Хипермаркет Mr.Bricolage

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Хипермаркетот „Mr.Bricolage" во среда попладне свечено беше пуштен во употреба, во присуство на претседателот Ѓорге Иванов, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, менаџментот на компанијата и бројни гости.
Во изградбата на овој хипермаркет се инвестирани 1,5 милиони евра, а тој е 80-ти што се гради надвор од земјата од која потекнува - Франција.
„Со изградбата на овој хипермаркет, се обидовме да ја донесеме Европа во Македонија", изјави на свеченоста пред отворањето Благој Пискачев, генерален менаџер на компанијата во Македонија.
Скопскиот градоначалник Коце Трајановски рече дека и во новиот ГУП се предвидени многу локации за изградба на трговски центри, кои ќе овозможат влез на странски инвеститори.
Ланецот „Mr.Bricolage" во европски рамки брои 900 маркети, со 650 продажни точки.
Во „Mr.Bricolage" во Скопје, купувачите ќе имаат широк избор од дури 30 илјади артикли распоредени на површина од 3.000 квадратни мерки во категории како електрика и расвета, aлати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, сè за бањата, керамички плочки, дрво , подови и подни облоги, сè за уредување на градината и др. Сите производи се внимателно одбрани така, да со своите карактеристики ги задоволуваат стандардите за квалитет по добри цени.

Mr._Bricolage,_Novi_Sad.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski and JaMi

Jericho

Староседелец
19 февруари 2012
355
465
1,063
Ова му доаѓа нешто ко француска верзија на ИКЕА. Малце подоле од ФОН карши Годел и супертинекс, мислам дека таму е.
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Па добро, едно не ми е јасно. На билбордите стои дека отварањето ќе биде на 29 (што е утре) во 08.30!
 

Mila Kunis

Истакнат Член
15 февруари 2012
2,290
3,528
443
Скопје
Ејјј па супер ако е како ИКЕА :) и убаво е што има скоро се на едно место...само ќе видиме цените какви ќе бидат :rolleyes:
 

Blueberry

Староседелец
12 февруари 2012
210
158
1,043
Скопје
Па не е е баш како ИКЕА. Повеќе е мини Хубо Маркет. Има цвеќиња, има за во градина ствари, има градежни материјали, ламинат, осветлување...ништо посебно. Ама ај дека е ново па се радуваме
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ipopovski