Хороскопскиот знак и харизмата

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
Овенот привлекува нагло, брзо и по малку сурово, но неговата харизма е едноставна, скоро наивна. Тие можат да ве влечат кон една цел и без таинственост да се стремат кон истата.
Биковите им се харизматични на другите, пред сè бидејќи нудат чувство на сигурност, а тоа ги врзува луѓето.
Харизматичните близнаци се фантастични говорници кои потполно ќе ве окупираат со своите говорнички способности, така што ќе се претворите во покорен слушател, а потоа и во обожавател.
Раковите се секогаш омилени во друштво, бидејќи Месечината е нивни владар. Таа популарност не мора нужно да биде поврзана со харизма. Личностите родени во овој знак се полни со разбирање за другите луѓе.
Лавовите обожуваат луѓето да им се восхитуваат, па својата харизма најчесто ја користат за да го добијат нивното внимание и одобрување. Умеат да бидат напорни личности кои внимателно го одмеруваат секој свој потег, па потоа согледуваат каков ефект предизвикале кај другите.
Девиците кои имаат харизматичен аспект добро ги подготвуваат своите настапи, проучувајќи го секој детаљ и пазејќи на секоја ситница. Тие се добро организирани, а привлекуваат со шарм.
Вагите се толку фини, што нивната харизма секогаш е поврзана со убавината или дипломатијата. Доколку станат свесни за својата привлечност, тие ќе ја користат на многу мудар начин, а за да привлечат внимание најчесто е доволно само да се насмевнат.
Скорпиите се класичен пример на харизматична личност која привлекува на таинствен начин. Нив не им паѓа на памет да откријат што имаат на ум. За нивната околина не е добро ако се деструктивни личности, бидејќи тешко ќе можат да се справат со таа разорна природа.
Харизматичниот стрелец е спонтана душа која со својот спонтан настап го привлекува вниманието на другите. Во негово присуство не чувствувате никаква тензија бидејќи е пријатен и пријателски настроен соговорник.
Јарецот е исто така помеѓу знаците кои имаат силна харизма, пред која останувате без здив и покорно ја следите. Во овој случај Сатурн не остава друга можност.
Водолиите поседуваат харизма која делува по принципот на магнет. Во односите со луѓето се топло-студени, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги сфатите, па уште повеќе ве привлекуваат за да разберете за што всушност станува збор. Тоа е космичка харизма која е навистина тешко да се објасни.
Рибите кои се харизматични вообичаено делуваат по принципот на заведување, убавина, заслепеност со некоја таинствен, но неодоливо привлечен внатрешен свет со кој зрачат. Ова е харизма на опиеност и измама со која владее Нептун.


Девиците кои имаат харизматичен аспект добро ги подготвуваат своите настапи, проучувајќи го секој детаљ и пазејќи на секоја ситница. Тие се добро организирани, а привлекуваат со шарм.

За мене целото е точно, а подзнакот водолија и не баш.

извор: kafepauza.mk
 

marjan

Истакнат Член
13 февруари 2012
489
657
93
Bitol, Bitola, Macedonia
Рибите кои се харизматични вообичаено делуваат по принципот на заведување, убавина, заслепеност со некоја таинствен, но неодоливо привлечен внатрешен свет со кој зрачат. Ова е харизма на опиеност и измама со која владее Нептун.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca and Blondie

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Раковите се секогаш омилени во друштво, бидејќи Месечината е нивни владар. Таа популарност не мора нужно да биде поврзана со харизма. Личностите родени во овој знак се полни со разбирање за другите луѓе.

Ептен популарна сум, чак и автограм ми бараат оние кои не се во мое друштво!(happy)
 

КрисТина К.

Истакнат Член
2 март 2012
527
1,654
393
Скопје
Водолиите поседуваат харизма која делува по принципот на магнет. Во односите со луѓето се топло-студени, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги сфатите, па уште повеќе ве привлекуваат за да разберете за што всушност станува збор. Тоа е космичка харизма која е навистина тешко да се објасни. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati and 048

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
Водолиите поседуваат харизма која делува по принципот на магнет. Во односите со луѓето се топло-студени, збунуваат, но и привлекуваат, не можете да ги сфатите, па уште повеќе ве привлекуваат за да разберете за што всушност станува збор. Тоа е космичка харизма која е навистина тешко да се објасни.
 

Blondie

Староседелец
19 февруари 2012
612
1,085
1,093
Харизматичниот стрелец е спонтана душа која со својот спонтан настап го привлекува вниманието на другите. Во негово присуство не чувствувате никаква тензија бидејќи е пријатен и пријателски настроен соговорник.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Aaliyah

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Близнаци се фантастични говорници кои потполно ќе ве окупираат со своите говорнички способности, така што ќе се претворите во покорен слушател, а потоа и во обожавател. :D Ќе имам двојни обожаватели. :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: N|ghtmare_f