Суета

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
А ќе се јави ли некој и да каже -Јас, јас сум суетен/суетна анд ај лајк ит?
Или и да сме, никогаш не би признале?
Можеби е тешко да е човек свесен за сопствената личност и карактер?

п.с. Ајде бе, дајте малку поостро :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: slb_bobo

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ајде да си кажам чим бара сината.
Јас бев суетен додека не наполнив 24 години. Ме удри во глава многу квалитетно. Од небо паднав во провалија - на карпи, си го повредив грбот, и од тогаш ум за друг пат - треба да си се цениш себе, ама не си центар на светот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
А ќе се јави ли некој и да каже -Јас, јас сум суетен/суетна анд ај лајк ит?
Или и да сме, никогаш не би признале?
Можеби е тешко да е човек свесен за сопствената личност и карактер?

п.с. Ајде бе, дајте малку поостро :D
Всушност тој што признава дека е суетен, изиграва лажна скромност. Никој нема да признае кога суетата му е на удар баш поради тој самозаштитнички механизам.
 

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Оуууу јас не поканета дојдов на темава :kafe
А баш ми се свиџа скоро се што прочитав.
И вака од нога ке начкрапам збор два.
Суетата за мене е нешто претерано и без основа(без поткрепа).
Претерана гордост.
Претерување со егото.
Претерување со самодовербата.
.....
Абе ние може да си претеруваме колку сакаме,ама како што напиша Аркантос,ако увидиме дека за нешто не сме доволно способни,кога ке потклекнеме,нека останеме со наведната глава.Полека полека,ке научиме и пак ке се исправиме.
Но доколку ни е главата исправена и за нешто неосновано,доколку не гледаме надоле,нема да видиме каде пагаме,и отидовме во провалија.
Е тогаш суетата е кочница.
Најбитно од се е колку и да бидеме самоуверени,дозата за самокритичност не смееме да ја испуштаме од рака.Ако ја испуштиме и облаците ке бидат наша провалија.
Темава е доста долга.Тука малку ке се одморам. (smoke)
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Карактерот е составен од разни особини, а суетата е особина.

Нема друг конкретен збор за замена за овој поим, едноставно суета е слично на гордост, но во претерана преувеличена форма. Наликува и на его и може да биде пренагласена така што личноста е дури арогантна. *Личноста каде суетата е силно нагласена е самобендисана, мисли дека е најдобра, најубава, најсовршена и слично. Поради тоа има потреба да се докажува пред други и воедно, да добива позитивни критики, кои всушност само им ја зголемува суетата.

*Сите имаме заеднички особини што ги поседуваме: его, самодоверба, сигурност, итн. Истото е и со суетата. Но, кај некого е понагласена, кај некого не до толку, но сепак, во одреден миг во животот сите сме ја почуствувале или изразиле.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Lena

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
Имаше еден одреден момент во животот кога суетата ме направи тхе бигест ас евр! Жалам за тоа, но кога си млад , амбициозен, горделив, сакаш да ја покажеш твојата индивудуалност многу лесно можеш да ја пречекориш онаа граница и да станеш егоцентричен ...од таму и суетен...но кога двајца интелегентни луѓе на различни општествени и институционални позиции ќе почувствуваат интерес и привлечност но и страв дека всушност имаат противник кој што би го загрозил некако на некој начин интегритетот на другиот ....се јавува суетата и за половина час останува само таа...и жал ми е до ден денес. Не се срамам да признаам дека сум имала многу моменти на страшна ароганција, суетност ..онаму каде што требало едноставно да се изнесеш природно , онаков како што од внатре врискаш дека си...но ..остануваш нем и оставаш суетата да зборува. Затоа толку многу ја сакам''' Гордост и предрасуди'' од Остин ....на некаков начин ме фаќа во тесно дека згрешив и сеуште грешам но од друга страна ми алудира на тоа дека сум потполно свесна да можам да се разберам и да се носам со сите мои луцидни и рационални однесувања ....дека сум човечко битие кое што можат лесно да го обвиат ветровите на преценувањето....но и дека ова битие знае и се бори да воспостави самоконтрола и да направи баланс без притоа да се изгуби она убавото смирено свое Јас .