Лоши, љубоморни, дрски, арогантни..не знам какви се сите, зависи од подзнакот ама што имам еден другар е баш како што напишав на почетокот
За љубоморни секако дека не, а лоши, дрски и арогантни.. со тие штo заслужиле. Сигурно не си ја видела нашата позитивна страна
дрски, сакаат секогаш да бидат забележани и да бидат центар на внимание, полни со енергија, забавни, со добро чувство на хумор..
Лоши многу се, јас сум лав ( ако друго ми пише на профилов) љубоморни сме ама знаеме да се бориме и против неа, сакаме да сме во центарот на вниманието, најчесто и не сакам да сум поубаво ми е сама отколку да ме сликаат наоколу, арогантни не баш незнам за некои, ама за себе не би рекла, дрска сум да ама во одредени ситуации. Знаеме да бидеме многу добри ама и многу лоши, ако некој со нас е добар ние сме уште подобри со него. Не простуваме изнерверувања, а знаеме да изнервериме, кога сме во долги врски најчесто сме ние тие кои се борат највеќе за се. Дарежливи сме. Ако си во подзнак дупли лав тоа ти е жешка вода, со нас нема играње.
Ми се допаѓаат лавчињата, и покрај тоа што лавот е најспротивен од мојот знак. Горди се самите на себе. Секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието. Но, се отворени и искрени, секогаш го кажуваат тоа што го мислат.
Голема маана на лавовите е што некогаш знаат да бидат повелечи во “офф сајд“ а сакаат да се во центар на светот.Чисто од сомневање да не се избламираат пред друштво или ја немаат потребната поддршка од другите во стилот “Напред наши“. Е кога лав би го совладал ова “срамење“ да речам, или страв да не се избламира тогаш би бил баш оригинален лав...