Хорооскоп – кому кое домашно милениче му одговара?

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
29
Битола
Овен

Сакате да вежбате, па кучето е секогаш добар избор. Но, подобро е да биде тоа мала сорта бидејќи речиси никогаш не сте дома. Би ви одговарала и птица.
Бик
Сите раси на кучиња се соодветни за вас, но најмногу ви одговараат мирните кученца кои сакаат само да лежат и да гледаат телевизија. Исто така добро би се согласувале и со мачка бидејќи е многу нежна. Претпочитате чисти животни.
Близнаци
Сакате да имате постојан придружник, па мало кученце е најдобриот избор за вас бидејќи ќе сакате да го земете секаде со себе. Многу близнаци имаат миленичиња во пар – често имаат по две кучиња или две мачки за да можат да се дружат заедно.
Рак
Ви одговараат мали крзнени суштества како хрчаци, мачиња, морски прасиња. Исто така сакате и риби бидејќи сте воден знак. Подобро е да изберете женско животинче кое има пород и ќе го прошири семејството, бидејќи токму домот и семејството се ваш врвен приоритет.
Лав
Вие сте знакот кој е олицетворение на мачка, па уживате во независноста и шармот што го има таа, во чувството што го предизвикува кога е во домот.
Девица
Не сте голем обожавател на миленичиња бидејќи создаваат хаос во домот, но би можеле добро да се снајдете со мало маче кое ќе се грижи самото за себе Егзотичните животни не се за вас!
Вага
Вие сте пријателски настроена и нежна личност, па секогаш би одбрале куче пред маче. Шетањето на кучето во паркот е одличен начин за запознавање на луѓе!
Скорпија
Вие сте еден од ретките зодијачки знаци што би сакал да има змија, пајак или рептил како домашен миленик. Исто така добро се снаоѓате и со мачките бидејќи тие ја симболизираат сензуалноста и окултизмот.
Стрелец
Не сакате миленичиња бидејќи патувањата се ваш приоритет, па избегнувате обврски и одговорност. Би ви одговарале миленичиња кои не бараат премногу грижа како риба или водна желка. Сепак, повеќето стрелци обожуваат коњи, дел од нив токму нив ги избираат за миленик.
Јарец
Милениците не ви се приоритет бидејќи создаваат дополнителни обврски, но би уживале со големо куче кое ќе живее во дворот. Сепак, би биле одлични фармери ако живеете во такви околности.
Водолија
Генерално, не сакате да чувате животни, но ве фасцинираат оние кои летаат. Птиците и инсектите се најдобар избор за вас.
Риби
Сакате мирни животни, па би избрале мачка пред куче. Бидејќи сте воден знак би ви одговарале и риби во голем аквариум.
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Рак
Ви одговараат мали крзнени суштества како хрчаци, мачиња, морски прасиња. Исто така сакате и риби бидејќи сте воден знак. Подобро е да изберете женско животинче кое има пород и ќе го прошири семејството, бидејќи токму домот и семејството се ваш врвен приоритет.
Со болдираново не се сложувам..
Барем мене не ми е точно, најмногу мразам мачиња, хрчаци тие глувците..аууу -.-
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Martin_MKD

Gemini

Староседелец
24 мај 2012
2,478
5,077
1,153
Wind Of Change
Точно е се што пишува за Близнаци .. Би сакала да чувам маче или куче ама не ме оставаат од дома:D
 

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093

Близнаци
Сакате да имате постојан придружник, па мало кученце е најдобриот избор за вас бидејќи ќе сакате да го земете секаде со себе. Многу близнаци имаат миленичиња во пар – често имаат по две кучиња или две мачки за да можат да се дружат заедно.

Имам мало куче - пинч ... ама веке нигде не го носам ... не е добар со главата тој бе - на се живо се пушта , или да ги јаде или да ги клеца ! (shake)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum and Марија

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Имам мало куче - пинч ... ама веке нигде не го носам ... не е добар со главата тој бе - на се живо се пушта , или да ги јаде или да ги клеца ! (shake)
(wasntme) тапанар невиден е Роки :ladno
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

Aaliyah

Староседелец
13 февруари 2012
888
1,090
1,093
Скопје
Стрелец
Не сакате миленичиња бидејќи патувањата се ваш приоритет, па избегнувате обврски и одговорност. Би ви одговарале миленичиња кои не бараат премногу грижа како риба или водна желка. Сепак, повеќето стрелци обожуваат коњи, дел од нив токму нив ги избираат за миленик.
Ова болдираново нема врска!
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
Рак
Ви одговараат мали крзнени суштества како хрчаци, мачиња, морски прасиња. Исто така сакате и риби бидејќи сте воден знак. Подобро е да изберете женско животинче кое има пород и ќе го прошири семејството, бидејќи токму домот и семејството се ваш врвен приоритет.
1. Сум ги чувала горенаведените мали крзнени суштества и не ми причинуваат задоволство.
2. Рибите воопшто не ги сакам. Која е ползата само да ја гледаш како плива во аквариумот?!
3. И не е подобро да имам женско милениче зашто не можам да се грижам за нејзиниот пород додека се бебиња.
Но, имам две машки и едно женско куче кои ги обожавам иако женското немало пород досега и нема ни да има со оглед на годините. А момците ми се прави домаќини, чувари на семејството уште од малечки.:)
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
29
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Вага
Вие сте пријателски настроена и нежна личност, па секогаш би одбрале куче пред маче. Шетањето на кучето во паркот е одличен начин за запознавање на луѓе!

Утка.вооптшто не е точно,повеќе сакам мачиња одколку кучиња