Супи и чорби

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Ај уште една тема .. Супи и чорби!

Јас на пример супа не јадам, ама морам да правам затоа што мнозинството јаде:mad


Оваа им ја правев вчера..
Домашна пилешка супа

Потребно
1 до 2 копани
1 литро вода
2 моркова
1 перце од кромид
Листови од пашканат и едно коренче
Едно парче праз ( не многу големо)
1 до 2 коцки за супа
малку сецкан магданос
Малку фиде
малку вегета, сол, и бибер

Начин на подготовка

Во тенџере ги ставаме копаните и ставаме вода. Тенџерето го ставаме на рингла и оставаме да врие. Откако е зовриена водата со копаните ја вадиме пењата, и оставаме на тивок оган да се варат. Во меѓувреме го чистиме и го миеме морковот го сецкаме на кругчиња или го рендаме на ренде од поситната страна го ставаме во подлабок сад. Исто така и перцето од кромидот го миеме, го миеме и парчето праз, и магданосот го миеме и ситно го сецкаме, листот од пашканат го миеме и го ставаме во длабокиот сад каде што е морковот, исто така и коренчето го миеме и го додаваме во садот. Вака се припремено го истураме во водата и копаните. Ги додаваме и коцките за супа ( пилешки) малку сол и вегета и бибер по вкус. Оставаме да се вари 1 час а потоа ги вадиме перцето од кромид , листот пашканат и коренчето и празот. Ги вадиме и копаните и го сецкаме месото на парчиња и повторно го враќаме во водата. Во водата додаваме и фиде. Оставаме да се вари уште 6 до 7 минути. Кога е готова ја вадиме и ја служиме топла.
 

cakar_ulav

Староседелец
20 февруари 2012
1,567
1,926
1,133
некаде во длабочините на темнината
супа јадам ко ненормален
обжавам супи.....
али најубави ми се домашните супи
со моркоб,магранос,фиде и уште таму зачини ово оно....и секако едно јајце :)
исто така и грав...јадам многу...лека и тоа :D
 

Мила

Активен Член
1 март 2012
121
99
28
На плажа!!!
Малку магданос, 150 грама кашкавал, 3 јајца, 3 лажици гриз, литро ипол супа од зеленчук.

Супата да зоврие, па се става гризот и се меша неколку минути. Во чинија изматете ги јајцата и додадете го изренданиот кашкавал. Ставете од супата малку по малку во чинија мешајте. Украсете со магданос.
 

Marick14

Истакнат Член
17 февруари 2012
3,289
2,348
113
Софија
Од чорби само пилешка преферирам, и тоа само во Национал. На друго место нема подобри. А супи, со букви си јадам, или црвени.