1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Суштината на животот

Дискусија во форумот 'Религија' започната од Simonas2, 6 септември 2018.

  1. Simonas2

    Simonas2 Нов член

    Зачленет на:
    6 септември 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    1
    Животот е како утринска магла, се појавува и за кратко време исчезнува. Сите ние сме само привремени странци на овој свет, денес не има, утре веќе не. Но, колку луѓе се запрашале која е суштината на човековото постоење и живеење?

    Животот ни е подарок од Бог, од Создателот на се што постои. Многу луѓе низ светот го водат својот живот раководени од фразата "Прави што сакаш, живеј го животот, еднаш се живее". Но, дали тоа на крајот доведува до среќен и исполнет живот? Вистина е дека секој човек има слободна волја да прави што сака, но не е се полезно. Секој човек во животот се соочува со најразлични ситуации, маки, тешкотии. Често многу луѓе се емотивно испразнети, исполнети со тага, покажуваат незадоволство од животот, се осеќаат безвредни, депресивни, што на крајот ги доведува да посегнат и по самоубиство, со цел дека така ќе се спасат од сите маки и страдања. Но, треба ли да биде така? Ако знаеме дека животот ни е подарок од Бог, тогаш ќе знаеме дека не сме ние тие кои што ќе одлучиме кога ќе го напуштиме овој свет.

    Пред да се одлучиш на таков непромислен потег, сети се дека си сакан, Бог те сака исто колку што ги сака и останатите луѓе од овој свет. Други пак, спасот го бараат во различни видови пороци, како дрога, алкохол, цигари. Но, сето тоа може да му пружи на човекот само привремено задоволство, а не трајно исполнување. Вистинската љубов и исполнетост доаѓа од Бог. Бог е толку полн со милост и љубов, што може да ја искористи секоја наша ситуација, за да не одврати од погрешен пат. Прифаќањето на Исус Христос во твојот живот може да го промени твојот живот од корен и да стави крај на твоите поранешни маки и страдања. Зарем не треба да се стреми секој човек кон живот исполнет со добри дела, љубов, среќа, радост? Сето тоа може да ти го пружи присуството и познавањето на Исус Христос во твојот живот, кој што никогаш нема да те изневери и кој ќе биде секогаш со тебе. Доколку ти сакаш, Тој може да биде твојот најдобар пријател кој што никогаш нема да те остави и кога сите други ќе те остават и напуштат, кој што ќе те ислуша секогаш кога ќе му се обратиш и ќе ти помогне, кој што ќе ти пружи утеха и тогаш кога ти е најтешко, а таа утеха ќе ја осетиш длабоко во твоето срце. Исус е совршениот пријател за секој човек кој што никогаш не изневерува.

    Го пишувам ова како охрабрување за многу луѓе кои минуваат низ некои од горенаведените ситуации кои навидум изгледаат безизлезни, но не губете надеж бидејќи постои надеж која што може секого да избави од се во животот, бидејќи она што е невозможно за луѓето, за Бог е возможно. Секојдневно читам за многубројни самоубиства низ светот и го пишувам ова со љубов и со цел дека ќе допре до срцата на многу луѓе. Исус е надежта дека се е возможно во твојот живот и нема да згрешиш и да бидеш изневерен ако се надеваш и веруваш во Него. Безусловната љубов и сигурност кои може да ти ги пружи Тој неможат да се заменат со ништо на овој свет. Затоа покани го во твојот живот за твој Господ и Спасител и ќе живееш живот исполнет со мир, љубов, радост, среќа...
     
    На Ballet is my life му/ѝ се допаѓа ова.
  2. -alf-

    -alf- Староседелец

    Зачленет на:
    28 август 2015
    Мислења:
    225
    Допаѓања:
    82
    @Simonas2 , дали би можела од позиција на човек (не личност) да пробаш да составиш текст со кој би кажала што е суштината на животот?

    Имај во предвит дека човек постои оддамна, дека човек верувал во различни богови , имај предвит одговорот да безвременски, живот е живот , небитно дали е од пред 2000год. , сега и после 2000год.


    Што е суштината на животот, гледано од позиција на човек?
     
  3. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Суштината на животот од аспект на човекот е да ја открие својата предодреденост, динамичкиот аспект на своето битие.
    Суштината на Животот во општа - универзална смисла е Искуството. Овде под Искуство не мислам на ниедно конкретно искуство, туку на тоа што претставува концепт на самиот поим, производот помеѓу интеракцијата на дуалните аспекти на постоењето.
     
    На Хептаграм XI му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: