Уредување на ентериери - кујни

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
Во моментов сум во фаза на уредување на мојот стан и конкретно сум во потрага по совршена кујна. Споделете искуства, што е добро, а што не, каков тип на материјал, бои, практичност, идеи и предлози. Благодарам!
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Зависи во кој стил сакаш, а и колкав ти е буџетот. Бидејќи не знам што конкретно се нуди во државава, можам само да нафрлам општи идеи. Да почнам прво од просторијата, а потоа на деталите. Што е до мене, јас би ги оставила ѕидовите бели, евентуално би ставила друга боја на плочки во средишниот дел односно помеѓу елементите. Белите ѕидови ја отвараат просторијата (кујните најчесто се мали), и даваат одредено чувство на чистота (сепак, хигиената треба да биде на прво место во кујната) и најлесно е да се комбинира со останатите делови. Наспроти ова, подот би го затемнила. Сепак е под, најмногу се валка, а и не сакаме кујната да личи на болница. За мене, its all about the details. Просторијата сакам да биде неутрална за да можам да се сконцентрирам на деталите и со нив, да и дадам живот на кујната. Во ова спаѓа буквално се: може столчињата да се истакнуваат со друга боја или пак само поставата/перницата на столчињата; понекогаш силните бои на тенџерињата, препаратите и останатите украси и даваат посебен шмек; дизајнот на сјалицата; бојата на килимот; итн. Еве неколку примери со слики, па може ќе се најде нешто слично во нашите продавници:

svetol-i-udoben-dom-10.jpg1.jpg2.jpg3.jpg4.jpg
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
За да ти дадеме идеи за совршена кујна прво треба да знаеме со каков простор располагаме, мал, голем, дали има прозор во кујната, дали има опција за изведба на шанк, каков вид на плафон има... :)

Во секој случај според мене совршена кујна е(во зависност од можностите) онаа што има поголема работна површина и вградени машина за садови, рерна и фрижидер. Што има шанк на кој што можеш на сабајле набрзина да си каснеш за да не правиш урнебес во трпезарија, што има функционални складишта за кујнски прибор, крпи и триста чуда.
Тоа се' јас го добив за многу добра цена(што секое просечно македонско семејство би можело да ја плати) по порачка во Танекс мебел во Скопје. Децата одлично си ја завршија работата, како што го нацртавме нештото така изгледаше и во реалност. Одлична работа за прилично ниска цена.
Тоа нешто во реалност би изгледало нешто налик:

elegant-otherwise-simple-kitchen.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Јаболче

Шмекси

Истакнат Член
15 февруари 2012
1,133
1,065
113
Скопје
www.statik-group.com
Во моментов сум во фаза на уредување на мојот стан и конкретно сум во потрага по совршена кујна. Споделете искуства, што е добро, а што не, каков тип на материјал, бои, практичност, идеи и предлози. Благодарам!


Зависи дали сакате готова кујна или кујна по ваша мерка со составување.Најбитно е да обрнете внимание на квалитетот на материјалот и функционалноста отколку на изгледот.
Ако сте заинтересирани оставете ми ваш контакт во порака.
 

Јаболче

Полноправен Член
8 октомври 2013
30
23
8
38
А, ме интересира, од брендовиве кои се застапени кај нас, знаете ли кои се квалитетни - зборам од типот на Леснина, Дом Италија, Монтенегро, Каза Италија и сл?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Кујната сакам да ми е просторна, но што поедноставна и попрактична, по можност заедно со трпезаријата пошто во овој стан се ко одделни соби и е многу безвезно.

Ова е сосема доволно.
4836_13358_22288_prj.jpg

Ова веќе би било подмоч. :zelen
model-home-kitchen-and-dining-room-michelle-finnamore-interiors-ltd-img_f3d1ac9000d365c3_8-849...jpg