Трето око

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Цивилизацијава во која живееме е развиена до шеста врата (така велат некои информации), односно до шеста чакра.
Затоа луѓето со своите сетила можат да гледаат, да слушаат и да осетат некои дразби на физичко ниво, додека културата ни е усмерена кон материјалните задоволства. Но, се ближи крајот, ќе дојде нова цивилизација во која ќе има отворено многу повеќе врати и чакри, и човекот ќе комуницира преку телепатија без никакви проблеми, така да спонтано на луѓето ќе им се отвори третото око.
Сигурно сте приметиле, кога сакате да се концентрирате или нешто длабоко сте се замислиле, точката на вниманието оди малку погоре од веѓите во средина, а ако пробате да го насочите вниманието на друг дел од телото, концентрацијата се губи.
За луѓето од Исток,трето око не е ништо ново, тие дури имаат и методи со кои го отвараат, т.е. ја бушат точката во средината меѓу веѓите каде се наоѓа третото око и го оставаат тој канал отворен. Трето око во духовноста симболизира состојба на просветлување, поврзано е со религиозни визии, видовитост, препознавање, набљудување на аури и чакри, искуства надвор од телото и др.
Ви ја препорачувам книгата „Трето око“ од Лобсанг Рамп која ја прочитав во еден здив, малтене - ја проголтав. Ппрекрасно и лесно напишана и многу интересна, се рабира, за тие што сакаат ваков вид на психолошки книги.
images (1).jpg images.jpg treto-oko-.jpg
 
Последна промена од модератор:

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
абе може постои и ни служи за нешто
ама треба да си не во ред за да си
ја бушиш главата
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: I love you

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Да си ја бушиш главата? :eek:
За луѓето од Исток,трето око нее ништо ново,тие дури имаат и методи со кои го отвараат,т.с.ја БУШАТ точката во средината меѓу веѓите каде се наоѓа третото око и го оставаат тој канал отворен. Отвори ја прикачената датотека 21278
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: I love you and Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Оф мори муко, што била работата. Читам, препрочитувам, го пропуштам баш тој дел...какво бушење глава, си викам.
Лажам, не можев да дочитам од што се смеев. Гилти ес чарџд. Абе, да ми се нацрта. :D
Па сигурно мало некое дупче прават, не кратери ваљда. Пошто каналот ко канал, ко што влегува, може и да излезе од него, ако лошо се поткопал.
Тетин ми ко дете го дупнале со пенкало баш на средина на чело, те го уште има дупче, ама нема трето око.
Индијциве ги имаат околу 8 некаде, една од тие мислам дека е и таа Аџна чакра т.е. актуелната црвената точка на која зумираат камерите кога ќе се истури оризот за да доловат ефект на страдални очи.

Одамна имав читано па и за некој хит што станал по руралните средини поради супер-моќта да гледа 10ина секунди во иднината т.е. знае што ќе се деси со помош треќото око. Или ко што е по нашки познато - дежа ву. :D (така му објасниле на крај, урнебесна статија беше)
Трето око, трета нога...не верујем т.е. бар не во спиритуалните симболики на овие работи.
 

diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
абе може постои и ни служи за нешто
ама треба да си не во ред за да си
ја бушиш главата
Мислам дека и комшиите ме слушнаа како паѓам од смеење.Ако има во црнобел весник рубрика за најсмешен пост на годината или коментар,те предлагам тебе,цар си за комедии.Сега ке те прашам озбилно,кога нешто сакаш да се присетиш,да размислиш,дали обично со врвовите од прстите се допираш до челото,ја поднаведнуваш главата и полесно ти е така да се сконцентрираш?Таму е третото око.
 

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Погрешен термин е трето око,тоа не е само око туку и уво и уста (збор),гледате,слушате и зборувате работи кој за останатите се за неверување.
По соодветен термин би бил духовна папочна врвца,храна која е за малкумина позната,затоа за останатите е само верување или неверување.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Погрешен термин е трето око,тоа не е само око туку и уво и уста (збор),гледате,слушате и зборувате работи кој за останатите се за неверување.
По соодветен термин би бил духовна папочна врвца,храна која е за малкумина позната,затоа за останатите е само верување или неверување.
Не е така,ама ај утре околу тоа,
ме мрзи да пишувам :)

Ај сега(се предомислив)

Третото око е шестата од седум чакри се вика Ājñā-Аџна во превод и е поврзана со интуицијата и мудроста.Се вика и око на интуицијата.
Симболизира јасност и распоснавање(на вистината)
во спиритуалниот свет или кај будистите.
Затоа се нарекува и мајсторска-чакра.Затоа што е главна чакра.
Аџна е и мисловна чакра.Како што напишав поврзана е со интелектот и интуицијата.
Има посебни вежби и афирмации во јогата со која може да се активира,но чинам тоа не припаѓа овде.

Еве го и симболот.На Аџната и припаѓаат два листа од лотусот и ја обележува белата боја.Боја на јасноста и чистотата.
Кругот симболизира единство,а триаголникот почеток на совршенството.
image.jpg

Пс.И врска нема со видовитост и искуства надвор од телото.Приказни за мали деца.
 
Последна промена:

Pica pica

Староседелец
2 јуни 2013
1,564
2,090
1,133
90
Не е така,ама ај утре околу тоа,
ме мрзи да пишувам :)

Ај сега(се предомислив)

Третото око е шестата од седум чакри се вика Ājñā-Аџна во превод и е поврзана со интуицијата и мудроста.Се вика и око на интуицијата.
Симболизира јасност и распоснавање(на вистината)
во спиритуалниот свет или кај будистите.
Затоа се нарекува и мајсторска-чакра.Затоа што е главна чакра.
Аџна е и мисловна чакра.Како што напишав поврзана е со интелектот и интуицијата.
Има посебни вежби и афирмации во јогата со која може да се активира,но чинам тоа не припаѓа овде.

Еве го и симболот.На Аџната и припаѓаат два листа од лотусот и ја обележува белата боја.Боја на јасноста и чистотата.
Кругот симболизира единство,а триаголникот почеток на совршенството.
Отвори ја прикачената датотека 21279
:) и...што е поразлично твоето објаснување дадено со дефиниции и називи од моето?(освен она со цвекенца)
Тоа што го кажав истото го потврди, дека не е само око.;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina