ТВ Игри на среќа | Црнобело Форум

ТВ Игри на среќа

Која ТВ игра на среќа ви е најинтересна?

  • Џандар збира

    Гласови: 3 27.3%
  • Лесни пари

    Гласови: 0 0.0%
  • Се или нешто

    Гласови: 6 54.5%
  • Тркало на среќата

    Гласови: 2 18.2%

  • Вкупно гласале
    11

3pi0

Староседелец
25 февруари 2012
246
275
1,063
Скопје
akkprosport.mk
не гледам телевизија...
не дека не сакам, неможам...
баба ми и мајка ми ги имаат окупирано сите телевизори и гледаат сапуници...
 

Marrie

Староседелец
13 февруари 2012
509
803
693
Џандар Збира :D Марко ми е фатеница пошо :)
 

LadyInPink

Истакнат Член
14 февруари 2012
1,236
1,749
113
Малку таму, малку овде...
-Џандар збира: на кој кретен му текна да направи реконструкција на нешто што не може да реконструира едно дете како Марко и потпросечна манекенка како таа што шета до него, Марија се викаше или како и да е???
Зошто мислат дека некој може да направи шоу на кое пред 15 години душа му даде маестро Џамбазов?
Подобро ништо отколку ова...
-Лесни пари: самиот факт дека го води Александар Блажески уништува секаква слика за квизот. Далу глуми лудило, дали е луд не знам, ама не сфаќам како луѓето воопшто се пријавуваат да учествуваат во онаков циркус.
-Се или нешто: има интересен концепт, го гледав и на хрватската ТВ кога го даваа. Играта како игра е интересна, само можеле да стават послаглам водител.
-Тркало на среќата: кога го даваа на А1 редовно го гледав. На почетокот додека го водеше Дац и не бев воодушевена, просечна игра на среќа, но откако дојде Игор некако го подобри. Човекот дава душа на се што ќе почне да работи.
Откако е на Канал 5 поретко го гледам, заборавам во кои денови е и во колку часот.

Покрај овие, јас како игра на среќа би го додала и Бингото и Лотото.
Бинго ливчиња знам да си купам понекогаш и си го пратам. Отсекогаш сме играле бинго, сите дома...
А Лото поретко земам. И уште поретко го гледам.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: parvati

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
137
1,053
Ми беше интересна Кој сака да биде милионер, но сега Се или нешто.