Фан Клуб: Ливерпул

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
27
Liverpool Football Club или The Reds се најтрофејниот англиски фудбалски клуб и еден од најтрофејните европски клубови. Седиштето е во Ливерпул. Основан е 15 Март 1892 од страна на Џон Хулдинг. Моментален директор на Ливерпул е американскиот бизнисмен Џон Хенри. Домашен стадион е Енфилд (Anfield) со капацитет 45,522. Моментален менаџер на клубот е Брендан Роџерс. Ливерпул ги има едни од најверните навивачи на светот (Kopites) кои го следат Ливерпул на најпопуларната трибина во Англија па и во Европа - Копот. Химната на Ливерпул е : You'll never walk alone или во превод : Никогаш нема да ве оставиме сами.
370px-Liverpool_FC.svg.png

Трофеи : Фудбалска прва лига (англиски фудбалски шампиони ): 1900 - 01, 1905 - 06, 1921 - 22, 1922 - 23, 1946 - 47, 1963 – 64, 1965 – 66, 1972 – 73, 1975 – 76, 1978 – 79, 1979 – 80, 1981 – 82, 1982 – 83, 1983 – 84, 1985 – 86, 1987 – 88, 1989 – 90
Втора лига: 1893 – 94, 1895 – 96, 1904 – 05, 1961 – 62
Ланкашир лига : 1892 – 93
ФА куп Победи :1965, 1974, 1986, 1989, 2001, 2006
Лига куп Победи : 1981, 1982, 1983, 1984, 1995, 2001, 2003
ФА хуманитарни цели / ФА општински цели: 1964 (поделена), 1965 (поделена), 1966, 1974, 1976, 1977 (поделена), 1979, 1980, 1982, 1986 (поделена), 1988, 1989, 1990 (поделена), 2001, 2006

Супер куп Победи : 1986, 2001
Европски Европски куп и УЕФА шампионатот: 1977, 1978, 1981, 1984, 2005
УЕФА куп Победи: 1973, 1976, 2001
УЕФА супер куп Победи: 1977, 2001, 2005

Искрено се надевам дека има и навивачи на Ливерпул во форумов. YNWA :)
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Нели го освоија Лига-купот лани со Далглиш? Имаш пропуштено по некој трофеј :p

Веројатно најголемиот клуб во Англија. А со тоа и во светот. Штета што последниве години се претвора во медиокритетски клуб, статус кој е зацементиран со носење на Б.Роџерс на местото на Далглиш, ефтин потпросечен менаџер, бескарактерна креатура на местото на легендата. Прогноза - и оваа година нема да освои ништо и нема да се пласира во ЛШ, како и минатата. Во која успеа да биде елиминиран од третолигаш во ФА купот...:)
 

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Почнав да навивам за Ливерпул од времето кога играше Фернандо Мориентес за нив.
Ја паметам старата постава од Чаби Алонсо, Рисе, Хипиа, Луис Гарсиа. Времето кога освоија Лига на шампиони.
Во последниве неколку години од кога го сменија Бенитез, и дојде оној не ми текнува како се викаше мислам дека и една сезона беше селектор и на Англија, послаба сезона од тоа немам видено.
Друг фудбал играа во времето на Даглиш, а друг сега. Јасно ми е дека секој тренер си има посебна стратегија, ама кога Даглиш беше тренер го оставаа срцето на терен.
Се надевам дека барем оваа сезона ќе се пласираат помеѓу првите четири во Премиер лигата. Мерак ми е после долго време да ги видам во Лига на шампиони.:sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VanHelsing and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Рој Хоџсон беше после Бенитез, опседнат беше со бизарни трансфери :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VanHelsing

Redhead

Bookworm
23 февруари 2012
1,060
2,039
1,133
Neverland
Рој Хоџсон беше после Бенитез, опседнат беше со бизарни трансфери :D

По дудук тренер од тој немам видено. Успеа да ги срамни Ливерпул само за 6 месеци. Пред да дојде Даглиш мислам дека беа 16 место на табела, нивни најлош пласман до сега.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VanHelsing

VanHelsing

Истакнат Член
6 октомври 2013
72
58
118
27
Почнав да навивам за Ливерпул од времето кога играше Фернандо Мориентес за нив.
Ја паметам старата постава од Чаби Алонсо, Рисе, Хипиа, Луис Гарсиа. Времето кога освоија Лига на шампиони.
Во последниве неколку години од кога го сменија Бенитез, и дојде оној не ми текнува како се викаше мислам дека и една сезона беше селектор и на Англија, послаба сезона од тоа немам видено.
Друг фудбал играа во времето на Даглиш, а друг сега. Јасно ми е дека секој тренер си има посебна стратегија, ама кога Даглиш беше тренер го оставаа срцето на терен.
Се надевам дека барем оваа сезона ќе се пласираат помеѓу првите четири во Премиер лигата. Мерак ми е после долго време да ги видам во Лига на шампиони.:sreken

Далглиш кога беше менаџер, стварно играчите оставаа срце на терен ама ете не му одеше како менаџер. Стратегијата не Брендан многу ми се допаѓа, посебно играта со додавања. Со доаѓањето на Кутињо потполно се смени играта на средината а со тоа и во нападот. Момчето е многу талентирано и може да стане икона на клубот ако остане кај нас. За оваа сезона се надевам на топ 4 и со ваква игра верувам дека ке стигнеме до Лига шампиони. :sreken
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Rêveur

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Евертон-Ливерпул 3-3, една од подобрите ако не и најдобра утакмица во оваа година. Лесно можеше да биде и 10-7 за Евертон :pusi
Шанси, пресврти, ненормални одбрани и можности за победа на двете страни во судиско надополнување.
По некој касапски инцидент, колку да се продолжи традицијата, fear & loathing at Goodison Park.

Totemhen sampijoni ! :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: VanHelsing

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Штета што менаџерот и играчите не го испратија на достоинствен начин, за разлика од публиката.:(
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Altaïr and Хоуп*