Темперамент

Frojda

Истакнат Член
2 септември 2013
58
26
118
Забележав дека нема ваква тема,па си реков ајде пак јас :)
Дали верувате во поделбата на Хипократ на четирите темпераменти и каков темперамент поседувате вие?
За оние што не знаат:
Koлерик-брзи и силни реакции
Сангвиник-брзи и послаби реакции
Меланголик-Бавни и слаби реакции
Флегматик-Бавни и силни реакции
Ме мрзеше да ги објанувам,вака генерално...ако е некој расположен нека ме дополнува
 
Teddy Picker

Староседелец
15 јуни 2012
155
162
643
Фоф компирето
Не знаев за поделбата на темпераментот, но можам да кажам дека секој е темпераментен на свој начин. Не е темпераментна само личноста која делува веднаш брзо и силно. Има темпераментни личности кои делуваат од погорните комбинации (не само првата), но повеќето го занемаруваат тој факт. Уште не сфаќам како темпераментноста е глобализирана врз ниво на тие што се поагресивни и не прифаќаат дека секоја личност има свој темперамент, не само оние кои се погласни од другите и покажуваат повеќе сила проследена и со други реакции.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Harmonija

Па да,најчесто луѓето имаат компиниран темперамент :)
 
Мирче_мкД

Истакнат Член
25 јуни 2012
173
121
343
30
Мислам дека поделбата е далеку поширока од оваа,која е доста ограничувачка.. Можеби сум најблиску до меланхолик, ама неможам целосно да се согледам во тоа. Ретко кога правам избрзани реакции, човек треба многу да се потруди да ме изнервира. Можам да се запалам само кога некогаш играм баскет и на еден начин да ја истрошам таа позитивна енергија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Frojda

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Малку само треба воведот да се смени. Холерик е со х, а се помешани меланхоникот и флегматикот.
Реакциите на меланхоникот се бавни, но силни и долготрајни, додека на флегматикот се бавни и слаби, затоа се сметаат овие лица и за најрамнодушни.

Поделбава само како поделба држи вода, инаку прилично е дискутабилна.
Хипократ и Плато го развиле системот врз основа на моментални реакции, а врз тие реакции т.е. темпераменти влијаат многу моментални или веќе изминати фактори и искуства, па најголемиот холерик може во одредена ситуација да реагира меланхонично и обратно. Ако одиме според ова, јас најголемиот дел од времето сум холерик. Реагирам брзо, бурно и лутината знае да ме држи дури и предолго.
Кирзи го има доработено т.е. проширено овој систем, што, според мене, е доста поточен бидејќи ги опишува темпераментите како улоги и нивни варијации.
Според него се делат на: работник, чувар, идеалист и рационалист, а секоја од овие четири групи има уште две подгрупи, од кои едната го претстаува проактивот, а другата активот. Што знам, во оваа поделба некако ми е полесно секој да се пронајде, плус поадекватно се доловува долготрајноста на карактерот, отколку само моменталната темпераментна реакција.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Frojda