци. Појадокот, ручекот и вечерата мора да ви се на растојание од минимум 4 до максимум 6 часа, односно, идеално е да ги темпирате на 5 часа.

За појадок смеете да јадете сè што ќе посакате - масти, протеини, јаглехидрати, со тоа што ќе ги избегнувате пченицата и пченката. Од брашната дозволени се сите останати.

Можете и да јадете сувомеснати производи, само гледајте да бидат со минимална количина адитиви.
За ручек можете да консумирате посилни протеини, како што е јунешкото, свинското или телешкото месо, но без јаглехидрати. Ако јадете јахлехидрати, тогаш јадете ги со зеленчук. Исто така, комбинирајте што повеќе свежи плодови ви вид на салати.
За вечера, исто така се препорачува протеински оброк, но овој пат полесен. Идеален избор е рибата или белото месо. Понекогаш, можете да каснете и салата со младо сирење. И за вечера се комбинира исклучиво или бел или зелен зеленчук.
Слатко, па и овошје, се јаде исклучиво попладне помеѓу ручекот и вечерата. Најдобар избор е чоколадата со најмалку 70 проценти какао или сувото овошје како смокви и сливи.

Овие правила можете да ги следите до крајот на животот, не да ги практикувате како диета.

Ако сакате побрзо да симнете повеќе килограми, тогаш би требало да се придржувате кон рестриктивниот период.

Во него, потполно се исфрла ужината, вклучувајќи повеќе овошје. Исто така, привремено ќе треба да се откажете и од зеленчуците со скроб, како и јаглехидратите за ручек.
А инаку на друг сајт прочитав дека овој програм нема да успее доколку:
-Се јаде благо и овошје првите 28 дена
-Наутро на празен желудник се пие кафе,а воедно и се запали цигара
-Не се придржувате кон пропишаното
-Грицкате меѓу оброците
-Не избегнувате кравјо млеко и јогурт барем првите 28 дена
-Јадете по 20 часот
-Мешате скроб со протеини навечер
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
137
1,053
Денеска и јас ја почнав хроно исхраната.Ова ми е прв ден и да ти кажам од доручекот не ми е тешко да издржам до ручекот.Најадена сум од доручекот.Фактички се најадуваш на доручек,и после не внесуваш храна до ручекот 4/5 саати.За јадење има што да се јаде,има и книга со хроно јадења,а и на фејзбук групата рецепти и предлози за доручек,ручек и вечера.Има на фејзбук и листа со дозволени намирници за првите 28 денови.Не ми изгледа тешко.Резултати за тежината попонатамо че кажам.
 

ile.jovanovski19

Истакнат Член
26 јуни 2017
15
2
103
26
Денеска и јас ја почнав хроно исхраната.Ова ми е прв ден и да ти кажам од доручекот не ми е тешко да издржам до ручекот.Најадена сум од доручекот.Фактички се најадуваш на доручек,и после не внесуваш храна до ручекот 4/5 саати.За јадење има што да се јаде,има и книга со хроно јадења,а и на фејзбук групата рецепти и предлози за доручек,ручек и вечера.Има на фејзбук и листа со дозволени намирници за првите 28 денови.Не ми изгледа тешко.Резултати за тежината попонатамо че кажам.
Ej ostaj ja dietata najdi ja trevata troska sto se vika i pravi caj od korenot na sabajle pijaj po edna sola. Kje vidis rezultati za 2 nedeli. A vo vrska so dietava ja probav i jas i tesko e da se pridrzuvas do nea pozdrav :D

Sent from my 5010X using Tapatalk
 

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
137
1,053
А дали си уште на траен режим од хроно исхраната?И дали ги врати килограмите?
 

ile.jovanovski19

Истакнат Член
26 јуни 2017
15
2
103
26
А дали си уште на траен режим од хроно исхраната?И дали ги врати килограмите?
Не ги вратив ама најдов полесен начин за губење килограми.
Незнам дали ти напоменав претходно од 85 кг дојдов до 64кг и сеуште настојувам во тоа за 2 до 3 месеци максимум .

Sent from my 5010X using Tapatalk
 

marijana198989

Нов член
30 јануари 2018
1
0
1
32
Здраво на сите
Бев навистина заинтересиран за хроно исхрана, но јас се прашувам дали ви треба калориско броење и како работите. Дали користите My Fitness Pal или да работите рачно. Го пресметав базниот метаболизам користејќи го basal metabolic rate calculator и резултатот вели 1688 и мислам дека тоа е многу. Дали некој од вас поседува маса за пресметување на базалниот метаболизам?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,772
7,299
1,153
Big Sur
Стварно се двоумам да почнам хроно или кето, ама некако што знам...
Кај една другарка кето даде супер резултати, на други пак им ослабела и крв и што не.
Не ми треба диета за слабеење, туку колку за здравје и да проверам нетолерантност кон одредени состојки (а скапи се тестовите преку крв, мме), па може затоа ми излегуваат акни и/или ми влијае на анксиозноста.

Знам дека можам и сама состојка по состојка да исфрлам на одреден период, ама јас сум мрзливо ѓубре што ќе батали после една недела. Ми треба режим да ме буцка ко магаре.