Фотографска меморија

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Фотографско памтење е редок елмент кој се јавува кај помалку од 10% на населението.Најчесто се јавува кај децата, а поголемиот дел од нив ја губат оваа способност во текот на растењето.Концептот на фотографското памтење е многу редок што дури поголемиот број на луѓе и не веруваат дека постои.Според некои ,истажувања фотографското памтење е резултат на обработка и сместување на податоците во мозокот на ненормален начин.Многу луѓе мислат дека оние што поседуваат фотографско памтење се среќни луѓе.Но,тоа не е вистина.Еден од проблемите со фотографското памтење е тоа што мозокот апсорбира премногу информации кои се во главно небитни.Исто така постои проблем,како да се заборават работите кои сакаме да ги заборавиме.Луѓето не се дизајнирани да бидат огромна база на податоци кои изнесуваат информации.Меморијата е битна само тогаш кога може да се користи.Можноста за користење на меморијата е поважна отколку едноставно складирање на податоците.
Познати личности кои поседувале фотографско памтење биле Моцарт,Клод Моне,Никола Тесла и др.

Што мислите за овој "феномен" дали сте скептик дека воопшто вакво нешто е можно.Дали знаете некој кој ја имаа оваа способност,дарба или незнам како да ја наречам.Колку е ваквото нешто корисно.Дали може да се научи,да се истренира...имам слушнато дека имало некои тестови...дали некој се обидел да ги прави.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,084
7,013
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Ако можеш да објасниш поточно за што станува збор. (think)
Јас кога учам за испит, после додека полагам се сеќавам на напишаното во скриптата како фотографија во главата. Буквално, читам од меморијата што ја имам од страната од скриптата/тетратката.
 

Sebastian

Активен Член
17 февруари 2012
174
110
43
Ако можеш да објасниш поточно за што станува збор. (think)
Јас кога учам за испит, после додека полагам се сеќавам на напишаното во скриптата како фотографија во главата. Буквално, читам од меморијата што ја имам од страната од скриптата/тетратката.
Фотофрафско памтење самиот збор ти казува...ко објаснуваат како корисна дарба...токму за кавки работи знаци паметење на пишани информации како да се фотографии..појма немам како и што...само знам, имам слушнато дека доста е корисно...и незнам во кој период во војката ги терале,ги везбале како фотографски да памтат....а ако е така како што кажуваш...ако добро ги паметиш матријалите од скриптите, она баш збор по збор...значи имаш фотографско паметење :)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,499
14,412
1,683
во светот на бајките
Фотографско памтење е редок елмент кој се јавува кај помалку од 10% на населението.Најчесто се јавува кај децата, а поголемиот дел од нив ја губат оваа способност во текот на растењето.Концептот на фотографското памтење е многу редок што дури поголемиот број на луѓе и не веруваат дека постои.Според некои ,истажувања фотографското памтење е резултат на обработка и сместување на податоците во мозокот на ненормален начин.Многу луѓе мислат дека оние што поседуваат фотографско памтење се среќни луѓе.Но,тоа не е вистина.Еден од проблемите со фотографското памтење е тоа што мозокот апсорбира премногу информации кои се во главно небитни.Исто така постои проблем,како да се заборават работите кои сакаме да ги заборавиме.Луѓето не се дизајнирани да бидат огромна база на податоци кои изнесуваат информации.Меморијата е битна само тогаш кога може да се користи.Можноста за користење на меморијата е поважна отколку едноставно складирање на податоците.
Познати личности кои поседувале фотографско памтење биле Моцарт,Клод Моне,Никола Тесла и др.
 
  • Like
Реакции: emzzy

Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Админи? некој да го исправите насловов?
он: интересна дарба е ова и како и секоја друга не може секој да ја има. За прв пат ја разбрав кога ја читав книгата „Аферата Ван Гог“. Да не ја образложувам книгата и нејзината содржина, но ликот имаше талент кога види некое уметничко дело веднаш да му се вреже в глава и кога ќе проба да се присети на него и на неговиот автор успева 99%. Kaко и во секоја книга можда и у оваа имало преувеличување, но талентот е на место, една пријателка го користи за време на тестови, како некој од вас шо напиша погоре
 
  • Like
Реакции: Caci and JaMi

Mardy Bum

Староседелец
25 април 2012
178
180
643
behind you!
многу ми користи фотографското памтење, посебно ако не ми текнува нешто кај се наоѓа, +многу е корисно за ориентација во простор, за учење исто, баш кога полагав матура интерен предмет социологија имав неколку тестови од кои требаше да учам и ми се падна еден од нив, и голем дел од прашањата ги одговорив дека ми текна како изгледа прашањето и кај се наоѓа одговорот.. многу често ако некој ми кажува нешто кај сме се виделе или некоја случка ми текнува кој што носел, многу добро помтам како изгледаат предметите.. ама често имам проблем да ми текне името на нешто одколку изгледот на опаковката
 
  • Like
Реакции: cece17

Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
27
А шо ќе кажете за ова, 100 % мемориско памтење. Човекот одамна го гледав на Ripley show и сеа се сетив за него. Значи се шо ќе прочита или чуе го памти, па било да е тоа пред 25-30 или повеќе години наназад. Едноставно неговиот мозок е програмиран така да работи, лекарите му предвиделе смрт пред неколку години ама тој уште се држи. На оние кои им е интресна оваа тема би им препорачал да го гледаат филмот Rain Man кој мислам дека е снимен по животот на Kim Peek, човекот за кој зборам.


Ама ова и не би можело да се нарече фотографско памтење, ова е вродена мана и единствено се разликува од фотографското памтење во тоа шо луѓето со ф.памтење сепак забораваат одредени работи, а ги памтат оние на кои најмногу се концентрираат. Ваков бил Тесла кој ги запамтил сите формули и теореми запишани во неколку книги кои му изгореле во пожар, Моцарт исто компонирал во главата.
Ок е тоа шо имате добра меморија и памтите работи кои шо сте ги учеле за тестови, ама немора да значи дека имате фотографско памтење, да не се лажеме тоа е многу поголема способност отколку шо си замислуваме.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,358
2,204
423
Дома пред Пц
foto i video memorija strasno mi se izrazeni...mozam da ja tupam za nekoja fotografija ili da objasnuvam nekoe video so sum go gledala na ty ili net i na toj nacin da najdam pesna ili bilo so da e
 

Angiie

Истакнат Член
16 февруари 2012
506
641
93
Не знам дали баш за истово станува збор, но јас кога учам за испити или општо кога читам некое списание или магазин запомнувам точно кој дел каде се наоѓа. Потоа кога ги одговарам прашањата најпрво се присеќавам на која страна се наоѓало напишаното, општо како бил распореден текстот со сликите на страната за да ми текне што пишувало :)