Хипноза (Предизвикување на умот)

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Е сега откако ви го собрав вниманието, ќе ви кажам дека не се работи за хипноза како што ја замислувате од цртаните филмови
И тука се работи за НЛП, исто како во претходната тема Човечки детектор за лаги
НЛП е чудесна алатка и ни овозможува со помош на зборовите да поставиме тригер на рандом емоција која мораме да ја изнудиме. Потоа со тој истиот тригер ги враќаме тие чувства што сме ги поставиле.

Чекор по чекор би било вака:
1. На соговорникот му поставуваме прашање од типот на: „Марина, можеш да се сетиш кога бевме заедно на Алпите?“
2. Откако Марина ќе се присети на чувството како се чувствувала на Алпите, време е да се постави тригерот
3. Тригерот може да биде било какво движење со рацете, некоја мимика, звук или наједноставно на некој збор. Во примеров со Марина ќе одберам ѕвонење со клучевите.
4. Откако тригерот е поставен, можеме кога сакаме да и го вратиме чувството на Марина како е на Алпите, со едно ѕвонење на клучевите.

Можеби тригерите ќе мора да ги поставите по 2-3 пати и внимавајте соговорникот да ги примети.

Многу внимавајте на она што ќе го поставите како прашање, секако не сакате да изгледате како фрик.

Интересен пример:
Ако сакаш да одиш на кафе со Симона, а ти треба брзо убедување, можеш да ги искористиш тригерите.
Прашај ја Симона неколку прашања на кој одговорот сигурно ќе биде да.Дали Симона има 24 години, дали Симона е од Скопје и сл. и на истите постави тригер. Подоцна кога ќе ја прашаш дали сака да пиете кафе утре во 8, употреби го тригерот и плати и го кафето :D

За оние кои сакаат повеќе да знаат, ова не е хипноза, хипноза е сосема друго. Ова се вика Anchoring и го имате гугл за повеќе инфо. Good luck и бидете претпазливи

P.S. за скептиците
пуштете си ја песната што ја имавте на првиот секс или песната што ја слушавте лани со девојката на романтичното заоѓање на сонцето, за да разберете што конкретно зборувам
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
215
643
Тетово
За примеров ти ако веќе ја знаеш Симона, зошто пак би ја прашувал?
Доколку ја знаеш Симона, повторно би ја прашал колку години има (иако женско не се прашува за годините) и дали е од Скопје?
И еве да речеме ја прашуваш ова, тогаш откако ќе ја прашаш дали сака да одите на кафе, не би изгледал чудно да тропаш со клучеви или да користиш друг тригер (испуштање звуци, мимики и гестови)?
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
За примеров ти ако веќе ја знаеш Симона, зошто пак би ја прашувал?
Доколку ја знаеш Симона, повторно би ја прашал колку години има (иако женско не се прашува за годините) и дали е од Скопје?
Оди и прочитај дека тоа беше ПРИМЕР. Use your mind и смисли конкретни прашања за конкретната личност.

И еве да речеме ја прашуваш ова, тогаш откако ќе ја прашаш дали сака да одите на кафе, не би изгледал чудно да тропаш со клучеви или да користиш друг тригер (испуштање звуци, мимики и гестови)?
Уште еднаш, USE YOUR MIND!
Дали воопшто да ти пишам дека треба да бидеш што може понезабележлив тригерот за да не те забележат?

А ако не ти се допаѓаат темите, имам и алтернатива: Земи пиво, салама и трк пред најблиската продавница
 

warr

Староседелец
17 февруари 2012
187
215
643
Тетово
Оди и прочитај дека тоа беше ПРИМЕР. Use your mind и смисли конкретни прашања за конкретната личност.
Уште еднаш, USE YOUR MIND!
Дали воопшто да ти пишам дека треба да бидеш што може понезабележлив тригерот за да не те забележат?
А ако не ти се допаѓаат темите, имам и алтернатива: Земи пиво, салама и трк пред најблиската продавница
Ова е форум, а на форумов се дискутира за одредена тема.
Не смеем да дискутирам за примерот (за кој си пишал дека е „интересен“...)?
Можеби тригерите ќе мора да ги поставите по 2-3 пати и внимавајте соговорникот да ги примети.
Ти си пишал дека тригерите соговорникот треба да ги примети, а сега да не те забележат... о.О
 

онјаЛ

Полноправен Член
22 ноември 2012
69
85
18
Соговорникот треба да ги примети, а да не се многу забележливи. Освен ако не сакаш да испаднеш фрик. Изгледај некоја епизода од The Mentalist и ќе ти биде јасно за што зборам.