Фрустрации

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
528
614
93
Нема човечко суштество без фрустрации.
Фрустрацијата се појавува како резултат на стрес, односно како резултат на нарушена хомеостаза. Не можеме да задоволиме некоја потреба (пример, да отклониме болка) и се фрустрираме.
Првата фрустрација се јавува со првото запче (3-5 месец).
Од овој момент, па до крајот на животот, човекот - го боли.
Физички или емотивно, постојано го демнат фрустрации.

Јас моментално, сум ептен психофизички исфрустрирана.
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Јас моментално, сум ептен психофизички исфрустрирана.
Оти ма? :)

Не постои човек кој е рамнодушен на се’ и кој го боли цев за се што се случува нему и наоколу. Секој се фрустрира и кога е во блага форма и не честа, фрустрацијата може да е и корисна. Имено, препреките во остварувањето на мотивите се корисни за развојот на самата личност оти бараат од човекот повнимателно да ја оцени задачата и можноста за нејзино извршување, да вложи рецимо поголем напор, да користи поише способности и сл, а све тоа е услов за развивање на различни особини како и за развивање на самата личност. Но има ликови народски кажано ’’живчани оболени’’ кои за безвеза си го отежнуваат животот и бегаат кон анксиозност и агресија. И претежно се нервираат за нешта кои не постојат, односно постојат само во нивната глава.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TheKitten

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Со секојдневниот живот бли да е на училиште,факултет(од страна на професорите) или на работно место( колеги,шеф и слично) можеме да забележиме дека одредени личности со совоите неуспеси се справуваат на многу "незгоден" начин така што фрустраците сопствени ќе си ги излечат на некој кој апсолутно нема никаква заедничка точка со нивниот неуспех.Што мислите вие? Сте биле некогаш во ситуација некој да лечи фрустрации ан вас и како се справувате со тоа?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што знам, мене ми треба време некој да ме исфрустрира, па да ја опалам на големо.
Воглавно, кога во секојдневна ситуација се соочувам со нешто што моментално ме напиздува, се користам со сарказам.
Лошо, не лошо, сами ми излегуваат зборовите.
Ме фрустрира кога упорно ме лажат. Посебно за ситници кои воопшто не играат битна улога во некој настан.
Ко мене да ми е од животно значење зашто брат ти кренал телефон, а не ти.
Ме фрустрира комплексот на супериорност, подбивање и исмевање. Ко тоа што ме вади од кожа, ништо друго.
Тука некаде е и инфериорноста. Значи ако те пофалам за нешто, го мислам навистина. Нит ти билдам его, нит кажувам за да се осеќаш подобро. Ама не, секогаш следи она „Е како не, така викаш да ме утешиш“, и што повеќе расправаш дека е искрено кажано, толку повеќе оставаш впечаток дека се ваѓаш.
За друго ќе најдам компромис, не сум тешка персона, па да се фрустрирам зашто сите не сакале да излезат кај што сум сакала јас или слични бесмислени работи.

А зошто сте ги споиле темите?
Мене ми имаат баш различен контекст. Првата е општо поинформативно за фрустрација, причини, последици итн.
Во вторава на Себастиан веќе станува збор за фрустрација настаната од комплекс која се манифестира преку прикривање на истата со глумење лажна супериорност.
Чисто онака, можело да се преименува во нешто ко „Лечење комплекси и фрустрации“ (трескам од ракав) или што знам, забелешка само, вие поубаво си знаете. (nod)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sebastian

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Се изнасмеав на првата половина од текстот... на пример кога ќе лупнете силно на масата и ќе и дадеде до знаење на саканата експресно да се нацрта во кујна, при што таа поразено со поглед во паркетот се упатува кон судоперот... па ќе му ја треснам масата од глава со победничка насмевка! Зарем така командува некој? :^)

Фрустрации се јавуваат кога не добиваме нешто што сакаме.
Во сабота наутро комшијата почнал да буши со бормашината уште во 8 саатот. |-(
Професорката ти рекла да дојдеш тој ден во толку саатот да земеш оцена, ти нацртан таа доцни 2 саати и те одјебува на крај.
Конечно си собрал парички за парче облека што си го меркал месец дена, одиш да го купиш, го нема или повеќе нема твој број. :banghead

Понекогаш мора да мавнеш во нешто, да клоцнеш некое столче, да скршиш некоја чинија, за да ти помине фрустрацијата. Јас лично најмногу си ја лечам со музика. Многу многу не се замарам со ништо, знам дека моментално е тоа така и ќе помине.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Мортидо
Исфрустрирана сум од @ мајмунчево на темава :mad :D


Ех колку исфрустрирани има кои налетуваат дури и на тепање кога ке им го откриеш вистинското лице или ако им се наруши таму некојси рејтинг.:D
Сва срека жиро сметка не си знаеме,одма ке ми се кренеше салдото.:unsure