Во денешниот свет меѓу луѓето доминираат ставови кои се продукт на медиумите, образовниот систем, средината и општиот консенсуз. Подложни се на промена со текот на времето и пред се` развојот на технологијата. Но секогаш има простор за предизвикување на официјалните вистини. Како што не учи историјата вчерашните вистини се денешни лаги а денешните вистини утре може да бидат смешни.
Најчесто присутни околу историски настани, но ги има во секоја област, наука, технологија, религија, уметност, социологија, психологија - се т.н. Fringe теории, `на рубу знаности` sort to speak каде со помалку или повеќе аргументирана логика постои можност за промена на `бајатите` вистини. Често се сретнуваат под други имиња како `теории на заговор` или `алтернативни ставови` но во интерес на дебатата можеме да ги ставиме под еден заеднички именител каде сите овие теории, шпекулации или сосема валидни сомнежи - би биле подложни на расправа.
Дали сте склони на безусловно прифаќање на мејнстрим ставовите, на мнозинството или имате афинитет кон фринџ теориите? Кој е вашиот став околу ова? Која ви е прифатлива (или омилена) теорија?
Лично прифаќам многу алтернативни теории околу многу работи, некои ми се само забавни во забеганоста или како умствена гимнастика......додека други ми се скроз ирационални, пример кој го имам постирано на форумов 5665 пати со надриисторијата на Ниче Македон и почетоците на белата раса во с. Породин...
Од друга страна скоро и да немам сомнеж дека постојат центри на моќ, групирани околу свои интереси кои роварат далеку од погледот на јавноста.