Фотографска меморија

Trouble

Староседелец
6 март 2012
1,516
2,621
1,123
Аииии јас за места, слики такви ствари имам голема фотографска меморија... Прост пример ми е шо кај бившиот сум била само еднаш у жива темница и тоа у факинг Волково кај што немав ниеднаш стапнато, и ја видовме сестра му со малиот покрај едно како трговски што е и после само памтам дека сврте десно па пак десно и дворот дека му беше отворен, без ограда. И раскинавме шо раскинавме после 3-4 месеци јас сакав да си ја видам Астра, кучето што си го најдовме заедно, пошо он нејќеше да дојде да ја донесе и решив да идам сама да барам кај живее и да си ја видам Астрата :) и фино лепо се качив у 22ка и мислев ќе познаам кај е шо е, се симнав на последна и тргнав полека да барам кај живее али видов дека местото не ми е познато воопшто и си се качив за назад да идам и му кажав на шоферот дека сакам кај кладилницата да се симнам, ја запамтив од тогаш кога ја видовме сестра му и се симнав таму, влегов у третата уличка по некоја логика дека не живее далеку од кладилницата, го погледнав тој еден објект шо е на почеток на улицата кај него и ми текна дека сум на правата уличка, си стигнав у дворот, си влегов фино лепо и си ја видов Астра после 3 месеци и неможевме да се изнарадуваме што се гледаме :gus И така, мислам дека имам доста добра фотографска меморија посебно за места, објекти, кое, што, како е позиционирано и тако даље и тако ближе :D
 

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,063
1,133
Јас имам фотогравско паметење и многу ми е тешко да запамтам нешто кое што не можам да го поврзам со слика, паметам нешта што не ме интересираат а притоа заборавам важни работи. Тешко ми е да се присетувам на чувства, мириси, вкусови и звуци се што знам да запаметам е слика и ништо друго. На пример можам да го запаметам текстот на песната само ако го прочитам, случките ги паметам по лица и места а по тоа дали ми било убаво или не... чувствата брзо ми ветреат...
Но од друга страна паметам скоро се што сум прочитала, се што ми оставило впечаток, освен имиња и броеви. Кога поминувам низ улица или кога се возам во автобус точно знам дали некој од лугето кои се покрај мене сум ги видела и каде сум ги видела и во што биле облечени, каков накит носеле и сл.
Доволно е еднаш некого да погледнам и да му ги запамтам сите црти на лицето, доволно е пет секунди да гледам во било што и потоа да можам скоро идентично да го насликам без да го видам повторно...
 
  • Like
Реакции: Lena

TheKitten

Истакнат Член
3 март 2012
549
629
93
Јас имам фотогравско паметење и многу ми е тешко да запамтам нешто кое што не можам да го поврзам со слика, паметам нешта што не ме интересираат а притоа заборавам важни работи. Тешко ми е да се присетувам на чувства, мириси, вкусови и звуци се што знам да запаметам е слика и ништо друго. На пример можам да го запаметам текстот на песната само ако го прочитам, случките ги паметам по лица и места а по тоа дали ми било убаво или не... чувствата брзо ми ветреат...
Но од друга страна паметам скоро се што сум прочитала, се што ми оставило впечаток, освен имиња и броеви. Кога поминувам низ улица или кога се возам во автобус точно знам дали некој од лугето кои се покрај мене сум ги видела и каде сум ги видела и во што биле облечени, каков накит носеле и сл.
Доволно е еднаш некого да погледнам и да му ги запамтам сите црти на лицето, доволно е пет секунди да гледам во било што и потоа да можам скоро идентично да го насликам без да го видам повторно...
Тоа што ти го ,,имаш,, не е фотографско паметење.
Не се мисли дека мора да има слика пред тебе за нешто да запамтиш.

Без оглед дали читаш текст, гледаш реклама, или само невнимателно гледаш на улица пред себе (онака, автоматски си одиш дома, милион пати предходно си ја видела трафиката, знакот, паркираната кола на тротоар...), ако ја имаш оваа способност, ќе можеш да запамтиш и точно во колку часот си купила нешто (бидејќи еднаш немарно си ја погледнала фискалната сметка), каква боја на маица носел тој што чекал зад тебе, какво било цвеќето во позадина на рекламата. и што пишувало во фуснотите на страната на книгата.
Паметиш работи на кои не обрнуваш внимание, а паметиш - буквално се.
 

Хоуп*

Proton
Член на администрација
4 април 2013
2,414
4,232
753
Имам дедо кој има фотографско памтење.
Неверојатно ми е кога ќе почне да раскажува пред 10 години на сивиот камен кој бил малце пукнат од десна страна, сум седела јас со фатена коса, шарено фустанче и бели сандалки, поминал поштарот Перо со пони точак, па уште мноооогу други ситници што не знам како ги памети. Или кога гледаат серии, па ја прераскажува епизодата на комшиите : ) буквално знае и колку копчиња имала кошулата на некој спореден лик.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,050
6,674
1,153
Big Sur
TIL 10те проценти што имаат фотографско памтење, по некоја случајност, се наоѓаат на форумов. :biggrin

Шалата настрана, нескромно ќе кажам дека меморијава одлично ме служи и имам окце за детали, ама да ме праша некој да се навратам сношти на плоштад колку луѓе сум видела во рефлексијата на сталкото од продавниците наоколу, што истите носеле, кој од нив зборел на мобилен, а кој водел детенце за рака, и притоа да знам да одговорам чисто оти летимично сум погледнала, тогаш може да се пофалам дека имам фотографска меморија.
Скептицизмот за постоењето на фотографската меморија доаѓа од фактот што во глобала ги паметиме работите, но многу детали уште после првиот поглед ни се менуваат во глава, додека ние остануваме убедени дека тоа е таа слика што сме ја виделе.
Доколку некој го прати Др.Фил, баш има една епизода каде беше објаснета таа „замена“ на информации до степен на цврста убеденост.
Интересна „моќ“, како и да е.
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,421
1,153
и јас и јас! и јас имам фотографско памтење - сѐ ми е запамтено на фотографии!
најраното памтење ми е од кога сум била бебе цицалче, а мама ми облекла фустанче бело со розеви цветчиња и смешно едно капче оти немав коса и ме држела в'раце во ходникот, цела накезена оти има најлична ќерка од сите ќерки на целиот свет :giggle
Дури и ѕидниот часовник ми е во памтењето и дури и колку било тогаш часот - 11:33,5 :svirka
не џабе ми викаше тато - ти си ќерко геније (sun)
 

Самовила

Полноправен Член
6 април 2013
48
33
18
Имав пријателка која имаше фотографско помнење...тоа беше зачудувачко, најдобра во школо,на факултет,сега е вработена мажена и кога сакаш за што и да ја прашаш пред години години наназад таа помни се...