Форумски весник „ЦрноБело“

Статус
Затворена за нови мислења.

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Бидејќи не можам да спојам се во едно, на почетоктот многу имаше заинтересирани, а само неколку останавме и техничка подршка немавме. Решив вака да го споделам трудот на неколку форумџии.

Колумната на Jackal

За Боб Марли и Пацифизмот​

"Dont cry because its over, smile because it happend" - Bob marley

Денес е 11 мај, денот кога големиот Роберт "Боб" Неста Марли го напушти овој свет и замина на својата повозвишена цел. Боб Марли беше човек кој преку својата музика ја ширеше љубовта која треба и која мораме да си ја испраќаме едни кон други, тој зборуваше за мир во светот,тој преку своите текстови не учеше да се разбираме едни со други во оние моменти кога не зборуваме на исти јазици, не учеше да си помагаме едни со други.
Љубовта никогаш нема да не остави -Знаел често да кажи. Човекот кој ја имал најголемата причина да мрази некого, спротивно на сето тоа, не учеше да се сакаме едни со други.

Боб Марли се трудеше својот пацифизам да го пренеси на нас.Тој во своите текствои велеше дека поради таа војна доаѓаме до ситација каде родени браќа се борат на различни страни, поради таа војна и таа омраза која ја чувствуваме едни кон други доаѓаме до ситуација каде едни луѓе се супериорни а другите се класа под нив. За жал после толку години од смртта на Боб сеуште се случува истата приказна во светот. Насекаде војни, насилства и убиства. Поради што? Поради желбата за докажување дека едните се подобри од другите,дека се поинтелегентни, дека тие заслужуваат да владеат а другите дека мораат да бидат владеани.

После толку години од Хитовите на Марли сеуште чувствувам како да се многу ретки луѓето кои навистина ги разбираат песните и пораката која се пренесува преку нив.Еве денес можам да видам неколку луѓе се сетија на овој ден и го искористија фејсбук или твитер за да покажат колку се почитувачи на делото на Боб Марли. Но тие се само тоа- мал дел на луѓе. Сеуште на огромен дел од луѓето како да им е поинтересно и поубаво да се мразат еден со друг отколку да си поддадат рака кога им е најмногу потребна помош. Сеуште повеќе внимание се посветува на тоа каква е бојата на кожата на човекот, од која националност е или која е неговата религија. Сеуште се мразиме меѓу себе заради нашите недостатоци а не се сакаме поради нашите сличности.

Едноставно се додека во нас владеат негативните вибрации и се додека ги шириме истите, светот ке остани ваков каков што е.Се додека не започниме да ја шириме Позитивната енергија нема да доживеме ден во кој ке се рабудиме и ке си кажеме самите дека успеавме и дека денес сите ке го видат ова прекрасно сонце кое свети над нас.

Црните облаци се над нас и можеме да ги растераме само со љубовта и светлината од нашите срца. За да го здогледаме сјаното сонце мораме да ги ослободиме нашите чувства и да запловиме во морето на љубовта и мирот.
Луѓето кои се трудат да го направат овој свет лошо место за живеење не земаат ден слободен тогаш како да земам и јас - рекол Боб Марли излегувајќи на сцената за да може да пее за мир, љубов и слобода после само два дена откако беше застрелан зашто се трудеше двата најголеми политички ривали да ги донеси на иста сцена и да ги натера да соработуваат за доброто на сите.
Тоа беше големината на Боб Марли. Тоа беше тој голем пацифист кој секогаш ја избираше љубовта наместо омразата, секогаш повеќе ја сакаше слободата отколку ропството.

Да не го заборавиме неговиот лик и да не заборавиме за што се бореше тој и да одбериме дали сакаме да живееме во свет каде секој ке може да мисли и да зборува слободно, каде секој ке може да погледно кон сонцето и да кажи фала за слободата отколку во свет со затворени умови и ропство.
One LOVE !!! One HEART !!!

Автор:​
Jackal​
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
LadyInPink

Мода или нешто повеќе?
За некои е сосем неважна, за други ништо пoсебно...
Но, за некои таа е сѐ!
За тие за кои таа е се јас имам две поделби: едни кои умираат за неа и други кои живеат за неа!
Да умираш за неа е...глупаво. Ако ја сакаш, тогаш живеј за неа!
А да живееш за неа значи таа да ти тече заедно со крвта низ вените.

Таа, нејзиното височество, Модата....
Зошто решив да го напишам ова?
И јас не можам точно да одговорам. Едноставно сакав во првиот број од нашиот весник да напишам нешто што можеби понатака ќе го нема. Нешто единствено и уникатно. Лично мое.
А зошто ја одбрав оваа тема?
Затоа што спаѓам во втората група од поделбата погоре: луѓе кои живеат за неа!
Не знам да ја дефинирам модата. Како што не знам да ја дефинирам љубовта...
Ако некој за модата даде дефиниција како за некоја физичка појава, бидете сигурни, тој не ја познава и тој не ја сака. Нему не му тече низ вените.
Но, знам да ја чувствувам модата. Знаете, тоа е она кога ќе видите најнов модел на чевли и веднаш нешто ви прелетува низ стомакот...!
Ама тогаш, додека тоа нешто лета, некое друго слично летало ви поминува низ мозокот и шепоти: „Немој, не се тие за тебе. Погледни им го дизајнот, боите, зарем ти тоа ќе го носиш само зашто било модерно?“
И тоа го тргнуваш погледот и заминуваш со мирно срце.
Едноставно е: не е сѐ за секого. Ако е најнова мода не значи дека е убаво. Не значи дека прилега на секого. Не значи ништо.
Понекогаш салонките кои излегле минатата сезона повеќе прилегаат на тебе отколку сандалите со дрвена штикла од оваа година.
Тоа значи да ја чувствуваш модата. Да знаеш да одредиш што навистина е за тебе.
А не да трчаш по најновото парче како кокошка по пченка. J

Да живееш за модата, исто така, значи и да бидеш спремна да се жртвуваш за модата.
На пример, да се одречеш од секојдневен оброк надвор за време на паузите за да можеш да си купиш...нешто. Фустанче, чевлички, ташничка, накитче...
Нешто што ќе го цениш многу повеќе бидејки си го купила сама од заштедата.
Да живееш за модата значи да речеш „не“ на пороците.
Потрошените пари за цигари да ги пресметуваш во облека.
Многумина на оваа реченица рекле дека тоа се знаци на купохоличарство.
Не се. Сите знаете колку се штетни цигарите по здравјето и нема да трубам за тоа.
А модата не е. Модата те прави да изгледаш поубаво, посредено, подотерано, пофино, поелегантно... А цигарата дава сосем спротивен ефект.
Да живееш за модата значи да си личност со стил.
Личност која знае што сака, која знае како сака да изгледа, знае да го потенцира убавото, има чувство за естетика. Личност која никогаш нема да изгледа „ефтино“ и чии комбинации ќе те остават со подзината уста.
Ете, дадов малку од многуте објаснувања кои можам да ги дадам за модата, а сепак не можам да извлечам дефиниција.
Пак доаѓам на истото: дефиниција не постои.
Модата е таа што ќе те натера некогаш да пробаш нешто „лудо“, некогаш ќе ти помогне да изгледаш најубаво надворешно иако внатрешно си уништена, ќе ти помогне да бидеш горда што си женско... Модата е таа која нема да те напушти и тогаш кога целиот свет е против тебе.
Можеби сепак таа е нешто повеќе од едно обично зборче...

Секогаш Ваша,​
Дамата Во Розево.​






Сонцето-непријателот на вашата кожа​

Еве ни го летото, дојде. Претпоставувам дека веќе знаете кои косуми за капење ќе ги носите.
А исто така, претпоставувам дека знаете како да се заштитите додека уживате на некоја убава песочна плажа...
Ама за да не бидат само претпоставки, ќе ви дадам неколку советчиња.
За секој случај...;)

Лекарите велат да не се излегува надвор од 10 до 17 часот... А кој не излегува?
Па и баба ми е тогаш надвор, а после се жали дека и било мачно.
За нас, младите, да не зборуваме. Сите сме тогаш на плажа.
Но, затоа постои превентива. Без разлика дали имате осетлива кожа или не, задолжително половина час пред да се појавите пред јакото сонце нанесете крем со заштитен фактор.
За оние кои имаат осетлива кожа, како мене, препорачувам крем со 50SPF.
Покрај кремот, задолжителни се и очилата за сонце за да ги заштитите очите и капа за сонце.
За дамите, препорачувам шешир. Ем модерно, ем превентивно...
Покрај ова, задолжително е внесување течности. Во големи количини.
Но, избегнувајте ги алкохолните пијалоци. Да, и тие се течност, но во комбинација со сонцето даваат негативни резултати.
Најдобро нешто за деновите со високи температури е водата. Затоа, никаде без шише вода.
Но, покрај кожата, и другите делови имаат потреба од заштита.
Како на пример косата. Ветерот и сонцето, како и морската сол, релативно многу негативно влијаат врз неа.
За да биде убава и негувана и во лето пред шампонирање ставете на косата масло од рицинус, етерично масло од жалфија, рузмарин, боровинки и лимон. Кое било од овие масла да го нанесете ќе добиете одличен ефект.

А во периодите кога не сте на плажа, гледајте да бидете што полесно облечени.
Светли бои, лесни ткаенини, широки модели и секако очила за сонце и капче или шеширче.
Тоа ви е совршена комбинација во која и во најжешките денови ќе се чувствувате комотно и пријатно додека ги завршувате обврските.

Ако барем делумно, иако е препорачливо целосно да ги послушате овие совети, сигурно ова лето ќе поминете одлично. Вашата кожа нема многу да настрада бидејки ќе биде заштитена од нејзиниот светол непријател, а исто така и вашето тело.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Angie

Драги читатели, веќе од самиот наслов можете да претпоставите за што се работи. Ова се прашања кои им ги поставивме на двајца наши членови (@Dr. Gonzo и Sarah),за да видиме колкутие меѓусебно се познаваат.Одговорите ќе имате можност да ги проследите подолу. Уживајте.
Гонзо за Sarah:
1. Вашиот прв контактНашиот прв контакт беше преку ПП, јас и пишав Еј Сара! Она ми врати Еј Гонзо и така си започнавме муабет, уствари ова беше запознавањето, а како контакт имаше претходно во една тема што ја отвори она „Каде е темата“. Ми се виде многу корисна темата па и реков дека ја честам кафе да се напие сабајле, ама испадна дека не е кафеџика што пие кафе по сабајле. Покасно во ПП ми рече дека сака капучино кое уште и го должам, а она мене ми должи мафини. Ехехее сеа ми текна бе имаше пред тоа контакт, во некоја тема она постираше мафини и тоа касно навечер и јас и уште една членка не ми текнува која, искоментиравме нешто за мафините.
2. Како ја доживуваш Сара?Врло позитивно.

3. Сличности и разлики во карактерот?И двајцата сме злобни муахахаха, ма не тоа ни е меѓусебна шала, ѓаволското смајли ни е заштитен знак хихихи. Двајцата сме позитивни, сеа вие како не доживувате тоа си е ваше бре хахах, оптимисти сме, ма што знам, битно се согласуваме и ни иде муабетот. Разлики има многу, на пример јас пушам, пијам, она не пуши, а и за пиење слабо, од едно пиво се праи ќутук хахаха.

4. Вредности што Сара ги цени во животот? Е ова ми е глупо прашање стварно мислим ја се извињавам ама шо сеа фала богу дека сите ги цениме истите вредности, мислам секој ке одговори исто дека тие вредности се следниве: искреност, чесност, лојалност, праведност и т.н. и т.н.

5. Песна што ја опишува?Не знам дали има таква песна, можда треба да напишам песна што ја опишува. А песна што ме потсетува на неа е Мамбо намбер 5.

6. Сара -песимист или оптимист?Сара-оптимист.
7. Има ли Сара хоби?Има хоби, си ги шара ноктите.

8. Сара и љубовтаЗаљуби се десет пута у року од три минута.

9. Сара и срамежливоста
Оперирана од срам.
10. Сара и мрзеливостаМожда малце, ама ако има воља јебе и мрзеливост и све, ништо не може да ја запре.

11. Лик од филмовите што ја карактеризира?Лара Крофт

12.Нејзино омилено катче на форумотМузика

13.Од црнобело! би се откажала ако..?Ако се откажам и јас хихих. Ма нема шанси бе да се откаже у никој случај.

14. Што би и’ порачал за крај?Би и порачал една шопска и една ж’та за здравЉе.
Sarah за Гонзо

1. Вашиот прв контактЕдна магична ноќ кога тој ми пиша, нешто за една тема што ја имав отворено и ми вети кафе за таа тема, почнавме да пишуваме секој ден (и уште си пишуваме) и тој ми стана еден од омилените личности на форумот.
2. Како го доживуваш Гонзо?Мојот постар брат кој го немам, е многу интересна личност, со него можам за сѐ да муабетам, да се шегувам, да го прашам за нешто, да научам нешто... и најбитно не е издаица крастаица хаха.

3. Сличности и разлики во карактерот?Сличности: комуникативност, искреност, неодлучност...
Разлики: трпеливост, перфекционизам


4. Вредности што Гонзо ги цени во животот?Да го ценат и почитуват како секој човек што сака, искреноста...

5. Песна што го опишува?Докторе од Сузана Гавазова се шалам, Гонзо не се опишува со песна.

6. Гонзо -песимист или оптимист?Оптимист.
7. Има ли Гонзо хоби?Мислам дека нема.

8. Гонзо и љубовтаЕ на таа тема немаме многу зборувано, но колку што проценив од досегашното пишување дека може да ја има секоја девојка, а прашање е колку може да ја задржи.

9. Гонзо и срамежливостаГонзо, срамежлив?- Ма неее, ако беше срамежлив тој немаше да има харем на форумот.

10. Гонзо и мрзеливостаМрзелив е но во умерена граница.

11. Лик од филмовите што го карактеризира?Величенствениот.Знам дека ликот е од серија, но само преку овој лик тој се опишува.

12.Негово омилено катче на форумотМислам дека е играчница и кафе муабети.

13.Од црнобело! би се откажал ако..?Мислам дека не би се откажал.

14. Што би му порачала за крај?Гонзо остани таков каков што си.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
Coelho

За Скопје

Скопје е еден од оние градови кои се посебни. Навистина посебни.

Еден од ретките градови кои имаат свој шарм и кои се преубави во било која доба на времето.

Во пролет се појавува зеленилото по долгата и студена зима. Секој дел во кој има зеленило изгледа прекрасно, почнувајќи од центарот на градот со минимален, но сепак значаен, број на растенија и завршувајќи, се разбира, со паркот – кој е приказна сама за себе.

Александар и Букефал ги надгледуваат сите луѓе на плоштадот и блиската околина. Во споредба со нив - ние сме мали луѓе со мали обврски.

Надгледуваат како ги живееме нашите мали животи. Некои од нас се смеат како што поминуваат покрај
London Pub, некои разговараат на важни теми како што се движат по улица Македонија.

Една убава девојка зборува на телефон и се упатува кон
Arabesque и патем се разминува со група помлади деца. Тие знаат зошто се тука. Ги живеат своите животи.

Продолжуваме со лето, каде паркот е местото каде сите одат. Дење под сенка, со пиво во рака – навечер со друштво и гитара во раката. Па свири, пеј, забавувај се – ако не го правиш ова ќе бидеш единствениот. Смеата и радоста се насекаде, и тоа е сосема во ред. Така треба да биде.

Во близина на веселите друштва едно девојче ја моли својата мајка да го посетат луна паркот – молба која мајката ја одобрува, иако е свесна дека дома ќе се врати со 1 Барби балон, едно недојадено карамелизирано јаболко и една недојадена шекерна волна. Стандард.

Лево од нив стариот дел на паркот е преполн со луѓе кои ги шетаат своите кучиња, со стари луѓе кои уживаат во денот, со родители кои ги шетаат своите деца, ги учат да возат точак, ги учат да возат ролери.
Со млади луѓе со апарати чија мисија е да се вратат дома со најмалку дваесетина слики вредни за
Facebook. Сепак, не е лето се додека не се објави првата слика по кратки ракави во парк.

Така поминува летото и сезоната на паркот завршува кога првиот дожд ќе ја навлажни тревата и жолитите лисја себично ќе ги зафатат сите места за седење.

Облаците се почести.
Времето заладува.

Есента и зимата се периодите на забавите и на кафе-средбите, барем кога младината не е зафатена со училиштето. Да се споделат приказни од летото, авантурите, озборувањата. Сигурно некој пар раскинал, а зад тоа има некоја сочна приказна!


Уште од многу рано се шири празничната еуфорија. Неочекувањето до Новата Година и зимскиот распуст се зголемува секој ден, па кога ќе се стават првите сијалички на Рекорд и првите декорации на плоштад сета таа празнична енергија се испушта. И тогаш чувството е неверојатно.

Самите емоции на луѓето те прават да се чувствуваш како постојано да ги слушаш оние ѕвончиња од санката на Дедо Мраз.

За време на зимскиот период улица Македонија изгледа идеално. Сите кафулиња се со затемнети светла и некоја тивка музика. Нудат топли пијачки и неверојатен поглед кон долгата улица врз која непрекинато врне снег кој ги замаглува сијалиците и прави романтична, но сепак празнична, атмосфера и слика.

Дури и снегот не тера да се порадуваме. Впрочем не тера да се радуваме толку многу што за момент го занемаруваме фактот дека утре веројатно вратата од колата нема да можеме да ја отвориме и веројатно ќе задоцниме на работа. Но тоа сега не е битно. Воопшто не е битно.

Битна е атмосферата, битна е еуфоријата, битна е среќата. Битни се ѕвончињата на Дедо Мраз.

За момент трепнуваме и наеднаш се наоѓаме во просторија, опкружени си луѓе кои ги знаеме и кои не ги знаеме. Музиката е гласна, но можеме да слушнеме бледи гласови како одбројуваат. Три, два, еден..

И од секаде летаат честитки,
и од секаде се слуша огнометот,
и од секаде се гледаат разнобојни светла,
и од некаде се слуша весела музика..

И за момент трепнуваме, заспиваме.
Се будиме и од прозорецот во дворот го забележуваме првото кокиче.
Зимата завршува и Скопје згаснува, но многу други работи почнуваат и Скопје повторно се буди.

И одиме од почеток, бидејќи Скопје не спие.
Скопје е еден од оние градови кои се посебни.

Навистина посебни.




 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,375
7,071
1,183
The_Mayor и Dr.Gonzo за parvati

Парвати, човекот кого господ го прати, човекот кој од смртта се врати, човекот кој нејќе данок да плати, кој сака да клеца ама на рати. Еднаш парвати се разбуди трезен, без да и виде на масата шопска за мезе, зема ракија и се напи една чашка, па отиде да покова во бавча, комшијата Батко Ѓорѓија му фрли уште една ракија, парвати културниот не му рече фала, стаи една чашка и на екс ја мавна. Ископа пиперот и патлиџаните, па отиде во шума да ги види партизаните, си зеде канта со вазелина и кон гората замина. А таму на долги бели маси се собраа сите педераси.
Друже парвати ми ти се кунемо, дај руку и ногу да ти цунемо.Здраво живо партизани ја донесо патлиџани, ракииче, мезе и пола кило нафора ск ке се јаву да га викну Мајора, Парвати забора дека нема мобилен, ах у пичку матер да му ебем копиле, се изнервира малце како пауер ренџер па му текна дека има пејџер, „Мајоре стани чекав те партизани, викни га и Гонзо жене што ни рани“.
Мајорот завесла кајчето и му пиша на Гонзо притоа пцуејќи му го мајчето,
„Море Буљаш уште ли се љуљаш, пали авионот педеру скопски ке идеме кај парвати има салати шопски“
Гонзо само што се разбуди меѓу 10 жени, кои едвај чекаа да стане да го растргнат ко хиени, зема пејџерот на мајорот да му врати, да се соберат сите да идат кај Парвати. „Абе Азис Положани, сега прочитав со очи замижани, само да го средам харемов мој ѕверски, ке дојдам натака со едно 5-6 женски“.
Мајорот собра од кладилница пари, конечно имаше ксмет да си ќари,
Отиде дома да праи склекови, и пред огледало да вежба разни шмекови,
Му пиша уште една порака на парвати, арно ама немаше кредит да се прати,
Ојде до банкана кредит за да дигне, и побрзо во градот на бандерите да стигне.
По пат за две банки се напи ракија на екс и влезе во своето Пежо 206,
Со Гонзета и жените на аеродром се најдоа, пафнаа еден штраф и од смеење се зајдоа.
Автобус изнајмија за жените да ги сместат, една од нив и на Парвати ке му местат.
После саат време пристигнаа во гората, Парвати во криза на дрвјата им ја пушеше кората. Кога ги виде наочарите ги дигна, најгласно ги опцу и уште погласно ждригна, закопа на кромид од салатата шопска, пола харем избега а Гонзо цел се посра. Еден од педерите крена паника рече : парвати е наш хеј, Гонзо му воздврати: Ако ти ждригнам косата ко на мотор ќе ти се вејт.
Од долгите бјали маси станаа сите педераси, а тројцата мучачоси си седнаа кралски. Мајорот се раздува како горски ветер и на парвати му рече: Ти од денес нема да си п***р.
Другарот Парвати гордо се исправи, погледна во жените на Гонзо и уште нешто му се „исправи“. Му стана јасно дека треба да ја напушти својата војска, и веднаш ја испрати да се тепа во Полска, Гонзо предложи да му даде 2 жени од харем, Мајорот се согласи и изгласаа сите кворум.
Од тој ден Парвати стана член на нашит форум.

Сега Парвати задоволен на форум си седи, и на профил од девојките педерски песни реди. Без вулгарен збор не поминува мислење, затоа после него поминуваат модераторите со чистење. Многу обожава да збори на охридски дијалект , затоа Мајорот му отвори тема Парвати -Охридски речник респект.
parvati напиша: ↑

здрау ја сум си даре парвати, го реметам мајор на рати : P

Ех Парвати , парвати да видиш сега кој, за јајца го фати.
Во Харем е нон стоп ужива да постира, со шмекерски заводлив хумор - љубов интерпретира.
Ако после стихотворбава остана со отворена уста, напиши коментар : me gusta me gusta.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Кај ова од ZmajChe јас ништо не можам да прочитам. Црна позадина и црни букви не одат некако...
Останатите сте добри. Искрено, очекував весник во пдф формат, ама ајде....
 
  • Like
Реакции: ZmajChe
Статус
Затворена за нови мислења.