Сум 41 (Sum 41) | Црнобело Форум

Сум 41 (Sum 41)

Blue

Нов член
14 февруари 2012
19
22
3
Sum 41е канадски рок бенд од Ајакс, Онтарио. Групата е формирана во 1996 година, а се состои од Deryck Whibley (водечки вокал, гитара), Tom Thacker (гитара, придружен вокал), Jason McCaslin(бас гитара, придружен вокал) и Steve Jocz (тапани).
Во 1999 година, бендот потпиша меѓународен договор со Island Records. Бендот го издаде нивниот деби албум, All Killer, No Filler во 2001 година. Бендот постигна успех со нивниот прв сингл од албумот, "Fat Lip", кој постигна број еден на Billboard Modern Rock Tracks chart и останува како најуспешен сингл на бендот до денес. Оттогаш, имаат извадено уште четири албуми: Does This Look Infected? (2002), Chuck (2004), Underclass Hero (2007) и Screaming Bloody Murder (2011). Тие биле номинирани за седум Juno награди и два пати имаат освоено (Група на годината во 2002 и Рок албум на годината за Chuck во 2005).

Кое е вашето мислење за нив? Дали имате омилени песни?:)