Теории на заговор

Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Теориите на заговор се родија во Америка и срамежливо започнаа да се шират кон остатокот од светот, некаде во средината на минатиот век. Денес, со посредство на неговото височество - интернетот, теориите на заговор станаа глобален феномен. Речиси и не постои место во светот каде што не живее некој од зависиниците од овие модерни бајки.
Еве ви пример на неколку етории на заговор...

Експериментот Филаделфија, популаризиран во истоимениот роман од Чарлс Берлиц, е првиот случај на постигнување потполна невидливост на еден објект. Оваа теорија тврди дека уште во 1943 година, американската војска успеала да создаде технологија што ја извртува светлината на начин кој го прави објектот невидлив. Но, за време на експериментот, нешто тргнало наопаку и бродот кој бил користен се загубил во време-просторот, подоцна појавувајќи се на различни локации низ морињата. Многумина од морнарите биле повредени, станувајќи дел од структурата на бродот. Војската негира дека некогаш воопшто постоел таков експеримент.

Елвис Присли ја лажирал сопствената смрт. Ова е една од најпопуларните теории на заговор која вели дека кралот ја иссценирал смртта за да се тргне од јавноста и најпосле да добие шанса да го живее својот живот. Два таблоиди отишле до таму што отпечатиле цел серијал натписи за животот на Елвис по наводната смрт, со многу детали, извештај за скршена нога во несреќа со мотор и секако, „вистинската“ смрт, некаде во средината на деведесеттите.

Американскат влада знаела за 11 септември н осепак дозволила да се случи?
Теоретичарите велат дека владат знаела за овие напади и намерно дозволила да се случат зашто така би можела лесно да ги оправда големите трошења во воената индустрија. еден од најдобрите докази за тоа е самото зголемување за речиси двојно на американскиот воен буџет после 2001 година ..
U.S._Defense_Spending_Trends.png

Постојат и куп други теории на заговор како за слетувањето на месечината, за убиството на Кенеди, или пак за смрта на Мерлин монро и еден кип други..
Јас лично верувам во некои од нив односно во оние што имаат добри показатели дека се вистинити додека пак некои ги сметам за тотална глупост...

Што мислите вие? Во кои теории на заговор верувате а во кои не?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Luckky and parvati

Ice_Man

Староседелец
16 февруари 2012
440
236
1,053
за 11 септември ,не дека дозволиле да се случи тоа,него и тие тоа го направиле ,авионите се само маска ...мада чудно ми да се жртвува толку народ за пари,,тогаш американците имаат сигурно стратегија на долго време ,па се е испланирано многу години порано
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
за пари бе братче, за пари, мислиш на некого муе гајле за луѓето ... погледни само од 2001 до сега за дупло се зголемил буџето на војската на САД замисли колку пари се тоа .. од 300 милиајрди на повеќе од 700 ... 400 милијарди долари е разликата ..а спореди го тоа со овие мизерни 6-7 милијарди евра буџет шо го има македонија ...
 
InnaLaurie

Истакнат Член
12 март 2012
281
322
363
30
На некој пуст остров
Ја мислам дека тоа се глупости, за секоја позната личност која умрела има барем по 2-3 вакви теории. Јас еднаш за Мајкал Џексон барав, се и сешто најдов, де овој го убил, де оној, де уште бил жив, уште што ти не..
 
Jackal

Староседелец
13 февруари 2012
2,045
2,641
1,143
30
Битола
Како шо кажав некои имаат нешто вистина зашто се поткрепение со некакви докази додека некои се тотални глупости и само чаршиски муабети ..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: InnaLaurie

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Темава мислам дека треба да биде поактуелна од било кога. :D
Нема веќе ден, а да не налетам на експертиве за корона, 5г, cipuvaneto na bil gejc, адренохром (ова ми е некако фаворит), рамна земја (бонус дека Австралија не постои и „жителите“ се само платеници што глумат дека се оттаму).
Некогаш навистина мислам дека некој со две чисти ги смислува глупостиве за заебанција, па излегуваат од контрола. Одбивам да верувам дека е поинаку.
Овие, да кажеме.
Или им се фрла некоја пара да се прават вакви или се на некоја опасна, вонземска дрога.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco

Што е тоа адренохром?
Типовиве и типкава се хаос, каде ги има најдено, 17 буква била Q затоа Трамп бил месија.
Џим Џефрис е од Австралија, сигурно е лажњак и глумец :kafe
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Што е тоа адренохром?
Типовиве и типкава се хаос, каде ги има најдено, 17 буква била Q затоа Трамп бил месија.
Џим Џефрис е од Австралија, сигурно е лажњак и глумец :kafe
Епа вака, брејс јорселф.
Адренохромот е соединение кое настанува при оксидација на адреналин. Се користи за побрзо да зараснат рани при крварење. Накратко, тоа е вистината.
Е сега, во главите на теоретичариве, љуби ги мајка, тој се користи за подмладување и продолжување на животот кај Клинтонци, Трамповци, Мадона, Том Круз (сите забегани и пребогати, накратко), а се добива (ова е јакиот дел) исклучиво од деца до предтинејџерска возраст, со тоа што ги чуваат во пештери, подруми со бабароги, не им даваат да спијаат, ги плашат, итн. за адреналинот да им е на највисоко ниво, па после ги цедат, ја пијаат и се мачкаат со нивната крв. Мислим, држи вода, нели?
А овие QAnon ми ги покажа другарка, а баш бев подзаборавила до кое дно може да оди глупавоста. Имаат неверојатни откритија. Пионери.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Епа вака, брејс јорселф.
Адренохромот е соединение кое настанува при оксидација на адреналин. Се користи за побрзо да зараснат рани при крварење. Накратко, тоа е вистината.
Е сега, во главите на теоретичариве, љуби ги мајка, тој се користи за подмладување и продолжување на животот кај Клинтонци, Трамповци, Мадона, Том Круз (сите забегани и пребогати, накратко), а се добива (ова е јакиот дел) исклучиво од деца до предтинејџерска возраст, со тоа што ги чуваат во пештери, подруми со бабароги, не им даваат да спијаат, ги плашат, итн. за адреналинот да им е на највисоко ниво, па после ги цедат, ја пијаат и се мачкаат со нивната крв. Мислим, држи вода, нели?
А овие QAnon ми ги покажа другарка, а баш бев подзаборавила до кое дно може да оди глупавоста. Имаат неверојатни откритија. Пионери.

Ух, малку проблеми има и сериозни срања по свет, уште овие фалат со нивните теории.
Јас имам еден плот твист, а што ако овие теории се пласираат од страна на некој добар тинк-тенк (ги има многу) финансирани од разни интереси и власти со цел раја да се фокусира на глупости наместо на реални проблеми, там там тааааааааам...... :kafe
Често од вакви извори се слуша како политичарите не биле криви него имало над нив некои папет-мастери, ламинати, масони. Рандом политичар би бил во подобра позиција доколку раја смета дека неговите срања не се негова заслуга и кривицата ја бара кај рептилоиди, Сатурн и Црна Ружа. А реалноста е дека нема друг одговорен освен Ставре, Петре, Митре, било кој рандом политичар или тајкун.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Од 6:25 до крај, значи братов ги свена, се имаат покајано што го застанале.
Во 14 минути ги објасни сите теории на заговор кои ги има прочитано во 3 статии.
Урлам од прееска. Нереален. :frantic:zelen:zelen:zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider