Формула за успех во општеството

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Која е формулата за успех во македонското општество?

Пред некој ден читав една интересна колумна поврзана за општествената интеракција и односи меѓу луѓето и една реченица ми остави посебен впечаток а таа беше - “За да успееш во општеството (во неговите скалила) мора да ја убиеш својата совест. И ако добро размисли човек за жал е така во нашето општество.
За разлика од запад на пример каде со знаење и умеење се стигнува до скалилата погоре. Кај нас главно е со кодошење, лаги, манипулации и слични гнасни ствари.

Какви се Вашите гледања во врска со ова прашање?
Споделете некои искуства. :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: TIGERWOMAN31SK

Dare

Староседелец
15 јули 2012
84
86
618
Формулата за да успееш во нашево општество е да имаш дедо владика, ако си генетски одпадок треба многу да го ипотиш задникот и да ти се погоди хороскопот...
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Аа, Леги, напредок, тема со свои зборови, плус со цел, без да укривува машки или женски единки и не е во секс. Браво. За правописот понатака ќе дискутираме. (y)

И западот не е поарен, тоа само филмовите го солат.
Единствено таму на поскриен, подобро промислен и пософистициран начин се јебат у мозок, за разлика од нас, кои се силиме и сељачиме јасно и гласно со кроење капа на нероден Петко, и после на дедо ми сестра ти е крива кога ќе не` спукаат.

За да успееш треба да си ѓубре. Упикливо ѓубре што ќе плука позади грб, а потоа ќе лиже.
Да си искористувач и егоист. Најбитно од се` - лицемер.
Лицемерието и манипулацијата ти се клучни.
Ако човек не го бива за тоа, поарно нека си купи стадо овци од трговац Аљмир и нека замине во *рандом село* на ливада.
Барем млеко и волна ќе си има, плус нема да е највеча овца.
 

Lady*

Староседелец
1 април 2012
1,965
6,158
1,133
Аа браво Леги за напредокот..(bravo)
За да бидеш некој и нешто во ова наше општество треба да имаш ептен јаки врски ( мама, тато, бато ) без разлика на твоето знаење, твојот квалитет во одредена област..
Значии формулата ќе му дојде вака некако: Јас + Врски = Успех :D
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,119
1,683
1434.jpg
 

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
Аа браво Леги за напредокот..(bravo)
За да бидеш некој и нешто во ова наше општество треба да имаш ептен јаки врски ( мама, тато, бато ) без разлика на твоето знаење, твојот квалитет во одредена област..
Значии формулата ќе му дојде вака некако: Јас + Врски = Успех :D

ти фалит уште кодошењето за целосна слика на македонското општество :kafe
 

990Freak

Староседелец
12 март 2012
1,275
1,911
1,123
Kumanovo
Успех во општеството ... то му доџе како неостварен сон на Македонскиот напатен народ. За почеток ти требаат врски, плус нешто капитал, за да можеш да поткупуваш врховисти. Наредна фаза, кога веќе си запливал у водите, треба да си измамник, манипулатор, кој ќе си подигрува со рајата. Во вторникот што помина бев сведок на насилна наплата на плата од работниците, на еден објект во Куманово. Три месеци не примиле плата, и за сметка на тоа ставија даски и стиропори на еден куп, и се јавија на „газдата“ , му дадоа рок од саат време за да донесе пари, или зградата ќе гори. Каков револт имаше, да не им донесе у рокот пари, ќе ја запалеа. Поентата ми е - дали тој работодавецот, кој ги искористува вработените, успеал?
 

Succubus

Истакнат Член
28 февруари 2012
562
835
393
under your skin.
На запад се доведува успех со знаење и умеење?!
Ма секаде, не само на исток се дешава да успеваат луѓе со 5 лица (мада е малку 5), одвратни и манипулативни и бла бла... Затоа јас не би генерализирала на тој начин. А и убаво си кажаа погоре, што е успех во општеството? Политичарите? Девојчињата од по 16 години на порно страните? МанекенИТЕ :D ?
Јас не барам некакво посебно издигнение, некаков си значаен, кој знае колкав голем успех во општеството, зашто знам дека можно е и јас да станам една од црното семе. Затоа што и ние луѓето сме алчни по пари, па би направиле секакви гнасни работи, колку и да велиш во моментов дека ќе бидеш чесен и не знам што..
Да не забегувам, зошто на крај краишта да има некоја формула по која треба да се водат нештата?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena