Ај уште една тема .. Супи и чорби!
Јас на пример супа не јадам, ама морам да правам затоа што мнозинството јаде
Оваа им ја правев вчера..
Домашна пилешка супа
Јас на пример супа не јадам, ама морам да правам затоа што мнозинството јаде
Оваа им ја правев вчера..
Домашна пилешка супа
Потребно
1 до 2 копани
1 литро вода
2 моркова
1 перце од кромид
Листови од пашканат и едно коренче
Едно парче праз ( не многу големо)
1 до 2 коцки за супа
малку сецкан магданос
Малку фиде
малку вегета, сол, и бибер
Начин на подготовка
Во тенџере ги ставаме копаните и ставаме вода. Тенџерето го ставаме на рингла и оставаме да врие. Откако е зовриена водата со копаните ја вадиме пењата, и оставаме на тивок оган да се варат. Во меѓувреме го чистиме и го миеме морковот го сецкаме на кругчиња или го рендаме на ренде од поситната страна го ставаме во подлабок сад. Исто така и перцето од кромидот го миеме, го миеме и парчето праз, и магданосот го миеме и ситно го сецкаме, листот од пашканат го миеме и го ставаме во длабокиот сад каде што е морковот, исто така и коренчето го миеме и го додаваме во садот. Вака се припремено го истураме во водата и копаните. Ги додаваме и коцките за супа ( пилешки) малку сол и вегета и бибер по вкус. Оставаме да се вари 1 час а потоа ги вадиме перцето од кромид , листот пашканат и коренчето и празот. Ги вадиме и копаните и го сецкаме месото на парчиња и повторно го враќаме во водата. Во водата додаваме и фиде. Оставаме да се вари уште 6 до 7 минути. Кога е готова ја вадиме и ја служиме топла.