Ти реков - Ми рече ... низ стихови

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,420
1,153
Бидејќи засега Кафе муабети и Играчница убедливо водат според бројот на оставени мислења, еве една идеја за нивно малку поинакво „искористување“.
Сфатете го како игра, или уште подобро сфатете го како предизвик.
Значи она што би го напишале со една или две реченици во Сакам да кажам/прашам, Специјален поздрав, Што носев денес, Што би му кажале на членот над вас, итн, итн, направете го тука, преку неколку стиха.
Со два збора - Бидете креативни :)
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Ти не си пчелка ниту пиле,
ти не си Стојна ниту Лиле,
ти си жена за у добру и злу
ти си мојата поетеса lady_blue

Розите се црвени,
синоличките сини
ти си печена за модератор
мене се ко така да ми се чини.

Со тебе би дремела во лаф-муабет сеанса,
на форумов си мојата поетска ренесанса,
со тебе би ручкала батаче со ориз,
ете така да си знаеш, љуби те твоја Дорис

:giggle
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,420
1,153
Ме гледа и се чуди:
-Што се смееш мамо?
-Чек, мама е на форум,
биди тивка, млада дамо.

-А што смешно таму има?
Дај и јас да видам!
-Еве тешки маки мачам
да смислам добра рима.

- True_Blood, lady_blue?
Шо чудни имиња ќе беa?
-Секунда само, леле воздух немам
нели гледаш, се газам од смеа.
:rofl
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,400
4,420
1,153
се` почесто го губам здивот,
тешко, претешко ме притиска,
тука, внатре
овде, кај градите,

се` повеќе сум жедна
и одвај успевам
жедта да ја изгаснам

се` почесто, се` потешко
морам, стварно морам

да ги откажам цигарите :D
 
  • Like
Реакции: Kiril, 048 and Dea

Dea

Активен Член
14 февруари 2012
156
196
43
21
Добри рими вадите и двете
па и јас неколку стихови да направам ете
lady_blue активна си ти
и правиш добри теми!

Обично со римите добро ми оди
ама нешто денес не сум добра,
јас сум болна :(

Еве некако скроив песна,
но воопшто не беше лесна.

:mstickle
 

She

Истакнат Член
17 февруари 2012
301
569
393
Форумов го читам заради вас,
вие сте негов спас!
Вашите постови ми се вистинска катарза,
па ф орумов изгледа ми стана зараза :sreken


Растењето не го може секој,
освен физички на друг начин не може да расте некој.
Па ајде да јадеме љубовна сарма
и да веруваме во карма!
Зашто кругот е створен за да се врти.
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,239
1,758
113
Малку таму, малку овде...
Грлото од рано наутро ме гребе,
Цезар ко некое маче преде.
На школо дремам,
ко мака да немам,
ништо не знам,
сакам да исчезнам!
Хемија тест утре правам,
о главо, од кој ѕид да те мавам?
Наместо македонски писмена да напишам,
јас во Ти реков ми рече, сакам уште еден пост да запишам!
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
тугооо женееееее
сс овија риме
исцеписте ме и мене
ск овој што читам
у ваши текстови скитам
дали устфари знам ја да римују
сакам вас да ве питам ?
хахахах лелеее
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,132
2,396
1,133
Yellow submarine
Луда глава бесна,
се смилува дедо Боже на форумов ни плесна,
сака да се дружи со профилите на сите по ред,
се понаша ко забаваче а има лета 25 :giggle

Кај и да е, можеби во касна пролет,
да ја ќари Mila Kunis зема залет,
parvati е мојот најлат лик од оваа форумџиска доба,
биди умен, не брчете со Мила туку изнајмете соба :rofl
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,697
13,878
973
ја и мила сме си друарчиња мали,
иако признавам парвати на неа малце се пали
соба ке изнајмиме ама не сега
кај и да е од љубоф не се бега
: ) или мое афтономно смајли Ч )