Хералдика

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Хералдиката е наука за грбовите која се занимава со правилата кои владеат при нивното дизајнирање, спојување, наследување, како и блазонирање (опишување, читање) на грбовите. Хералдика како наука се јавува во средновековна Европа. На самиот почеток носењето на симболи се јавува како потреба за идентификација на своите и војниците од спротивниот табор, за времето на битката. Значи имала типично практичен карактер, но носењето на симболи имало уште една димензија која пред се е поврзана со психата на човекот, а тоа е идентификација на насликаниот симбол со индивидуата која го носи.
Оваа појава може да се забележи кај сите народи, како на пример кај индијанците, кои што имале обичај воините пред да тргнат во битка да ги фарбаат во ратнички бои, а често знаеле и да насликаат некој симбол кој би ја представувал поголемата сила која го штитела воинот, или со која тој би се идентифицирал за време на битка.
Симболите во средновековна Европа се јавуваат пред се како право на благородници и буржоазија, но подоцна се поголем број на луѓе од пониските класи почнале да ги употребуваат.
Првата повелба од среден век во која се спомнува употребата на симболи е повелбата од Гисор, која е потпишана на 13.01.1188, а ја потпишале кралевите на Англија и Франција, Филип Втори и Хенри Втори. Повелбата се однесувала на употребата на крст како симбол на крстоносните војни.


crusades-symbol-2.jpg
rel-ofmc.gif

Повелбата се однесувала на тоа, различните нации да употребуваат крстови поставени на позадина со различни бои, а се со цел да се разликуваат нациите кои учествувале во крстоносните војни.
Уште еден важен момент влијаел на појавата на средновековна хералдика онаква каква ја знаеме денес, а тоа се витешките турнири. Во единаесети век Годфирд де Преули ги составува правилата на турнирите.
Витешките турнири претставувале реконструкција на војна, каде што витези се огледувале меѓусебно во повеќе воени дисциплини. Овие турнири претставувале и панаѓури затоа што голем број на локалните луѓе доаѓале да ги следат.


Untitled.png

Елементи на грбот

Штит
Штитот е основниот дел на грбот. Тој е задолжителен дел и може да стои и сам, што преставува Мал Грб, и затоа понекогаш поимот грб се поистоветува со штитот.
Челенка
Челенката е вториот важен дел на грбот, кој се наоѓа над штитот, најчесто над шлем, но може да стои и дирекно над штитот. Челенката може да стои над точеницата, која преставува дел од свиткано платно. Челенката може да стои и како самостоен елемент.

Шлем
Шлемот е дел којшто иако не е задолжителен станува најчест дел. Видот на шлемот во многу национални хералдики го преставува статусот на армигерот.
Мантија
Мантијата е платно со кое се покривал оклопот да се заштити од сонцето. Станува дел од грбот и е задолжителен елемент доколку над штитот има шлем. Традиционално, горната страна на мантијата е со доминантната боја на штитот, додека долната страна е со доминантниот метал од штитот.
Штитодржачи
Штитодржачите не се задолжителни. Во некои национални хералдики потребно е посебно право за поседување на штитодржачи во приватните грбови. Штитодржачите можат да бидат истоветни, но и различни. Најчесто тие се животни или луѓе и нивни нереални презентации.
Подножје
Понекогаш грбот заедно со штитодржачите е потпрен на ритче кое се нарекува подножје.
Девиза
Девизата е незадолжителен дел на грбот и претставува натпис од различен вид. Традиционално, бојата на лентата е од доминантниот метал, додека буквите се во доминантната боја. Под или над грбот, никогаш не се јавува свиток со името на носителот на грбот. Тоа е случај само во некои грбовници и служи за идентификација.
Други делови
Кога носителот на грбот е од некој витешки ред тогаш околу штитот се страва и гердан со орденот на редот.
Витезите пак од Суверениот воен ред на Малта имат право на своите грбови, зад штитот да стават малтешки крст.
Други хералдички елементи
Во хералдиката, беџот преставува значка која истотака го преставува грбоносецот (имателот на грбот). Тој може да содржи елементи од грбот но и не мора.
Кога грбот станува традиционален симбол, кој најверојатно имал значење за оригиналниот носител, но наследникот сака да има нешто што би го означувал него, често беџот преставува решение.
И кога грбот станува прекомплексен, често беџот ја презема улогата за полесна идентификација.
Често и челенката се јавува во улогата на беџ.


Грб на Македонија од 1340 година:

Coat_of_arms_of_Macedonia_1340.jpg


Грб на Македонија од 1620 година:

Coat_of_arms_of_Macedonia_1620.jpg


Грб на Македонија од 1741:

Coat_of_Arms_of_Macedonia_from_Stemmatographia_by_Hristofor_Zhefarovich_%281741%29.jpg


Грб на Македонија денес:

Coat_of_arms_of_the_Republic_of_Macedonia.svg



Што знаете за хералдиката? Кој грб ви се допаѓа? Дали би создале сопствен грб и како би изгледал?
 
Последна промена: