Тепачки

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Велат "ќотекот од рајот е излезен."... Едноставно со некои луѓе не можеш да се разбереш цивилизирано и баш затоа верувам дека не постои човек кој барем еднаш се нема степано во животот. Дури и женско кога ќе прашам, најчесто добивам одговор: "Па да, еднаш одамна". На темава пишувајте за вашите тепачки, без разлика дали се случиле вчера или пред 10 години.

Јас лично се немам степано со никого веќе две-три години, избегавам, ама како копиљ почесто се тепав и тоа за банални причини како закачки за фудбал, кошарка па и за џамлии. И во основно тепав, ама и јадев ќотек (најчесто од поголеми групи). Јебига.

Мојата последна тепачка се случи во трета средно - се рчнав со еден и после истиот ме начека во маало и ми пукна шамар, ја му вратив со бокс и се размававме, фрчеа боксови, го повлеков за капуљача, му ја покрив главата со дуксерот и тука го ставив во шах-мат позиција, не гледаше ништо и си доби нокдаун. :cool: Утредента дојде да ми се одмазди со 15 души вооружани со шипки и скакавци, ме бркаа низ цел Чаир, ама успеав да им избегам... :D

И така, веќе подолго време сум раат, нема аир од тепање ама понекогаш навистина си приморан да удриш... Повелете, пишувајте за вашите тепачки искуства.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Ау бау.Моја тема :rofl се зезам.
Се имам еднаш со најдобра другарка тепано затоа што бев скржлава и не и дадив мастика.Деца :D
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Ау бау.Моја тема :rofl се зезам.
Се имам еднаш со најдобра другарка тепано затоа што бев скржлава и не и дадив мастика.Деца :D
Детските тепачки се најсмешни. Слична ситуација, еден мој другар од забавиште ми ги ќари сите џамлии (ферски), ама јас како копиле прва класа не сакав да му ги дадaм, ги викнав другарите од зграда и не само што го истепавме туку и неговите џамлии му ги земавме.

:eek:
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Детските тепачки се најсмешни. Слична ситуација, еден мој другар од забавиште ми ги ќари сите џамлии (ферски), ама јас како копиле прва класа не сакав да му ги дадaм, ги викнав другарите од зграда и не само што го истепавме туку и неговите џамлии му ги земавме.

:eek:
Хахахаха :D Прав тепач сум ако сака некој ќе се пресметаме :cool:
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Тепачка искрено, а мене е селско решавање на проблеми, може сфе сс убаво....
Тепачке има сфугде, па и у мој град, викаф чат пат степуеф се по чаршију пијани за викенд,ја ретко искачам у Куманоо такој да ретко и глеам тепачке, а овакој по улицу преко дн не сам видеја ехееее кој ти знае од кд
По Скопје глеам нон стоп, тепачке, летоска ја и едно девојче вадимсо език на едно дете да не га загл'та,утепасфа га пуно душе, мноо педерска работа, тепаф се петнаес душе на двоица и бегаф, јебига тој е тој...
Ја искрено не сам се тепаја миљон године, не ме мрзиф не ги мрзу, а за ништо не се е десило да се степа некој у моју близину
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Podem and steppenwolf

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Се имам степано одамна у средно еднаш и ќе се срамам цел живот. Причината за тепачката- супер глупава (facepalm)
 

steppenwolf

Староседелец
12 декември 2012
335
489
1,063
Скопје
Се имам степано одамна у средно еднаш и ќе се срамам цел живот. Причината за тепачката- супер глупава (facepalm)
Па ретко има паметна причина за тепачка. Дообјасни де (ако сакаш, нормално). :D
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Требаше сите девојки да се облечеме во едно костумче од баба(puke) за да се сликаме за на табло, јас несакав и хормоните вриеа и си го направија своето
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: steppenwolf and parvati

МериСелест

Староседелец
24 април 2012
2,009
3,215
1,143
Eднаш се степав во прво одделение...незнам која беше причината ама знам дека детето си изеде јак котек :D
Друг пат ке кажам повеке случки сега ме мрзи :D