1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

ТЕСТ: KIA Optima 1.7 CRDi – Надминување на сите очекувања!

Дискусија во форумот 'Авто-мото' започната од Legioner, 15 јули 2012.

  1. Legioner

    Legioner Истакнат Член

    Зачленет на:
    18 април 2012
    Мислења:
    999
    Допаѓања:
    606
    [​IMG]
    Ја имавме привилегијата да се дружиме со новата Optima на KIA, и на крајот излеговме импресионирани од големиот седан на Корејскиот производител!
    Да започнеме од најважното – новата KIA Optima изгледа привлечно, но не можеме да застанеме тука – мора да нагласиме дека одамна не сме возеле возило кое толку многу го привлекува вниманието на минувачите, но и да другите учесници во сообраќајот. За седумте дена колку што Optima-та беше кај нас, дваесеттина минувачи нè прашаа за автомобилот. Тоа е навистина одличен знак, кој ни најавува дека KIA има интересен модел кој го привлекува вниманието на купувачите.
    Како што веќе напоменавме, преземањето на Peter Schreyer од Audi во KIA е најдобриот потег кој KIA го има направено во својата историја. Тоа се гледа преку привлечните модели кои во моментов се нудат на пазарот – KIA Rio, кој воедно е и автомобил на годината во Македонија, малиот Picanto, новата и голема Optima, но и втората генерација Cee’d кој наскоро го очекуваме и кај нас.
    Сите овие модели се конципирани под дизајнерската рака на господинот Schreyer и неговото Германско влијание е повеќе од очигледно. Новата Optima иако е глобален модел, изгледа Европски и привлечно за Европските купувачи. Моделот веќе се продава на Северноамериканскиот пазар каде покажува успешни резултати, а сигурни сме дека истото ќе се повтори и во Европа.
    Острите карактерни линии му даваат спортски изглед на автомобилот, кој изгледа како да се движи дури и кога е во мирување. Она што нашите фотографии не можат целосно да го прикажат е всушност големината на Optima. Автомобилот е долг 4845 милиметри, широк 1830 а висок 1445 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2795 милиметри, а тоа најавува навистина многу простор во внатрешноста.
    [​IMG]
    А токму просторот го има на претек, дури и повеќе отколку што очекувавме. Вратите се отвораат широко а ентериерот едноставно ве повикува да влезете и да се сместите во големите кожни седишта. По краткотрајното нагодување лесно се наоѓа комфорна возачка позиција, иако ние би сакале да можеа седиштата уште малку да се спуштат надолу, и ќе беа совршени ако нудеа уште малку странична поддршка.
    Ентериерот го покажува трендот на надминување на типично корејските дизајнерски елементи кај возилата кои потекнуваат од тамошните производители. Конзолата е ориентирана кон возачот и ергономијата е воглавно добра, без некои големи забелешки – повеќе од приметливо е Германското влијание кое Peter Schreyer го носи во KIA. Материјалите со кои е обложена внатрешноста се квалитетни, но би сакале кожата на управувачот да е малку помека – сепак зборуваме за возило кое се обидува да им ги заплетка конците на веќе докажаните конкуренти.
    Кога станува збор за опременоста, навистина немаме никаква замерка. Тестниот модел беше опремен со двозонски клима уред, кожни седишта со греење, електрика на сите прозори и ретровизорите, ксенон светла напред и задни светла во LED изведба, сензори за паркирање, Bluetooth конекција за вашиот телефон, и многу, многу други ситници кои живот значат.
    [​IMG]
    При возење Optima се однесува токму како што и очекувате – возењето е мирно, стабилно и комфорно. На отворен пат радува ниската бучност при повисоки брзини, а моторот работи тивко и рафинирано. Токму 1.7-литарскиот турбодизел агрегат со 136 коњски сили и 330 Nm врежен момент е моторот кој во моментов се нуди, а во најава е и 2-литарски бензински агрегат со 165 коњски сили кој би требало да пристигне до крајот на годината. Потрошувачката на моторот навистина нè изненади – просечната потрошувачка во градски услови не надмина 7 литри на 100 изминати километри, а на отворен пат беше и пониска од тоа. Со оглед на големината на автомобилот, ни перформансите не се за занемарување – 100 километри на час пристигнуваат за 10.3 секунди а максималната брзина изнесува 200 километри на час.
    Управувањето е директно и прецизно, а за тоа допринесуваат McPherson изведбата напред, како и мултилинк изведбата позади. Недостигаат повратни информации од подлогата кои би допринеле за поспортско чувство, но бидејќи тука станува збор за автомобил кој всушност треба да ги задоволи семејните потреби, тоа и не е толку важно. Автомобилот се нуди во комбинација со автоматски или мануелен менувач, а ние ја имавме шансата да се дружиме со втората опција. Односите на менувачот одлично се погодени за лесно забрзување, а иако менувачот беше малку непрецизен, сепак не е пречка за секојдневно возење.
    На крајот, ќе нагласиме дека и понудата на багажен простор е повеќе од дарежлива. Багажникот нуди 505 литри за сиот ваш багаж, но не ни се допадна неправилниот отвор помеѓу багажникот и кабината кога се спуштени задните седишта. Во секој случај, Optima нуди повеќе од доволно простор за сите оние работи кои ќе сакате да ги однесете со вас на годишниот одмор.
    [​IMG]
    KIA има одличен автомобил кој како со дизајнот, но така и со опременоста и цената сериозно им конкурира на докажаните конкуренти во оваа класа. Наше мислење е дека секој оној кој сака да купи автомобил со овие димензии, а ја заобиколи Optima-та само заради брендот ќе направи сериозна грешка. Да се каже дека KIA напреднува со чекори од седум милји не е доволно. Бидете храбри и погледнете зад значката, ќе се изненадите со сето она што KIA Optima ќе ви го понуди!
    • 1.7 литарски турбо-дизел агрегат, 4 цилиндри
    • Моќност: 136 коњски сили / 4000 вртежи во минута
    • Вртежен момент: 330 Nm / 2000-2500 вртежи во минута
    • Максимална брзина: 200 км/час
    • Забрзување 0-100: 10.3 секунди
    • Должина: 4845 mm
    • Ширина: 1830 mm
    • Висина: 1455 mm
    • Меѓуоскино растојание: 2795 mm
    • Багажен простор: 505 литри
    • Потрошувачка (градска): 6.5 (официјална), 7.0 (измерена)
    • Цена на тестираниот модел: KIA Optima 1.7 CRDi Business – 24.200 Евра
    Фотографија: Дејан Маликовски

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На ipopovski му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат Член

    Зачленет на:
    17 февруари 2012
    Мислења:
    3,279
    Допаѓања:
    2,353
    Добри коли извадија и овие Киа. Но слабо некако како што гледам се возат кај нас. И на дизајн не само оваа, туку и другите ги имаат повеќето погодено.
    Абе јапонче си е јапонче. :D
     

Сподели: