Хороскоп и изневерувањето

ScoobyDoo

Староседелец
17 февруари 2012
388
679
1,103
Кои од хороскопските знаци се склони на неверство? Кој знак полесно се препушта на авантура од останатите? Дали ќе се препознаете себе си според...

...ова толкување за хороскопските знаци и неверството?

Овен: Се обидуваат да се воздржат од неверство, но колку и да се трудат, на крајот сепак попуштаат под притисок. Стануваат неверни во оној момент кога во врската ќе настане монотонијата, но брзо и лесно и ги откриваат. Овните се нескротливи, и како такви треба и да ги прифатите.

Бик: Биковите кои сакаат секс, стануваат зависни од него. Или се страсни или се целосно незаинтересирани. Поголемиот број од нив стануваат неверни кога целосно ќе созреат. Сепак, во споредба со другите хороскопски знаци, Биковите се најверни партнери и со нив сте најсигурни.
Близнаци: Речиси никој не е способен успешно да изврши неверство како што тоа го прават Близнаците. Тие внимаваат на секој детаљ, на секој момент, за да не ги откријат. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тоа ги вплеткуваат и своите пријатели кои им служат за да ги прикријат. Ретко кој успева да ги одвои емоциите и страста како Близнаците.
Рак: Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари и се родени материјалисти. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот/ката. Тие се грижат само за себе си, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.
Лав: Лавот поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да го смират, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно и се препуштаат на страста.
Девица: Верноста им е поважна од се, но доколку се незадоволни од врската, може да изневерат. Сепак, лесно ќе ги забележите, бидејќи ќе ве критикуваат постојано. Тие не се воздржуваат само на едно неверство и на еден партнер. Народски кажано – тешко вас ако им се уарни.
Вага: Вистински флерт мајстори. Ќе познаете дека ве изневерува кога драстично го менува мислењето и вниманието околу својот изглед. Неверството нема да го признаат туку ќе се правдаат на секој можен начин. Веднаш штом ќе здогледаат згодно момче/девојка, тие се впуштаат во флерт, а неретко и во неверство.
Скорпија: Пробува да се контролира, но кога на другата страна стои силна и убава личност, сета нивна сила паѓа во вода. Тие не го поднесуваат неверството, па поради тоа тешко се носат и со своето и имаат грижа на совест.
Стрелец: За нив сексуалноста е како рекреација. Во ништо не постојат ограничувања и граници, па ако некој им ги наметне, таа личност станува минато. Сакаат се што е забрането и затоа неверството доаѓа во предвид. Кога љубовта пробува да бледнее, не се обидуваат да ја вратат.
Јарец: Не се склони кон авантури и неверство, туку се најголеми пропагатори на верност. Сепак, во случај на поголемо количество испиен алкохол, може да дојде до изневерување на партнерот.
Водолија: Никако не смеете да дозволите во нивниот живот да влезе монотонија. Сакаат да се забавуваат, имаат слободен дух и секој околу себе го сметаат за пријател. Авантурата е составен дел од животот, а доколку Водолијата покрај вас е мирна и тивка, тоа значи дека повеќе не сте интересни и за брзо време ќе тргне во авантура.
Риби: Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат. Трај – прај.
извор: http://www.crnobelo.com/zabava/interesno/11579-horoskopot-i-neverstvoto-dali-i-kako-izneveruvate

ДАЛИ СЕ СЛОЖУВАТЕ СО ОВА?
СЕ ПРЕПОЗНАВАТЕ?
ПРЕПОЗАВАТЕ НЕКОЈ?​
 
  • Like
Реакции: UnFleur

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,231
17,758
1,673
На сигурно
Лав: Лавот поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да го смират, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно и се препуштаат на страста.
Ете зошто не верувам во хороскоп,јас сум лав па ова нема врска,10 години бев со еден човек и не го изневерив,во сите хороскопски знаци има различни типови на луге.Не зависи во кој знак си па дека тоа е пресудно за дали ке изневериш или не.Исто така не значи дека ако еднаш не си изневерил и дека никогаш нема.
 

Aristokrat

Староседелец
27 февруари 2012
2,655
3,335
1,153
Лав: Лавот поседува силна сексуалност. Врската или бракот нема да го смират, без разлика на партнерот или љубовта која владее. Нив едноставно ги привлекува помислата на опасноста од неверство. Тие не можат да го контролираат адреналинот, па едноставно и се препуштаат на страста.

Неверан сам па нека ми суде:D
 
  • Like
Реакции: Dee Dee

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Рак: Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари и се родени материјалисти. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот/ката. Тие се грижат само за себе си, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.

Парите не се мерило за верност. Не значи дека не би изневерила само зашто тој имал пари...
Без врска.
 

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
Риби: Тие сакаат да изневеруваат во тајност. Се претставуваат како невини и чисти, но длабоко во себе се неверни. Ни самите не знаат што им треба и што сакаат. Трај – прај. ТАКА Е ЌУТИ СИ ДУПИ СИ :rofl
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,391
9,099
1,683
Кушкундалево
Рак: Луѓето родени во овој знак, едноставно обожаваат пари и се родени материјалисти. Па така, се додека имате пари, можете да бидете сигурни во верноста на партнерот/ката. Тие се грижат само за себе си, а единствено што сакаат повеќе од себе се децата.


Зашо бе мене ниеден хорскоп не ме опишува? Ова е сосема различно од мене.
 

mAcIkA

Истакнат Член
14 февруари 2012
376
516
393
Ако биковите се најсигурни и најверни партнери тогаш јас имам некој проблем дефинитивно:biggrin И за девиците не е нешто нај точно ама ај ..