Форумско искуство

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Далечната 2006, изгубен во сајбер светот, за прв пат се среќавам со форум на нашиве простори. Иако не знаев што представува и што е толку интересно да пишуваат и реплицираат на најразлични тими, за мене тоа не беше ни најмалку интересно.
Си постоеше златен мИРЦ за чатување со кој стигнеш до раните утрински зори. Но бев љубопитен зошто им е толку интересно да „ќиснат„ на форумот по цел ден. Три месеци ги набљудував не регистиран, не учествував во дискусии, едноставно ми беше многу чудно „Што прават?!„, но со тек на време се навикнав и решив после три месечното следење да се регистрирам и активирам во дискусиите. Во тоа време во Македонија постоеа 10-тина форуми максимум од кои 2-3 беа најмногу активни, а форумот со кој се сретнав тогаш, беше вистинска империја, кој за жал денес не постои. Но, не траеше многу моето членство таму.
Три месеци што ги следев и уште толку активен во дискусиите, решив сам да направам свој форум на кој ќе ги повикам најблиските пријатели/ки. И така и беше, направив free форум во тоа време колку да пробам како ќе оди. Почнав сам како админ, бројката почна да се зголемува на 50,100,150 членови што за тоа време беше успех! Почнаа првите регрутации за модератори, супер модератори, админи за на крај да достигнеме до бројка од 650 регистрирани членови вклучувајќи уште двајца админи, еден супер модератор, 4-ца модератори, 400 активни членови и регистриран хост и домен. Форумот беше исклучително за дружење. Постоеше две години од кој во тие две години се одржаа преку 40 собиранки и една роденденска забава. Најмала бројка на членови кои беа присуствувале беа 20-тина, а најмногу достигнавме до 65 члена на една собиранка. Вистински бум?!
Се пишуваше на латиница, немаше казни, немаше опомени, немаше банирани членови, во секоја тема се одеше со оф топици, но беше забавно, интересно. Паднаа првите запознавања, нови другарства, нови пријателства и секако неколку љубовни парови!

Убави денови за паметење, интересно искуство, кое сега е само историја.

Какво е вашето искуство и кога прв пат се сретнавте со форум? Спомени, искуства? Прв форум? Најдобар/најлош?

Очекувам интересна дискусија :kafe
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Јас одамна знаев за постоењето на форуми. Но не сум била член на ниеден затоа што тоа за мене беше губење време кое можев да го искористам на други начини.
Знаев и за овој форум од самото него активирање бидејќи редовно ја посетував црнобело страницата но никогаш немав желба да се зачленам.
Тука како член влетав сосема слуучајно, за време на велигденските празници, ако се сеќавате атмосферата во државава, околу мене, во мене и во секој од нас беше доста сива. Барав нешто ново за да си ги размрдам мисливе.
Така стигнав тука, и еве ме активно учествувам во дискусии и уживам во тоа.
Ама не би била член и на друг форум, не дека сум верна на овој, ама немам толку време за расфралње, ќе почнам и со факултет наскоро, па којзнае колку активна ќе бидам и овде.
Прекрасни дружби се остваруваат и на нашите собиранки патем (hug) :D
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
првиот форум на кој влегов беше на кајгана, сосем случајно, барајќи нешто интересно по нет, пред некоја година, ми стана интересно и почнав активно да ги читам темите таму, но никогаш не се зачленив таму, после тоа следуваа форумот на фемина, гламстик итн... прво членство ми беше на форумот на гламстик, но сега таму не сум веќе активна толку многу... овој форум го открив преку страната на црнобело и се зачленив одма, поради тоа што беше нов и непознат и тука и си останав ;)
 

emzzy

Староседелец
25 февруари 2012
1,376
1,875
1,123
Прв форум ми беше фемина, ама многу тапа беше... Жени-кокошки се караат само, ти ми рече вака ти ме рече онака. И го баталив..
После дојдов овде, па на бркај работа, на жена.мк сум подолго-ама забатален е, notformen исто...други не ми текнуваат :D
А на гламстик сум веќе 2ипол години, и на англискиот и на српскиот..ама македонскиот е најдообар од сите.. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
А гламстик уствари за форум се рачуна?
Сериозна сум, оти гледам сте го спомнале, а мене на се` освен на форум ми личи.

Моето форумско искуство почна уште зимата 2008 на кајгана. Пред тоа читав, ама не пишував, после се зачленив и одма се зајадов со некои модератори, па ми стана досадно. Па некои 16 години сум имала кога сум се зачленила и брука ме фаќа кога ќе си ги прочитам мислењата, тие стотина што се таму, и затоа веќе не се ни вклучувам. Од срам! :D
Бев член и на бадијала, ама отиде што отиде, амин. Во последните месеци го фатив.
Имам профил и на оној од бркај работа, ама оти е развиен ко косовски туризам, не сум се ни вклучила.
Поактивна сум само овде и на фемина.
Имало сегде по нешто интересно, не се жалам. :giggle
Си ги сакам форумиве бе!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed and emzzy

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
иам некое да не речам искуство иако мизерно. Некаде 2003та дознав што е тоа форум, иако повеќе беше специјализиран. Бев зачленет но не дискутирав, повеќе читав коментари, симињав понекоја надоградба. Длабоко ме заинтригира форумџиството пред некои си 6 години кога се зачленив на првиот за мене домашен форум - кајгана. Оттаму запознав широк круг на пријатели од кои денес некои ми се многу блиски. Собиранките се оноа што навистина вреди, ако збориме за опуштеноста и склопување на пријателство. Ретко се случуваше со некој што имам слични ставови да се зближам само виртуелно. Сепак реалност си е реалност. Истотака никад не сум се залагал да бидам модератор, нит сум имал некоја посебна желба. Ја разбирам таа работа, и ги ценам оние кои навистина се држат кон неа.
Конкретно за овој форум сосема случајно упаднав, можда нешо на фб кликнав пошо порталот ми испраќаше новини.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
неам никакфо искустфо, тоес овој ми е прф форум у живот
сакам такфи работе куде што има пуно људи, сакам муабети дружбе дискусие...
мноо ми е екстра туја, никад не ми е текнало да се зачлену на друк,мислу дека овј ми е довољан
мноо људи запозна виртуелно а мноо и у живо,стекна пуно пријатељи,иам и симпатие : P :sram hh..
поздраф нездраф!
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
прв форум ми беше бадијала, послем кајгана па сега еве и црно бело
форумов е добар едино за тепање на време ако имаш во изобилство и да запознаеш нови луѓе и тоа пак преку фајсбук ретко во живо врти сучи се ти е околу он лине дружба :D
 

близнак

Староседелец
21 јуни 2012
169
306
1,063
Имам искуство со форумиве, само не влегвам многу во филм... повеќе читам, помалце пишувам..
член(модератор) бев и уште сум на првиот македонски форум (vmacedonia).. кој сега е во фаза на згаснување..
член сум на кајгана од кога постои.. и според статистиката е најмасовен..
Но факт е дека премногу револуција и фејсбокуција се случи, што во основа е нов поредок кај социјалните мрежи и нивното виртуелното дружење.
умре мирцот, се појави мсн
умре мсн, се појави скајп
скајп не умира, ама социјалните мрежи веќе имплементираат сопствен софтвер за комуникација во реално време..
мобилниот пристап до информациите е се повеќе присутен
десктопите умираат, лаптопите еволуираат во таблети
итн итн...
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Имам искуство со форумиве, само не влегвам многу во филм... повеќе читам, помалце пишувам..
член(модератор) бев и уште сум на првиот македонски форум (vmacedonia).. кој сега е во фаза на згаснување..
член сум на кајгана од кога постои.. и според статистиката е најмасовен..
Но факт е дека премногу револуција и фејсбокуција се случи, што во основа е нов поредок кај социјалните мрежи и нивното виртуелното дружење.
умре мирцот, се појави мсн
умре мсн, се појави скајп
скајп не умира, ама социјалните мрежи веќе имплементираат сопствен софтвер за комуникација во реално време..
мобилниот пристап до информациите е се повеќе присутен
десктопите умираат, лаптопите еволуираат во таблети
итн итн...

многу ојде со иднината :) Шо прајме со реалното дружење тоа изгледа сите го подзаборавивме сепак треба од време на време да се одмара компјутерот