Фрустрации

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Драга, дај ми го далинското ми почна Барса.
Каква Барса море сега Саваш ќе го гледам!
Абе каков Саваш, оди испеглај ми ја кошулата, Барса не ја пропуштам!
Саваш, Барса - Барса, Саваш....Барсаваш!!! :mad::mad: I wanna kill her!!1

За подобро запознавање на вашиот партнер и подобро разбирање на неговото однесување, важно е да знаете како тој се однесува кога во задоволувањето на неговите мотиви ќе се појават разноразни пречки. Попречувањето во гледањето на фудбалски натпревар од страна на вашата сопруга, при што во даден момент посакувате да ја задавите на спиење, во стручната литература се нарекува Фрустрација, а психолошката состојба пак во која што се наоѓа вашата животна сопатничка поради која не сте и дозволиле да ја гледа омилената отоманска серија се нарекува фрустрациона ситуација.

За познавање на личноста од голема важност е да се знае како тие конкретни личности во такви фрустрациони ситуации се однесуваат. Некои поединци и малиот неуспех во задоволувањето на нивните мотиви ги обесхрабрува; на пример кога ќе лупнете силно на масата и ќе и дадеде до знаење на саканата експресно да се нацрта во кујна, при што таа поразено со поглед во паркетот се упатува кон судоперот. Но доколку се случи да вашата понежна половина која предмалку сте ја пратиле во кујната, се врати од таму со големиот кујнски нож и топло ви препорача да се тргнете од каучот и и’ го предадете даљинскиот - тоа укажува дека некои единки и поголем број на неуспеси не ги обесхрабруваат, туку напротив тие лица пробуваат со посилен напор или со нов начин да го задоволат својот мотив и да дојдат до остварување на поставената цел.

Луѓето можеме да ги разликуваме по тоа дали се повеќе или помалку отпорни на неуспехот. Отпорноста кон неуспехот, кон фрустрацијата, во психологијата се означува со терминот фрустрациона толеранција.
Некои ликови се фрустрационо потолерантни т.е полесно ги поднесуваат попречувањата во остварувањето на посакуваните цели. Вие може да реагирате со блага насмевка кога некој кретен ви го зафатил паркинг местото. Вие тогаш сте фрустрационо толерантен човек. Но други пак, се помалку фрустационо толерантни, ако на пример вашата жена која е во кулминацијата на својот пмс период без трошка совест го корне ретровизорот на кретенчугата кој се паркирал на “нејзиното’’ место.

Фрустрациите може да настанат од повеќе причини. Една од причините е кога ќе се појават различни објективни, физикални пречки во задоволувањето на мотивите. На пр. Недела е, а цел ден нема вода да се избањаме; цел месец го планираме пикникот – токму за Втори Мај времето е срање; штотуку сме се запиле – снемало ракија!!! ( :mad:!!)…итн итн.
Пречките или бариерите можат да бидат и од социјална природа. Овие видови на бариери настануваат кога луѓето или општествените сваќања и норми претставуваат пречка во остварувањето на мотивите. Кога таткото не дозволува синот да учи за водоинсталатер, туку за да пукнат од мака соседите - го тера да студира квантна физика и постане голем научник иако е труп; кога мајката и брани и ја советува желната и репродуктивно зрела тинејџерка да се чува за принцо на бел коњ; кога коњот ја облекува напалената му девојка со зборовите ’’нека,има време и за тоа’’ …wait,what?!
И за крај, причината за на фрустрација може да биде и во самата единка, во нејзината неспособност да ја постигне целта која си ја поставила. Ова се случува кога некој роден со двете леви упорно сака да постане врвен фудбалер, кога некоја - кај која не можеш да разликуваш дали зборува или грака - е убедена дека може да пее ко славеј; си инсталирал Неро – паралелно се замислуваш во иднина како информатички гуру. Кога ќе се соочиш со реалноста – се раѓа фрустрацијата. Дај олади јебо те! Немаме сите диспозиции да бидеме пеачи и фудбалери, компјутерски мадафакери.
И да, важно е да се напомене и тоа дека оваа причина за фрустрација води кон поголеми психосоматски последици за разлика од објективните и социјалните причини за фрустрацијата...think about that... ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Оти не си ја отворил темава во психологија?
Некако повеќе е информативна отколку ставовска.
Не забележав твое видување во однос на изнесеното.
Убава тема за дискусија.
Но недопрецизирана.
И една мала забелешка, оф топик се разбира, убаво би било текстов да се подрасчлени малку.
На полесно видливи пасуси.
За побрзо „скенирање“.
Долги текстови ме замараат и брзо губам концентрација. :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Шознам, текстов го планирав да биде само онака информативна статија со доза хумор, без дискусии и то. Но океј, модераторите може да ја префрлат во Психологија па да продискутираме за фрустрациите во и околу нас. ;)
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Па би било интересно да се продискутира.
Може и тука, не пречи, само ме интересираше идејата, затоа прашав.
Еве почни, па ќе се надоврземе.
Причините се веќе наведени, сега да се обидеме да ги ѕирнеме последиците и начините на справување.
Допрецизирај го твојот став.
Хуморот не мора да изостане :)
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
Епа адекватен начин за справување со фрустрацијата е да и се пријде на реалистичен начин, т.е. да се разгледаат добро причините кои ко кочеле остварувањето на мотивот и да се проба со нов и попогоден начин да се прејде пречката. Инаку главни последици од фрустрациите се анксиозност и агресивност.

Понатака ќе пишувам повеќе, моментално учам за колоквиум. Би сакал да прочитам како форумџиите се справуваат со фрустрациите, што најмногу ги фрустрира, дали се пронајдоа во некој дел од текстот и сл.
 

Scars

Староседелец
17 февруари 2012
2,229
3,538
1,143
нема справување... веќе ја изгубив толеранцијата !
 

Мортидо

Староседелец
6 март 2012
1,056
1,575
1,133
Yellowknife, NT, Canada
metatron86.deviantart.com
баш така!! сакав и тоа да го пишам ама ај се реков да се воздржам :spin
Ти предлагам таа негативна енергија што е набиена во тебе да ја насочиш кон нешто продуктивно и полезно. Мислиш ли дека на тој што предизвикал гнев во тебе му е гајле за твојата моментална емотивна состојба? И како си можела да дозволиш некој друг да управува со твоето расположение? Само ќе си страдаш вака, и за тоа си одговорна самата ти.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: cece17 and melpomena

The_Mayor

Фраер од пелени
18 март 2012
2,840
6,532
1,153
Градибачалник на Прибој
Хмммм фрустрации.....Мажи, жени..... Шовинисти, феминисти. Желба за моќ и доминантност врз спротивниот пол збогатени со природни расправии помеѓу истите се наведени во примерот. Ајде јас ќе пробам да дадам покомпетентен пример што сум го слушнал неодамна како хумор и мислам дека се приклопува во темава .
Мортидо респект за тебе, но текстот воопшто нема креативност, тоа се само извадоци од секојдневието на паровите каде тензијата во нивните врски или бракови е на високо ниво. Ја користат како андреналин за да ги искажат своите незадоволства како продукти од работата, социлното дружење со пријателите, полицијата, државата, политиката и слично. Фрустрациите се резултат на комплексии, но во одредени исклучителни примери како мојот е сосема дозволена.

Човек се нашол пред суд, обвинет за убиство од прв степен со умисла.
Судијата ја запознава поротата со случајот- се работи за крваво убиство од прв степен каде обвинетиот ја убил својата жена, пред да пресудиме да ја слушниме неговата одбрана.
Судијата- дали се изјаснуваш како виновен и ако не, образложи.
Човекот- Не сум виновен господине судија, женами беше глупава и морав да ја убијам.
Судијата- Доколку не дадеш адекватно образложение што ќе се смета за олеснителна околност, од сега па до крајот на твојот живот ќе го поминеш зад решетки.
Човекот- во ред господине судија дозволете ми да објаснам.
Се започна во тој ден кога јас разговарав со мојата жена за нашите комшии. Нивните деца се премногу ниски, помладиот има 12 години и 80 сантиметри а постариот веќе наполни 18 а се на се има 90 сантими. Премногу ми е жал за нив што општеството не ги прифаќа и кажав.

-Да тоа се пиринеи- возврати женами.
-Мислиш пигмеи ја корегирав.
-Не не пигмеи се тие под кожата , шо помагаат во оцрнување кога се сончаме на лето.
-Не тоа е пигмент, забележав.
-Не тоа е она на што пишувале старите римјани...одврати.
-Побога жено тоа е прагмент.
-Не прагмент е некој што ќе прочита, или рецитира дел од делото.

Немав повеќе волја да објаснувам дека се работи за фрагмент, си го зедов весникот и се префрлив во другата соба и легнав на каучот. По кратко време жена ми иде со книга во раката ја отвори и почна да чита.

-Душо гледај: "Сончева тераса од рачна торба била учителката од макрото 15".
-Ја зедов книгата , погледнав и одговорив: Драга моја, во книгата пишува на француски јазик и тука пишува.... La Marquise de Pompadour est la Maitresse de la Louis XV- а тоа значи дека Маркизата Пампадур била љубовница на Луи 15ти.
- Не тоа мора да се преведе буквално. La Marquise значи сончева тераса.....Pampadour значи рачна торба..... La Maitresse значи учителка.... а Louis XV значи макро. И после "преводот" продолжи тоа го тврдам и сигурна сум за тоа, не за џабе земам часови по француски , истото го кажа и мојот легионер.

-Веројатно мислиш на лекторот.
-Не, лектор е грчки херој.
-Тој е Хектор и е тројанец.
-Не хектор е мерка за површина.
-Хектар е мерка за површина, жено.
-Зарем немаш гледано реклама дека хектар е пијалок за боговите, возврати арогантно.
-Жено тоа е нектар.
-Нектар е река во јужна Германија.
-Таа река се вика Некар.
-Не знаеш ти ништо, јас уште од мала пеев во дуо за таа река.
-Си пеела во дует, мислиш.
-Не дует е кога играат фудбал Реал со Барселона.

Почитуван суде , тогаш земав чекан ја опнав во главата и конечно замолчи.
Судијата и поротата едногласно извикаа: Осудениот се ослободува од сите обвинениа. Судијата потајно му шепнува "јас би ја опнал уште кај лекторот".

Еве цел текст шегобидни конверзации каде се потикнуваат фрустрации, при што настанува бурна расправија а љубовта преминува во омраза, конкретно во текстов најголема фрустрација доживуваат сепиосексуалците.