Храната како природен лек

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Кога чувствувате некаква болка или имате некаков здравствен проблем, не треба веднаш да посегнувате по апчиња. Обидете се да ја ублажите или излекувате болката на природен начин, со помош на храна.
priroden-lek1.jpg


Болки во мускулите
Против болки во мускулите се препорачува една порција или пак две чаши сок од вишна, пред и по вежбање. Вишните ги содржат сите анти-воспалителни ензини, како што е бруфен, а притоа не постои опасност за бубрезите или стомакот.
Губење на меморијата
За овој проблем се препорачуваат семки од сончоглед, и тоа по околу 100g дневно. Семките од сончоглед се полни со витамин Е, кои ги заштитуваат невроните во мозокот од оксидативен стрес и ја чуваат меморијата.
Слаб вид
Една порција дневно кељ се препорачува при ослабен вид. Кељот го забавува слабеењето на очните мускули.
Еректилна дисфункција
Додадете две чешниња лук дневно во некој од оброците. Лукот содржи алицин, состојка која го намалува крвниот притисок и го подобрува протокот на крв, а тоа води до подобра ерекција.
Недостаток на концентрација
Состојката наречена холин, која се наоѓа во јајце, ја подобрува способноста на мозокот да ги следи командите на остатокот од телото. За подобрување на концентрацијата е доволно едно јајце на ден.
Стареење на кожата
Еден портокал или една чаша цеден портокал дневно се препорачува за поубава кожа. Витаминот Ц му помага на телото да произведува колаген, протеин кој ја одржува еластичноста на кожата.
Депресија
Една порција варен интегрален ориз на ден е одличен природен лек против депресија. Јаглехидратите помагаат во регулирање на серотонин, невротрансмитер кој го контролира расположението и ја потиснува анксиозноста.
Несоница
Триптофтанот често се поврзува со мисиркино месо, но пилешкото месо има повеќе од оваа амино киселина која му помага на телото да лачи мелатонин, хормон кој помага во заспивањето.
Оток околу очи
Отокот под очите најчесто се јавува како резултат на задршка на течности. Една шолја зелен чај, после оброк ја намалува подуеноста на целото тело.
Немирен стомак
Бидејќи ментата ја ублажува болката во гастроинтестиналниот тракт, се препорачува консумирање чај од нане до два пати дневно, после оброк.
Недостаток на енергија
Калиумот и магнезиумот кои ги има во банана, се главни елементи за создавање и складирање на енергија. Една банана дневно се препорачува против недостаток на енергија.
Анксиозност
Ако не произведувате доволно гама-аминобутерна киселина (ГАБА), вашиот мозок ќе биде склон на состојба на анксиозност. Кикириките се еден од најдобрите извори на глутамин, амино киселина која е потребна за производство на ГАБА.
priroden-lek.jpg


Извор:ILike.Mk
Наместо да се труете со таблети изберете ја искраханата како лек...
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
sladok_koren.jpg
kavakava.gif
temjan.jpg
kelin.jpg
shipinki.jpg
kantarion.jpg
ginema.jpg
palma.jpg
siberian_ginseng1.jpg
vidova_treva.jpg
matochina.jpg
gluvarce.jpg
guggul.jpg
Valeriana.jpg
Mint(1).jpg
bacopa.jpg
vrtic.JPG
borovinka.jpg
zolt_koren.jpg
kosten.jpg
Желудечна киселинаДоколку страдате од киселини, деглициринизираниот екстракт од сладок корен (лат. Glycyrrhiza glabra) може многу да ги олесни. Оваа билка го обложува хранопроводникот, го заштитува од иритација предизвикана од киселината и го намалува болното воспаление.
Претходно спроведените истражувања потврдуваат дека оваа билка олеснува воспаление, болка и други проблеми со гаститичниот систем.

Дозирање: Џвакајте две таблети по 250 мг 20 минути пред голем, зачинет или кисел оброк и земајте 6 таблети на ден. Оваа билка е во директен контакт со хранопроводникот, така што со џвакање на таблетите дава најдобри резултати.

Немојте да го замените со вообичаениот сладок корен бидејќи може да предизвика зголемување на притисокот. И секако не козумирајте за време на бременост или доење.
Анксиозност
Со козумирање на билката кава кава (лат. Piper methysticum) во текот на неколку часа може да ги олесните вашите проблеми, таа го смирува вашиот нервен систем со поврзување на мозочните рецептори при што се релаксирате.

Научниците правејќи истражувања заклучиле дека билката кава кава ефективно и безбедно ја потиснува анксиозноста.

Дозирање: има два начина на консумирање на билката кава кава. Земете капсули од 400-500 мг шест пати во текот на денот додека анксиозноста опаѓа. Или пак ставете 1 лажичка кава кава прав во 1 чаша топла вода. Оставете да одстои 5 минути, исцедете и пијте 6 чаши дневно.

Доколку не ви се допаѓа вкусот, ставете лажичка мед. Ќе почнете да забележувате подобрување по неколку часа од првата доза, но најдобри резултати се постигнуваат после месец или повеќе.

Не ја консумирајте оваа билка со алкохол или доколку имате проблем со црниот дроб како хепатитис. Не ја користете за време на бременост и доење.

Не предизвикува зависност доколку се користи во препорачани дози, нема споредни ефекти (поспаност, заборавеност), но доколку се користи подолго време и во поголеми дози може да се појави осипување на кожата.
Артритис
Темјанот ги олеснува симптомите на остеоартритис и ревматски артритис. Научниците сметаат дека лицата кои не реагираат добро на другите природни третмани често имаат подобрување со консумирање на темјан.

Двата типа на артритис вклучуваат воспалени, а темјанот ја инхибира хемикалијата која активира воспаление. (Активните состојки на оваа билка ја попречуваат работата на ензимите кои предизвикуваат отекување и воспаление на зглобовите).

Студиите покажуваат дека темјанот значително ја намалува болката, отокот и утринската вкочанетост. Истражувачите заклучуваат дека оваа билка делува исто како и конвенционалната терапија како аспиринот на пример, но има помалку нус појави.

Дозирање: Земајте 400 мг темјан три пати на ден. Потребно е секојдневно да го консумирате најмалку една недела за да почувствувате олеснување. Оваа билка е безбедна за користење, но кај некои луѓе може да предизвика благи стомачни тегоби. Не се правени тестирања кај бремени жени и доилки, затоа консултирајте се со вашиот лекар пред да го користите.
Астма
Келин (Ammi visnaga) помага во спречување на нападите на астма уште пред да започнат. Научниците не можат потполно да разберат како всушност делува оваа билка., но знаат дека ги шири бронхијалните канали, ги опушта мускулите кои се грчат во текот на астматичните напади, што овозможува полесно дишење.

Дозирање: поради сериозната природа на астмата, користете ја оваа билка под контрола на професионалци. Земете ¼ од лажичката течен екстракт од билката кела двапати дневно. Ќе забележите подобрување за два до три дена што постепено ќе се зголемува.

Доколку вашата астма е предизвикана од алергија, консумирајте ја билката во сезоната на алергии. Но доколку страдате од астма во текот на целата година потребно е константно да ја земате.
Не ја користете за да спречите астматичен напад кој веќе почнал, затоа користете ги конвенционалните лекови. Не ја користете за време на бременост и доење. Може да ве направи повеќе осетливи на сончева светлина, затоа носете заштита кога и да излегувате надвор повеќе од 15 минути.
Конгестивна срцева мана
Доколку страдате од конгестивна срцева мана и живеете во Германија докторот ќе ве третира сошипинки што е почитуван третман за срце во оваа земја. Оваа билка ја подобрува способноста на срцето да пумпа крв, го подобрува протокот на крв, ги тонира и опушта крвните садови и е сигурен.

Во едно истражување спроведено во Германија се открило дека лицата со срцева мана после три месечна употреба на оваа билка можеле да вежбаат подолго, чувствувале помалку замор и имале квалитетен живот.



Дозирање: поради сериозната природа на конгестивната срцева мана и поради тоа што шипинките може да ги зголемат ефектите на некои лекови за срце, консултирајте се со вашиот лекар доколку сакате да ја консумирате.

Може да ја користите на еден од следниве начини: обидете се со ½ лажичка екстракт од шипинки два или три пати дневно. Или пак обидете се со капсули од 120-240 мг три пати дневно. На оваа билка и се потребни 4 до 8 недели за да ги почувствувате ефектите.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Сите болести се предизвикинаи поради недостаток на витмаини и минерали кои ги има во храната. Јас 2 ипол години не сум ставил апче во устата(да не чуе ѓаволот) Моментално последниов месец јадам глуварче кое го има погоре на сликите, сега е неговата сезона го има во јужните делови, за подобра крв, го конзумирам најмалку еднаш неделно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and JaMi

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Се е здраво ако ги конзумираш во нормални количини, се што е над тоа дури и водата не е добро. Нашиот балкански менталитет поинаку сваќа кога ќе прочита за алкохолот, ако виде дека пивото, виното или ракијата биле здрави, по 1 литро секој викенд или најлошо секој ден конзумира и му станува навика.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,531
14,441
1,683
Таму каде што треба
Црешите ги спречуваат кардио-васуларните болести

Антикосидантите од црешите можат да помогнат во борбата против кардио-васкуларните болести, покажаа резултатите од истражувањето што го спроведоа група научници од Универзитетот во Мичиген, САД.
cresi1.jpg

По анализите направени врз две групи глувци било утврдено дека оние кои ги хранеле со цреши имаат понизок ниво на холестерол и помалку масни наслаги од другите кои јаделе различна храна.

Според научниците, тоа е резултат на антиоксидансите во црешите кои влијаат корисно на организмот.
извор-идивиди.ком.мк