Универзитет „Свети Кирил и Методиј“

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е првиот државен универзитет во Република Македонија, формиран во 1949 година со три факултети.
Денес, тој претставува заедница на 22 факултетa, 5 научни институти и 11 придружни членки од кои 4 се јавни научни институти, а неговата дејност е уредена со Законот за високото образование и со Статутот на Универзитетот. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје развива студиски програми во сите научни области - општествените, техничките, природно-математичките, медицинските, биотехничките и во уметностите, а истражувачката работа, освен на факултетите, се одвива и на научните институти во состав на Универзитетот.
Сликата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, конкретно, може да се претстави низ следниве бројки: во наставно-образовниот процес на сите факултети се вклучени околу 50.000 студенти од Република Македонија во сите циклуси на студии, како и повеќе од 700 странски студенти, а над 2.700 наставно-научни и соработнички кадри го изведуваат наставно-образовниот и научниот процес на факултетите и институтите.
Во досегашниот развој на Универзитетот се создадени над 126.000 високостручни кадри, над 5.300 магистри и специјалисти и точно 2.979 доктори на науки од сите наставно-научни области.
Во вкупната дејност на Универзитетот посебен белег имаат спортските, уметничките, информативните, рекреативните и други активности организирани во разни друштва, сојузи, клубови и слично (превземено од ukim.edu.mk)

Во склоп на универзитетот се следните факултети: Архиректонски, градежен, економски, машински, медицина, педагшки, правен, природно- математички, стоматолошки, технолошко- металуршки, дизајн и технологии на мебел и ентериер, драмски уметности, електротехника и информатика, земјоделски науки и храна, информатички науки и компјутерско инженерство, ликовни уметности, музичка уметност, физичка култура, фармацевтски факултет, филозофски, филолошки, шумарски факултет.

Овој универзитет е најдобар универзитет во Македонија, според повеќе листи и истражувања, заслужува тема во форумот. Колку од вас сте студенти во УКИМ? Што мислите за знаењето кое го добиваат студентите? Дали со право се нарекува најдобар?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Natenceto

Староседелец
6 март 2012
1,031
1,193
1,123
Скопје
Јас сум студентка на уким, ама да ви кажам кај секој факултет е хаос, да не зборам на дрскота на шалтерите, за нивната безобразност спрема нас, ама ако сакаш да успееш мора се да трпиш, кадрите се океј учиме предмети чии што книги понекогаш воопшто и ги нема на македонски. Голема штета е што вецињата не им се чисти иако чистат така ги оставаат, некои врати немаат кваки да ти е гроз да се фатиш и на клучот. Што е тука е, плаќаме одредени обврски за кои не ги добиваме.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
За знаењето кое го здобиваш не можеш да коментираш затоа што тоа е релативна ствар. Секој факултет има различен начин на функционирање и од тоа многу зависи каков кадар произлегува. Јас можам да зборувам за мојот факултет, т.е. за електро (или ФЕИТ по ново). На електро се` е хаос. За испитна и колоквиумска се дознава една недела пред да биде, а додека почне секој ден има нов распоред за полагање. Во распоредот не пишува кој каде полага туку тоа се кажува одма пред колоквиум или испит во факултетот (и тоа обично се лепи ливче 10х10cm и по 200 души се залепуваат на столбовите за да видат кој каде полага). Обично ретко полагам таму каде што пишува и се шетаме по училници додека најдеме слободно место.
За знаењето јас лично сум разочаран, т.е. повеќе сум разочаран од системот на оценување. Јас апла гледам како мои колеги си добиваат 10ки со препишување, со учење на памет (и после тресат глупости на предавања) и сл. Но има 2-3 професори кои ми се омилени и кои бараат да им докажеш дека си го совладал материјалот со разбирање, а не со бубање на памет. За предавањата немам замерки, сите професори имаат солидни предавања и убав начин на пристап (освен бабата по математика (кој бил ја знае) која предава математика со проектор), никој не се понаша кренато демек има титула професор па да те одбие за потпис или пак ако прашаш нешто да не ти објасни и сл. Но за асистентите имам премногу замерки. Всушност нема семестар во кој јас не сум се испокарал со најмалку 2ца асистенти (или на среде аудиториски или на консултации или пак на лабораториски). Асистентите, барем повеќето што сум ги имал досега, доаѓаат на вежби не многу спремни, прават почетнички грешки, препишуваат задачи од скрипти и не можат да ти објаснат нешто и сл. проблеми.
За студентски прашања нема фрке. Си закаснил со рок за предавање документи за заверки или упис на семестар, не е проблем: или плаќаш 500 ден. или одиш еден ден на работа горе кај нив:) Има само една лоша теткица со која сите се караат. За продеканот не сум слушнал лош збор затоа досега нема молба што ја одбил ако бидиш искрен со него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sugar

LoveDealer

Староседелец
3 март 2012
180
563
693
31
Во неговото срце.
Јас во глобала сум задоволна, барем од факултетот на кој студирам. Чисто е, вецињата се секогаш средени, амфитеатрите, предавалните исто така.. Се е океј според мене, освен тоа што ни бараат пари за секоја ситница, не крадат на велико. Инаку услугата исто е супер, не можам да се пожалам. Релативно сум нова на факултетиве бруцош, па можеби се немам толку запознаено со лошата страна на факултетот ама тоа е моето досегашно гледиште. Во врска со наставниот кадар, секој професор има големо знаење од областа по која предава, но за жал не секој знае тоа да го пренесе на нас студентите. Досега од 9 професори од 4 сум премногу задоволна што во глобала е добро:rofl тоа е тоа..
 

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
... А во меѓувреме, дел од поквалитетните приватни универзитети се’ повеќе му дишат на УКИМ во врат, и ја користат и најминималната грешка (искомплексирани професори, плаќања за глупости, мито на големо...) за лични придобивки...
УКИМ одамна не е тоа што треба да претставува со самото свое име, а не пак дејноста што ја врши - вадејќи ги идните професионални кадри на РМ.
 

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
е вака сега ми треба некој чоек шо учи на електро или ФЕИТ , кој како сака нека си го вика... да ми кажи како стојат работите таму, тешко е лесно , однос професор , студент... па уште ако е чоеко на компјутерско системско инженерство и автоматика.. таман ке биди... пошо таму планирам па сега да се информирам како стојат работите таму ...
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
е вака сега ми треба некој чоек шо учи на електро или ФЕИТ , кој како сака нека си го вика... да ми кажи како стојат работите таму, тешко е лесно , однос професор , студент... па уште ако е чоеко на компјутерско системско инженерство и автоматика.. таман ке биди... пошо таму планирам па сега да се информирам како стојат работите таму ...
Читај. Што не е јасно или сакаш да знаеш, слободно пиши ПП или овде.
За знаењето кое го здобиваш не можеш да коментираш затоа што тоа е релативна ствар. Секој факултет има различен начин на функционирање и од тоа многу зависи каков кадар произлегува. Јас можам да зборувам за мојот факултет, т.е. за електро (или ФЕИТ по ново). На електро се` е хаос. За испитна и колоквиумска се дознава една недела пред да биде, а додека почне секој ден има нов распоред за полагање. Во распоредот не пишува кој каде полага туку тоа се кажува одма пред колоквиум или испит во факултетот (и тоа обично се лепи ливче 10х10cm и по 200 души се залепуваат на столбовите за да видат кој каде полага). Обично ретко полагам таму каде што пишува и се шетаме по училници додека најдеме слободно место.
За знаењето јас лично сум разочаран, т.е. повеќе сум разочаран од системот на оценување. Јас апла гледам како мои колеги си добиваат 10ки со препишување, со учење на памет (и после тресат глупости на предавања) и сл. Но има 2-3 професори кои ми се омилени и кои бараат да им докажеш дека си го совладал материјалот со разбирање, а не со бубање на памет. За предавањата немам замерки, сите професори имаат солидни предавања и убав начин на пристап (освен бабата по математика (кој бил ја знае) која предава математика со проектор), никој не се понаша кренато демек има титула професор па да те одбие за потпис или пак ако прашаш нешто да не ти објасни и сл. Но за асистентите имам премногу замерки. Всушност нема семестар во кој јас не сум се испокарал со најмалку 2ца асистенти (или на среде аудиториски или на консултации или пак на лабораториски). Асистентите, барем повеќето што сум ги имал досега, доаѓаат на вежби не многу спремни, прават почетнички грешки, препишуваат задачи од скрипти и не можат да ти објаснат нешто и сл. проблеми.
За студентски прашања нема фрке. Си закаснил со рок за предавање документи за заверки или упис на семестар, не е проблем: или плаќаш 500 ден. или одиш еден ден на работа горе кај нив:) Има само една лоша теткица со која сите се караат. За продеканот не сум слушнал лош збор затоа досега нема молба што ја одбил ако бидиш искрен со него.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Jackal

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Читај. Што не е јасно или сакаш да знаеш, слободно пиши ПП или овде.
интересно инаку имама прашање дали професорите даваат премногу материјал за учење или сепак се движи во граници на нормалата и дали е можно пример само со следење на предавање , таму вежби слично да се добие една солидна оцена 7,8 па и 9 ?
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
интересно инаку имама прашање дали професорите даваат премногу материјал за учење или сепак се движи во граници на нормалата и дали е можно пример само со следење на предавање , таму вежби слично да се добие една солидна оцена 7,8 па и 9 ?

Јас ќе ти кажам мое гледиште, ама не го сфаќај здраво за готово.

Искрено, ретко кој професор прегледува тестови, колоквиуми или испити. Тоа е обично работа на асистентите, кои се ситничари невидени. Цела задача да ти е точна, може да ти земат поени ако не си пресметал точно туку си заокружил на 3-та децимала (не сите, ама повеќето). Материјалите за учење не се стрикно по една книга, туку професорите ти препорачуваат по неколку книги и си одбираш што сакаш и нема уцени ако не си купил негова книга. Во некои книги е поопширно, во некои накратко објаснето најглавното и сл. Материјали има колку сакаш, ама нема доволно време за читање. Предавањата кај повеќето професори се многу убави и јас учев воглавно само од предавања. За да добиеш 6-ка треба да совладаш 60% од задачите и од теоретскиот дел (кој се полага писмено, но го викаме усмен дел). Обемноста зависи од предметот, но повеќето не се многу обемни, но навлегуваме детално во материјалот и обично на колоквиуми и испити даваат задачи кои се комплицирани и бараат не само знаење туку и малку логика и по некоја финта:D Разликата од 6-ка до 10-ка не е многу. Оцените на електро се најмалку битни. Битно е да се положи:)