Фаворити на месецот | Црнобело Форум

Фаворити на месецот

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
Познати ви се на сите оние youtube видеа со наслов Month favorites, каде се споделуваат омилени производи без разлика дали е тоа козметика, книги, филмови, музика, облека, храна, видео игри... па зошто да немаме и ние таква тема во која ќе збориме за нашите омилени производи. Би сакала да даваме и подетален опис зошто баш тоа ни се допаднало.
Немора да биде тоа еднаш месечно, ете нека биде и неделно или дневно зашто лично јас, можеби не секојдневно но неделно откривам по некој добар производ кој ми остава впечаток.
Искрено незнам дали насловот е соодветен па предложете и наслов, или модераторите слободно можат да го сменат ако имаат идеја.
Јас ќе почнам па ако ви се допаѓа темата, (и ако нема слична) продолжете по мене.

Искрено за овој производ што ќе го спомнам бев скептик и го купив по препорака, но без многу верба дека е стварно добар.
Крем од невен (поточно овој на Афродита).

Беше околу 170 ден. прилично ефтин, но буквално ме спаси зимоска од сувата кожа и црвенилата што се појавуваат од ладното време. Секоја година се мачев со тој проблем ама сега си го најдов решението. Понекогаш го користам и како крем за раце и супер е.

Вториот производ е Сникерс со лешник.

Незнам дали е нов, но го немав пробано до пред некој ден и слободно можам да кажам дека повеќе ми се допаѓа од оној другиот. Најверојатно зошто не сум обожавател на кикиритки.
Продолжете со ваши производи и сменете го насловот. :zelen
 
Последна промена:

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,199
1,133
Лајк за темава (y)
Како фејворит производ на месецот би го одбрал Balea roll on men
спречува потење и штити речиси цел ден не предизвикува чешање и не остава бели дамки
и убаво мириса
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
2468.jpg
Бидејќи устата често ми пука,бидејќи е ладно,овие ги користам,а и не сум обжавател на кармини,а Мaybeline ми е најомилен бренд.Преубави се и сите ги имам.
images101.jpg
И овие многу ги сакам.Многу добра козметика имаат.
download (94).jpg download (95).jpg download (97).jpg download (98).jpg download (100).jpg download (99).jpg
Oд производите на Victoria's Secret сум најзадоволна.Не на месецот,на цел живот.Уште да бев ангел.
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,522
14,431
1,683
Таму каде што треба
Кремава за раце ја издвојувам како фаворит.Ја купив за татко ми бидејќи има многу суви раце и можам да кажам дека е ефикасна.
Ја земав на попуст,околу 300 ден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba

Ditto+Maker

Истакнат Член
8 декември 2014
351
254
373
Bookworld
Јас пред извесно време ја открив апликацијава која се вика Scanbot.
Достапна е за iOS и Android(колку што знам за Windows ја нема). Ми стоеше така, само еднаш пуштена, се додека не ми затреба денеска. Всушност, се работи за апликација со која се скенираат документи, слики. Значи кога нештото кое сакате да го скенирате, го поставувате пред камерата на уредот и самата апликација го регистрира документот и го скенира(слика). Може да се скенира со ефекти или без ефекти.
Постои опција Pro, за чие користење треба да платите извесна сума, во зависност од тоа колку време сакате да ја користите. Со оваа опција ќе може да се препознава текст на неанглиски јазик(германски, италијански, француски, јапонски, кинески, може уште некој да има) и истиот да се преведува, да се додаваат ефекти кои ги нема во обичната опција и сл.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,017
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Jogobella American овошните јогуртчиња. Се започна со "Ај да пробам едно." и прерасна во завист. За неколку дена ги дегустирав сите и кое од кое е повкусно, башка доста заситуваат.

јогобела американ.jpg

Исто, кремава на Garnier. Зошто имам сува кожа, многу ми одговара и шљапам по 4-5 пати на денот, и на лице и на раце. :giggle А мислам дека уште повеќе ќе ми се погоди на лето, зошто некако лади кога ќе ја намачкаш на лице, освежува.

garnier body repairing cream with maple sap.jpg
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
На 1 место овој месец, а верувам ќе остане и наредните неколку.
Превкусно е, прекремасто, преубаво.
Мислам дека го има во Тинекс, а иначе јас си го пијам низ кафичите.

2. aa Game.
На сите позната сигурна сум во тоа.

3. Black mineral mask- Avon
Ја добив пред некое време на подарок од другарка зачленета во Авон и пошо не користам маски за лице стоеше неотворена. Дојде денот кога немаше што да правам па решив да си посветам време на себе као демек... Занес. :giggle
И така пред очи ми излезе маскава... (меѓу другото :svirka).
Прилично сум изненадена, кожата ми е помека и помазна и ја осеќав посвежа, па од тогаш си ја користам два пати неделно. Можеби си правам филм зашто не сум користела маски до сега, па се воодушевувам на оваа, но кој ја пробал нека каже. За мене и за мојот тип на кожа е супер.
 

Fashion.Lover

Староседелец
19 февруари 2015
297
83
628
New York,New York
download21.jpg
Најдобриот шампон за мене досега!

victorias_secret_body_mist_516317ede087c323f2e76642.jpg vic006com-fashion-show-media-kit-2013-vs-makeup-backstage-victorias-secret-hi-res (1).jpg

За продуктите на ВС не ни морам да коментирам,зашто тие ми се омилени продукти на векот.Како и Baby Lips:
2468.jpg
 
Последна промена:

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,017
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Најдоброто нешто за хидрација на тело! Кога користам млеко/лосион/крема/whatever за тело, битно ми е лесно и брзо да се апсорбира и при тоа, да не ја направи кожата мрсна. Neutrogena fast absorbing light balm - токму тоа и е, лесен крем кој брзо се апсорбира. Има речиси неутрален мирис, баш онака класичен, што е бонус за мене. Башка, 300 мл за 200 ден. е премија.

neutrogena fast absorbing light balm.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky