1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Тахикардија

Дискусија во форумот 'Здравје' започната од peacock, 8 мај 2016.

  1. peacock

    peacock Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 август 2014
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Не најдов ваква тема, ако има, префрлете ме таму
    Тахикардии имам скоро 4 години. На почетокот беа ретки и немав други симптоми, и затоа не обрнував внимание. По некое време станаа почести и поинтензивни. Освен брзо чукање срцето, почнав да осеќам и отежнато дишење, трпнење во рацете, нозете и образите. Се појавуваат и без некоја причина, при мирување Исто така при вакви напади ми варира и притисокот. Еднаш морав да примам и инјекција. Бев на лекар, ми рекоа дека се ми е во ред со срцето, немам ништо патолошки освен мал пролапс и дека всушност такво срце сум имала, со поспецифични залистоци и ми било својствено да имам тахикардии. Ми рекоа да вежбам.
    Сакав да прашам, што можам друго да направам за да не добивам напади, или барем да се поретки, зошто на неколку дена имам напади, и почесто?
    На пример каква исхрана да применам и какви вежби конкретно би ми помогнале?
     
  2. Xenia

    Xenia Староседелец

    Зачленет на:
    4 април 2016
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    85
    Чудно е тоа што докторите не превенирале ништо, обично препишуваат лекарства карактеризирани од причините што предизвикуваат различни дејства. Мој близок имаше проблеми со тахикардија предизвикана од емотивни причини, и после првата посета кај доктор веднаш му препишаа (Бедоксин-витамини за смирување) ги конзумираше одреден период и имаше позитивни резултати.
    Во твојов случај, за да ги намалиш нападите пред се треба да ја ограничиш употребата на кофеин, никотин, алкохол и други стимуланси бидејќи ја забрзуваат работата на срцето. За Исхраната калциумот, магнезиумот и калиумот имаат голема улога во одржувањето на работата на срцето. Недостигот на овие минерали може да предизвика појава на срцеви аритмии.( И вишокот може да предизвика тегоби, особено вишокот на калциум). Магнезиум има во оревите, мешунките, сојата, темнозелениот зеленчук и рибите. Многу видови зеленчук и овошје се важни извори на калиум. Имај предвид дека претераното внесување сол или заситени масни киселини, како и диуретици и лаксативи, може да ги намали резервите на калиум и магнезиум во организмот.
    И стресот можеш да го намалиш со физички вежби како медитација и друга погодна постапка. :)
     
    #2 Xenia, 8 мај 2016
    Последна промена: 8 мај 2016
    На ●Untouchable° му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kisserboy

    Kisserboy Староседелец

    Зачленет на:
    6 март 2012
    Мислења:
    2,446
    Допаѓања:
    3,794
    Имав во трета средно 2 месеци, и на лекар ми препишаа само бедоксин и ми рекоја да вежбам, повеќе да пешачам, цигари, алкохол и кафе да не помислам да конзумирам. Треба исто да пазиш и на храната повеќе да јадиш зеленчук и овошје, нормално здрава храна и да избегнуваш брза храна и се шое пржено.. то :D Мене ми помина хахаха :D
     
  4. Prashina

    Prashina Староседелец

    Зачленет на:
    28 јуни 2013
    Мислења:
    1,324
    Допаѓања:
    3,008
    Ne moze da ti e se vo red i da imas tahikardii.Mora da se definira pricinata posebno kaj mlada licnost i koga se javuvaat cesto.Treba da pojdes na kardiolog, drzavna , sistina(Ivan trajkov),zan mitrev .Treba holter da nosis za da se vidi cestotata vo sekojdnevnata aktivnost, treba stres test itn...znaci mnogu testovi.So hrana ne se leci toa.Pod hitno na lekar zasto treba temelni ispituvanja.Ne go ignorirsj problemot zasto veke go imas!
     
  5. Falanga

    Falanga Истакнат Член

    Зачленет на:
    10 април 2016
    Мислења:
    350
    Допаѓања:
    293
    Имав и јас сличен проблем. Проблемот го најдоа во релативна дехидрираност. Од тогаш внимавам на течностите и немам проблем. А тогаш ми се случи од чиста мира додека држев предавање пред публика да колабирам, гледав после во картонот притисокот ми паднал на 85 со 55. Само без нервози, доволно витамин Б и доволно течности. Тоа е нешто што би можела да пробаш на своја рака. Иначе нема зафркавање со срце, треба претпазливо и грижливо.
     
  6. Mnogo Bitno

    Mnogo Bitno Староседелец

    Зачленет на:
    9 февруари 2015
    Мислења:
    1,729
    Допаѓања:
    759
    @peacock мислам дека влијание има и стресот да ама во глобала за појавата на тахикардија мислам дека е од недоволно кислород и хранливи материи, па срцето мора да работи напорно за да ги задоволи потребите ...
    Начинот на исхрана , недоволно течности ,емотивен стрес се исто така причините па како што спомена @Sonuvalka треба што поскоро да си посетиш лекар ,со тоа нема играње !! (worried) Со лесно !
     
  7. Ѕвездичка

    Ѕвездичка Староседелец

    Зачленет на:
    21 март 2016
    Мислења:
    1,105
    Допаѓања:
    971
    Сношти не можев да спијам до 1 и 30 заради тахикардија |-(:^).
    Ништо не ме смирува од тие хербални препарати, а апчиња не сакам да пијам, ама како што гледам ќе мора, со оглед на тоа што поголеми грижи имам од луѓе на 50 години ццц
     
  8. peacock

    peacock Истакнат Член

    Зачленет на:
    6 август 2014
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Фала ви за одговорите и советите. Како што напоменав горе, веќе бев на лекар, правев ехо, екг, и холтер и тироидна испитував, но само имам незначителен пролапс и поспецифични залистоци. Ми рекоа подобро да не пијам лекови, пред се дека сум млада, имам 17. Подобро било преку вежби да си ја подобрам ситуацијата. Така да почнав да вежбам, а ќе сменам и искрана, и ако нема подобрување ќе отидам повторно.
     
  9. Makedonec

    Makedonec Модератор
    Член на администрација

    Зачленет на:
    15 јуни 2014
    Мислења:
    1,466
    Допаѓања:
    1,185
    Не сум компетентен да зборам за медицинава, но на тахикардија уште да земеш да вежбаш нема да си направиш поголем проблем???
    Сепак станува за проблем со срцето.
     
  10. Xenia

    Xenia Староседелец

    Зачленет на:
    4 април 2016
    Мислења:
    65
    Допаѓања:
    85
    Токму затоа и препорачав вежби за намалување на стресот како медитација, пешачење итн.. Многу јасно дека на некој со проблем на срцето не би било пожелно да врши тешки физички активности.
     
    На Makedonec и Prashina им се допаѓа ова.

Сподели: