Филмски новости

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Тема за сите филмски новости, и новости поврзани со актери/ки и режисери.

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ludaca

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
ФИЛМ ЗА ЛЕЈДИ ГАГА

Lady_Gaga.png

Лејди Гага ќе стане филмски лик во филмот за својот живот и дело, приказната ќе биде сконцентрирана на краткиот период откако таа се појави на сцената па се до денес. Но, иако само неколку години беа доволни за да неа ја наречат "легендарна", американските продуценти одлучија да и посветат игран филм "Monster: The Lady Gaga Story"сконцентриран на нејзините почетоци, од кој еден дел ќе биде базиран според информациите кои излегле од нејзиното поранешно момче.

Истите тие продуценти наводно се во потрага по пред се непозната, нова и млада актерка за главната улога на младата Гага, чие вистинско име е Stephanie Germanotta. Поради сето ова популарната 25-годишна пејачка моментално е особено загрижена, нејзините пријателки велат дека е бесна и е во паника поради тоа што нејзиниот живот ќе се разоткрие во еден телевизиски филм, и тоа без нејзина контрола. Пејачката не сака луѓето да ја запознаат и како несигурна личност, каква што била, бидејќи нејзината цел е да ја доживеат како моќна и силна, вели извор близок на контроверзната пејачка.

извор: ТВ ПАКЕТ
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: mAcIkA

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
ПРИСТИГНА ТРЕЈЛЕРОТ И ПОСТЕРОТ ЗА НОВИОТ ФИЛМ НА ЏОНИ ДЕП - „ТЕМНИ СЕНКИ“
dark-shadows-1st-poster.jpg

Долго очекуваниот трејлер за филмот "Dark Shadows" на Тим Бартон конечно пристигна и може да го погледнете подолу! Трејлерот кој започнува со мрачна хорор сцена каде ликот на Џони Деп, Барнабас Колинс се буди од смрт - станува комедија!
Видеото е исполнето со хумористични сцени, вклучувајќи ја и сцената каде Колинс се шокира кога сфаќа дека заглавил во 1972 година.
Колинс е богат, моќен плејбој кој исто така е и сопственик на Collinwood Manor. Тој сепак прави огромна грешка кога ќе го скрши срцето на Бучард, вештерка која му одредува судбина полоша и од смртта, го претвора во вампир и потоа го закопува жив.
Два века после неговата смрт, Колинс случајно ќе биде ослободен од својот гроб. Вампирот ќе се врати во својот замок но ќе сфати дека неговиот огромен имот се распаѓа. Таму ќе го чекаат средби и расправии со чудовишта, вештерки, вампири, врколаци и духови.
Базиран на Готската сапунска опера од 1960 година, во "Dark Shadows" освен Деп се појавуваат и Ева Грин, Хелена Бонам Картер, Клое Морец, Мишел Фајфер, Џеки Ерл Халеј и Џони Ли Милер.
Warner Bros. Pictures ќе го објави филмот во кината на 11 мај.
ИЗВОР: Tm.mk
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Eva and Blondie

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
ЌЕ СЕ СНИМА „САМ ДОМА 5“

За следните божиќните празници ќе може да се прикажува „САМ ДОМА 5“ ! ТВ мрежа Еј-Би-Си Фемили најави дека ќе започне со снимање на овој филм кој ќе биде прикажан во склоп на овогодишната божиќна програма.

Петиот дел од серијалот 'Сам Дома' нема да се прикажуваат во кината туку ќе го снимаат директно за телевизија. Лошата вест е што покрај Меколи Калкин, во овој ТВ-филм нема да се појават ниту Џо Пески, ниту Даниел Стерн, но можеме да ја очекуваме телевизиската ѕвезда Деби Мазар и легендарниот актер Малколм МекДауел.

'Сам Дома 5' ќе го претстави новиот главен јунак, осумгодишниот Фин (Кристијан Мартин) кој не е задоволен со преселбата во новата куќа. Верува дека куќата е опседната и поставува замки низ неа, верувајќи дека така ќе го фати духот. Наместо тоа, замките ќе го фатат триото крадци кој се обидуваат да влезат во куќата во која се наоѓа Фин и неговата сестра...
 

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
Dark Shadows може да се погледа,,, ми се допага како е претставен како вампир,,но Интервју со вампирот останува мој омилен филм со вампири
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Том Круз како рокер во најновиот филм
rock.jpg
Во најновиот филм „Рок за цела генерација “ (Rock of Ages), Том Круз се појавува во улога во каква што досега не сме го виделе. Тој ја изведува песната „Wanted dead or alive“ од Бон Џови. Самиот актер во филмската верзија на истоимениот мјузикл игра и пее пред камерите како рокерот Стејси Џекс. Филмот го режира Адам Шенкмен, кој во 2007 година го направи мјузиклот „Спреј за коса“ (Hairspray), а покрај Круз во филмот играат и Алек Болдвин, Кетрин Зета Џонс, Расел Бренд и други.

извор: Дневен весник „Ден“
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Трејлер за „Со љубов за Рим“
to_rome_with_love.jpg

Излезе трејлерот за новиот фил „Со љубов за Рим“ на Вуди Ален. Во неговата нова комедија, тој не ги нуди само убавините на стариот Рим, туку и комичните ситуации предводени од актерите Елен Пејџ, Пенелопе Круз, како и самиот Ален кој повторно се појавува на филмското платно по пауза од 6 години. Во „Со љубов за Рим“ покрај нив глумат и Алек Болдвин, Џеси Ајзенберг и Роберто Бењини. Италијанската премиера на филмот е закажана за 2 недели.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: i_wanna_fly

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Стандардно како и секоја година во Кодак театар арената во Калифорнија по двоипол часовното гламурозно влегување на сите познати личности на црвениот тепих , домакинот Били Кристал го отворија 84-тото доделување на Оскар.
Оваа година сите погледи беа вперени во фаворизираните:„Уметникот" ,"Наследници" ,"Куќни помошнички", "Хуго" како и Џорџ Клуни и Мерил Стрил.

Како презентери оваа година се појавија:Том Хенкс, Том Круз, Хали Бери, Анџелина Џоли, Кристијан Бел, Сандра Булок, Крис Рок, Пенелопе Круз, Камерон Дијаз, Џенифер Лопез, Ема Стоун и многу други. Наградите оваа година ги собра "Уметникот", "Хуго",Челичната Лејди. Во продолжение ви ја презентираме целата листа на наградени:

Најдобар филм: "Уметникот"
Најдобра женска главна улога: Мерил Стрип - Челичната Лејди
Најдобра машка главна улога: Жан Дужардан- Уметникот
Најдобра режија: Мишел Азанабишес-„Уметникот“
Најдобра споредна машка улога: Крисофер Пламер- „Почетници“
Најдобра споредба женска улога: Октавија Спенсер - „Куќни Помошнички“
Најдобар анимиран филм: Горе Ребински - "Ранго"
Најдобра сценографија: Данте Ферети и Франческа Ло Скјаво- "Хуго"
Најдобар директор на фотографија: Роберт Ричарсон - "Хуго"
Најдобра костимографија: Mарк Бриџис - "Уметникот"
Најдобар странски филм: "Развод"(Иран) -Асгар Фархади
Најдобра шминка: Марк Колијер и Џеј Рој Хеланд - Челичната Лејди
Најдобра музика: Ludovic Bource - "Уметник"
Најдобра звучна монтажа: Филип Стоктон и Јуџин Гијарти - "Хуго"
Најдобри звучни ефекти: Том Флајшман и Џон Миџли - "Хуго"
Најдобро адаптирано сценарио: Александер Пејн, Нет Факсон и Џим Раш - "Потомци"
Најдобро оригинално сценарио: Вуди Ален - "Полноќ во Париз"
Најдобар документарец: Ти Џеј Мартин, Дан Линдзи и Рич Мидлмас - “Undefeated”
Најдобри визуелни ефекти: Роб Легато, Џош Лилијамс, Бен Гросман и Алекс Генинг- "Хухо"
Најдобра монтажа: Кирк Бакстер и Ангус Вол - "Девојката со теоважа на змеј"
Најдобра оригинална музика: Лудовик Боуце - "Уметник"

Ова веќе е поминато одамна, но добро е да се знае.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Прва клапа на „До балчак“, новиот филм на Столе Попов

Снимањето на новиот филм на Столе Попов „До балчак – Приказна од Дивиот Исток“ ќе почне во четврток во демирхисарското село Света, најавија од продукцијата „Триангл филм“
. Снимањето ќе трае десет недели и ќе се одвива во околината на Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, Штип и на Прилеп.


Се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за него” - вели Попов, кој снима филм по 15 години пауза

Филмот, работен по сценарио на Горан Стефановски, е во копродукција на „Сектор филм“, „Fx3x“ и МТВ. Продукцијата најавува дека во Света има комплетно изграден филмски сет за потребите на филмот и ќе претставува железничка станица - контролен пункт во Отоманската Империја. Филмот е целосно поддржан од Владата и е квалификуван како проект од национален интерес.

Станува збор за сурова, но романтична љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена од агол на строга индивидуалност, лишена од каква било идеологизација. Слободата, правдата, љубовта, среќата, жртвувањата и предавствата се доживеани низ катарзични емоции што допираат „до балчак”.

Се е во знак на типичниот парадокс издигнат до ниво на проверената балканска филозофска максима: „Ебати животот ако не си спремен да умреш за него” - вели Попов, кој снима филм по 15 години пауза.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Инти Шрај, Сашко Kоцев и Мартин Јордановски. Играат: Тони Михајловски, Сенко Велинов, Мики Манојловиќ, Никола Kојо, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Никола Ристановски, Гораст Цветковски, Ана Kостовска, Владо Јовановски, Kамка Тоциновски и други.
Директор на фотографија е Апостол Трпески.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: The Tramp