Хороскопските знаци и патувањата

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Овен
Овните сакаат да патуваат. Уживаат во откривањето нови места - колку повеќе, толку подобро е мотото на лицата родени под овој знак. Затоа не е важно дали се на планинарење или на луксузен одмор на некоја позната туристичка дестинација. Тие ќе извлечат максимум од секое искуство.

Бик
Биковите уживаат во мир и тишина. За да си го осигураат таквото спокојство, тие добро ќе го испланираат секој аспект на патувањето. Ова се личности кои знаат да уживаат и на крајот од патувањето да се вратат со „наполнети батерии“.

Близнаци
Близнаците сакаат често да патуваат и на различни места. Разноликоста е она што нив ги привлекува. Градови како Лондон, Рим, Париз или Њујорк се одлични дестинации за оние родени под овој знак.

Рак
Раковите ја сакаат водата. Тие ќе бидат задоволни со секој одмор што вклучува спортови на вода како пливање или нуркање. Бидејќи ова се едни од најемотивните хороскопски знаци, тие ќе сакаат да патуваат со пријателите, семејството или со нивните партнери.

Лав
Лавовите патуваат со стил. Сакаат да патуваат сами на места каде можат да се релаксираат и да се вклопат во околината. Како и Биковите и тие ќе го испланираат секој детаљ од нивниот одмор.

Девица
Познати по своите организаторски вештини, одморите на Девиците ќе бидат организирани со големо внимание. Не очекувајте од нив да направат било што авантуристички или неконвенционално на нивните патувања. Многу поверојатно е дека ќе отидат на претходно закажана организирана прошетка со мапи во рацете.

Вага
Вагите најмногу сакаат да патуваат во голема група, да се дружат попатно и на крајот да склопат многу пријателства. Најрадо би избрале некоја романтична и егзотична дестинација како Венеција или Прага.

Скорпија
Како и со сè друго, Скорпиите сакаат нивното патување да биде уживање пред сè. Затоа очекувајте од нив да одлетаат со авион до места познати по луксузната облека, како Милано, или егзотини дестинации со спа центри како Керала или Тајланд, или пак места едноставно познати по вкусната храна (како Италија).

Стрелец
Стрелците ја сакаат акцијата. Тие сакаат различни искуства и затоа бидете сигурни дека нивниот одмор ќе им го пружи тоа. Најчесто избираат места со многу ноќни клубови и забавни активности, како Гоа, Лондон и Њујорк.

Јарец
Оние родени под овој знак повеќе патуваат заради бизнис, отколку за задоволство. Нив ги привлекуваат изолирани места кои не се првенствено туристички.

Водолија
Водолиите сакаат да се дружат и да патуваат во групи. Тие би отпатувале на места кои имаат нешто возбудливо да понудат.

Риби
Овие љубители на морето ќе уживаат во секој одмор кој вклучува плажи, пливање и слични активности. Дарежливи по природа, тие би го комбинирале патувањето со некоја добротворна цел.

Дали се пронаоѓате вие овде и дали е ова вистинито за вас?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
Скорпија
Како и со сè друго, Скорпиите сакаат нивното патување да биде уживање пред сè. Затоа очекувајте од нив да одлетаат со авион до места познати по луксузната облека, како Милано, или егзотини дестинации со спа центри како Керала или Тајланд, или пак места едноставно познати по вкусната храна (како Италија). that's right :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks and Marick14

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Близнаци
Близнаците сакаат често да патуваат и на различни места. Разноликоста е она што нив ги привлекува. Градови како Лондон, Рим, Париз или Њујорк се одлични дестинации за оние родени под овој знак. - LIKE :rolleyes:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp and 4FUN

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
Водолија
Водолиите сакаат да се дружат и да патуваат во групи. Тие би отпатувале на места кои имаат нешто возбудливо да понудат.
Баш така :smug
 

WomanInRed

Староседелец
15 февруари 2012
1,324
3,218
1,123
Риби
Овие љубители на морето ќе уживаат во секој одмор кој вклучува плажи, пливање и слични активности. Дарежливи по природа, тие би го комбинирале патувањето со некоја добротворна цел.
Точно :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Рак
Раковите ја сакаат водата. Тие ќе бидат задоволни со секој одмор што вклучува спортови на вода како пливање или нуркање. Бидејќи ова се едни од најемотивните хороскопски знаци, тие ќе сакаат да патуваат со пријателите, семејството или со нивните партнери.
:nah повеќе ми одговара тоа за скорпија, отколку моево...
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Близнаци
Близнаците сакаат често да патуваат и на различни места. Разноликоста е она што нив ги привлекува. Градови како Лондон, Рим, Париз или Њујорк се одлични дестинации за оние родени под овој знак. - LIKE :rolleyes:
Погодено од збор до збор. Посебно за Лондон и Њујорк (happy)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Maks and Mila Kunis

Andrea Bloodbucket

Истакнат Член
18 февруари 2012
285
328
63
Скорпија
Како и со сè друго, Скорпиите сакаат нивното патување да биде уживање пред сè. Затоа очекувајте од нив да одлетаат со авион до места познати по луксузната облека, како Милано, или егзотини дестинации со спа центри како Керала или Тајланд, или пак места едноставно познати по вкусната храна (како Италија) (inlove) .
 

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Лав
Лавовите патуваат со стил. Сакаат да патуваат сами на места каде можат да се релаксираат и да се вклопат во околината. Како и Биковите и тие ќе го испланираат секој детаљ од нивниот одмор.
 

InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
Бик
Биковите уживаат во мир и тишина. За да си го осигураат таквото спокојство, тие добро ќе го испланираат секој аспект на патувањето. Ова се личности кои знаат да уживаат и на крајот од патувањето да се вратат со „наполнети батерии“.

Па може да се каже.