Табу теми

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Да разговараме за сите табу теми со кои се среќаваме а ги има многу, барем на нашиве простори.

Од што зависи дали и колку ги има?
Дали се отсекогаш исти или постојано се надоврзуваат една со друга и се се` повеќе со секој нов ден? Или можеби се се` помалку?
Колку се тие добри или лоши за едно општество или за секој човек како единка?
Што за вас лично е табу тема? За што ви е непријатно да разговарате?
Ако мислите дека не треба да постојат, како против нив?

Ако има слична на темава, се надевам дека на мојава не ќе и биде здодевно в канта.
:zelen
 

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Дечко врати се од деведесетите! Денес не постојат табу теми
 

Onkel

Староседелец
14 мај 2014
77
82
1,028
Па баш и не мислам така ама твое мислење, почитувам...
Eдинствена табу тема денес е политичкото прашање на Македонија. Секој молчи и крева рамења, никој ништо не знае и не сака да коментира.
Ама добро, политика е забранета на форумов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: alba and 84 sk_Y ^_-

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Веќе спомнав дека ги има многу, секојдневен судир ни се, мислам дека не би требало да ги има повеќе, но освен со едукација и укажување на право на слобода на говор не знам како против табу темите.
Всушност, табу темите за некои личности доволно едуцирани, современи и паметни не постојат, но кога овие паметните ќе се осудат да кажат нешто невообичаено пред другиве добиваат реплики од типот "Ќути срамота е!"
Така да постојат табу теми ама можеби не во целост, некоја тема за поединец може да е табу, за друг не.
Прашања чии одговори ме интересираат се горенаведените, за нив не знам соодветен одговор.
 

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Кај мене дома табу тема се парите. Никој не зборува за нив, никој не знае каде се трошат и никој не знае од каде доаѓаат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 84 sk_Y ^_-

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ех, немало табу теми кај нас. Да ти е страв да спомнеш некои работи, веднаш ти ваѓаат крстена вода. :eek
Јас сум за она дека не секоја ситница од приватноста треба да биде изложена во јавност за да се кршат некакви бариери, ама па и мотање во шамијата на игнорантноста не чини...затоа после анонимно по интернет прашуваат дали се затруднува од сперматозоид на пета, рецимо.
Се фатив прво за сексот пошто тоа некако е најголемото и најиронично табу кај нас. Иронијата е што СПБ и несакана бременост никогаш не биле позастапени, и покрај толку попувања, контрацепции, па и статии за информирање, ама џабе кога не постои интерес за тоа, а постојат родители и деца кои едни со други не сакаат да зборуваат на таа тема од образовна и заштитна гледна точка.
Еве, да, табу тема е и политиката - супер сме си, лидери во регионот. Табу тема се религиозните определувања т.е. сѐ што овде не е христијанин или муслиман, е секташ, а атеистите се директива чеда на Луцифер. Табу тема е и висината на платите, ама тоа е од оправдан срам.
Или признавањето дека ти смрдат нозете/забите...освен ако не му се случува тоа на комшијата. Тогаш не е табу тема, туку главна тема за сеир. :unsure
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Личниот вс. колективниот идентитет и импликациите кои ги носи раздвојувањето на едниот од другиот, државата како ентитет и нејзиното влијание врз луѓето, смртта на логиката и постоењето на двојна моралност, лажната дилема на државна вс. приватна сопственост, socialized cost and privatized profit........... don`t get me started :zelen
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
Ех, немало табу теми кај нас. Да ти е страв да спомнеш некои работи, веднаш ти ваѓаат крстена вода. :eek
Јас сум за она дека не секоја ситница од приватноста треба да биде изложена во јавност за да се кршат некакви бариери, ама па и мотање во шамијата на игнорантноста не чини...затоа после анонимно по интернет прашуваат дали се затруднува од сперматозоид на пета, рецимо.
Се фатив прво за сексот пошто тоа некако е најголемото и најиронично табу кај нас. Иронијата е што СПБ и несакана бременост никогаш не биле позастапени, и покрај толку попувања, контрацепции, па и статии за информирање, ама џабе кога не постои интерес за тоа, а постојат родители и деца кои едни со други не сакаат да зборуваат на таа тема од образовна и заштитна гледна точка.
Еве, да, табу тема е и политиката - супер сме си, лидери во регионот. Табу тема се религиозните определувања т.е. сѐ што овде не е христијанин или муслиман, е секташ, а атеистите се директива чеда на Луцифер. Табу тема е и висината на платите, ама тоа е од оправдан срам.
Или признавањето дека ти смрдат нозете/забите...освен ако не му се случува тоа на комшијата. Тогаш не е табу тема, туку главна тема за сеир. :unsure
Целосно си во право, истово би го напишал.
Околу болдираното: Мака ми е шо пред народов е "срамота" да кажиш дека си атеист а не е срамота да кажиш дека Дара Бубамара ти е омилена пејачка. (puke)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Fenix, Y1K991 and Electra