Хороскопските знаци во кафеана

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
v240624p0.jpg


Овен
Иако е Овен, во кафеана се снаоѓа како риба во вода, без оглед на поводот. Кога ќе се напие малку повеќе, а тоа често се случува, почнува многу директно да се однесува кон преставничките на поубавиот пол. Иако е фокусиран на својот “плен” од женски род и понатаму го забавува целото друштво раскажувајќи шеги.
Жената Овен е главна во кафеана, нарачува пијачки за целото друштво, игра и си ги порачува омилените песни.

Бик
Сонува да има своја кафеана, што и не е реткост, но ако нема тогаш има омилено место каде што сите го знаат, од келнери до готвачи. Ги собира музичарите околу својата маса и не ги пушта да си одат, но им дава голем бакшиш, нарачува песни и ѝ угодува на својата поубава половина или на жената која му се допаѓа.
Жената Бик исто така ужива во кафеански амбиент, сака да запее, па караоке во некој ресторан е совршено за неа.

Близнаци
Со Близнаците можете да си поминете најубаво во кафеана без оглед дали таму одите како заљубена двојка или како пријатели. Мажот роден во овој знак знае да биде неодолив, бидејќи тој го знае она што другите не го знаат, имитира, пее, танцува и го забавува друштвото.
Жената Близнак секогаш е во друштво на помлади од неа, не го држи партнерот на око, затоа што обично не е љубоморна и се забавува како дете, или подобро кажано како големо дете.

Рак
Иако тој ги сака домот и семејството, обично за Ракот втор дом е неговата омилена кафеана. Никаде не може така да се опушти како со чашка добар пијалак и разговор со пријателите, тој ќе запее, ќе заигра и така до доцните вечерни или раните утрински часови.
Жената Рак знае да се фати на оро, но и да заигра танго. Таа сака да се опушти кога е со пријателите, но кога е со партнерот гледа само во него како да не постои никој друг околу нив.

Лав
Кралот на забавата, игрите и сите видови на прослави, Лавот умее сѐ да организира во својата омилена кафеана, каде музиката го поздравува со почит, а келнерите трчаат да му ја отворат вратата веднаш штом ќе го видат.
Лавицата, атрактивна и провокативна, прво “ја снима” ситуацијата и го набљудува друштвото во кое се наоѓа, а потоа стапува на сцена. Тогаш сите очи се вперени во неа, кога таа е на нејзиниот “трон” – подиумот за танцување, знае дека е неодолива.

Девица
Знак роден за мерак и релаксација, а кој би рекол, кога мажот Девица секогаш е дотеран, пристоен и воздржан? Штом малку ќе се напие и атмосферата почнува да се загрева, тој е оној кој во кафеаната нарачува тури, им сипа пијачки на сите и го подигнува расположението до точка на вриење.
Женската Девица ќе се преправа дека нејзината сестра-близначка лудувала минатата ноќ, а не таа.

Вага
Боем, џентлмен, хедонист – мажот Вага не може без да ужива со друштвото во кафеана, без разлика дали станува збор за најотмен ресторан или “биртија”. Тој инсистира да ја плати сметката, се грижи за тоа дали чашите се полни, не дозволува музичарите да се оддалечуваат од неговата маса, но им даваа и богат бaкшиш.
Жената Вага избира отмени ресторани за трач партија со пријателките, но кога ќе се одлучи да оди во “биртија” – таму останува до зори. Зад нејзината воздржана појава се крие желбата за забава, па таа никогаш не гледа на часовникот.


Скорпија
Елегантна и бучна, магнетно привлечна за спротивниот пол, Скорпијата ужива во кафеанската атмосфера, правејќи се дека не ja забележaла личноста која ја “голта” со очите. Не дозволува да ја напуштите забавата кога вие сакате, туку кога таа ќе ви дозволи.
Жената Скорпија секогаш го бира ресторанот, или знае “машки” да се напие или е тотален антиалкохоличар. Сепак, тоа не ја спречува да ужива во флертувањето со мажите со “подлабок џеб”, затоа што нејзин додворувач не може да биде било кој.

Стрелец
Ги обожава кафеаните, но само оние кои се на “добар глас” и каде што доаѓаат познати личности, вклучувајќи го и него затоа што мажот Стрелец секаде е омилен гостин. Знае да започне разговор на некоја “жешка” тема, но умее и да се контролира. Кога ќе се напие повеќе, не прави скандали.
Жената Стрелец наизглед успешно се вклопува во било кое друштво и во било која кафеана, но сепак сака да ги менува рестораните и да испробува нови, бидејќи има авантуристички дух.

Јарец
Жената Јарец, за разлика од вообичаеното мислење дека само работи, работи и работи, дека е стегната и воздржана, знае многу добро да се опушти во вистински кафеански амбиент, со црвено вино и добра музика, тогаш може дури и да заигра.
Мажот Јарец, наизглед срамежлив и расеан, во кафеана останува да лудува до раните утрински часови и не им дозволува на другите да си одат порано. Некои од неговите пријатели едноставно не можат да го препознаат, особено колегите од работа.

Водолија
Водолијата ги обожава кафеаните бидејќи таму го има она што најмногу го сака – пијалак, пријатели и флерт. Мажот Водолија е голем боем, ужива во добрата чашка додека музичарите му свират на увце.
Жената Водолија знае да ја дочека зората во омилената кафеана во друштво на пријателките, додека нејзиниот партнер дома си игра на компјутер.

Риби
Мажот Риби се чувствува одлично кога е во кафеана, особено кога е во машко друштво бидејќи веќе се знае кој што сака да пие и колку може да испие, а и каква музика слуша. На кого му е грижа колку е часот, кога него му е толку убаво, како во некој свет од неговата фантазија.
Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.
 

The_countess

Истакнат Член
10 јуни 2012
441
545
193
29
Жената Риби сака дискретни места, по можност во близина на река или езеро, со врвно послужување и џентлмени кои скокнуваат да ја услужат на секое нејзино движење. Од неа треба да се учи уметноста на боемските манири.

True story (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Нејќу да ми сфириф на уфце, али сакам флерт ракиичку салатичку и пријатељстфо да рока на астал
сакам тихо да си иде музиче за да си праимо муабет како људи, лајт кафанче е закон, биртие су за шабанарџие
има има нешто у хороскоп, погаѓа малце