Суета

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Љубопитна сум.
Ме интересира колку и како го разбирате поимот „суета“.
Како би ја дефинирале, ама да биде таа дефиниција колку што е можно поконцизна и појасна.
Дали, колку и како ја препознавате кај другите?
Дали, колку и како ја препознавате кај себе?
Кои се нејзините позитивни, а кои негативни аспекти?
Дали, колку и како таа помага/одмага?
Дали, колку и како е иста/слична/различна со гордоста, самодовербата, самопочитта... ?
Кога би требало да се објасни со еден збор, кој би бил тој?
Итн. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: DarkPassenger and slb_bobo

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Како го разбирам поимот?
А, јас па мислев име е, имав една Суета школска, ама ми се омажи во прва или втора година средно :(
Шала на страна;
Прво да те пофалам за темава, ама знам дека нема да развие дискусија - причината нема да ја наведам, за да не се сфати како директна навреда за форумов, па да ми рипнат сите интелектуалци.
Сите имаме суета во себе, некој поголема некој помала, оној со помала може некако да турка низ општеството, ама оној со поголема... абе низ ѕид ќе мине од самобендисаност.
Само да не ме сфатите погрешно. Без суета во себе сме никој и ништо, секој треба да има љубов кон себе, да си ги цени споствените принципи и своите постапки да си ги издигнува, ама не се до небото, туку онолку колку што е потребно - да кажам, да не се занесуваат.

Искрено, јас се плашам од премногу суетни луѓе. Не се шалам - навистина така.
Нема поопасен човек од оној со повредена суета - секаде сум сретнал такви примери и секаде се плашам.

И да, со еден збор да опишам?
Преголама Суетност = отров
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Љубопитна сум.
Ме интересира колку и како го разбирате поимот „суета“. -преголема самодоверба и гордост
Како би ја дефинирале, ама да биде таа дефиниција колку што е можно поконцизна и појасна. -преголема самодоверба и гордост
Дали, колку и како ја препознавате кај другите? -ја препознавам во неколку облици кај луѓето. Едната е омаловажување и негирање на се` околу себе, другата е приказ на себе како совршенство (тука спаѓаат сите мајка-терези, светци и светици, непогрешливи, сезнајковци итн.)...
Дали, колку и како ја препознавате кај себе? error 404, content not found :D се зезам. Не се сметам за суетна личност иако како и сите имам моменти на преголема гордост, омаловажување и негирање на повеќето од работите.
Кои се нејзините позитивни, а кои негативни аспекти? -позитивни аспекти...хммм..., негативни: деструктивна, тежнее кон оддалечување од објективноста, неможност за согледување на сопствените маани, прикривање на вистинскиот карактер итн итн.
Дали, колку и како таа помага/одмага? -одмага така што ја уништува личноста и можноста за напредок
Дали, колку и како е иста/слична/различна со гордоста, самодовербата, самопочитта... ? -слична со сите :D
Кога би требало да се објасни со еден збор, кој би бил тој? -ВоведВоНарцисоидноста :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Според мене, суета е комбинација на прекумерена горделивост со помпезност.

Воглавно не ми се допаѓа таа карактеристика, но во одредени области потребно е да се поседува барем малку. Треба да го цениш тоа што го правиш добро, па дури и да го возвишуваш. Но, не до тој степен твоето дело да им го пикаш во фаца на другите, постојано, секаде. Едноставно, поседување на одреден процент на суета не може да наштети.

Претерано суетните личности се фалбаџии. Што тие направиле вчера, колку добро го направиле тоа, каде, со кого, како и зошто,... обожаваат да зборат за себе си. А во реалност, на никого не му е гајле. Барем не до толку. Обожаваат да им даваат на знаење на сите, колку тие се интелегентни, колку многу се разбираат во секоја тема, колку добро се облакаат, колку добро изгледаат, на колку добри места искачаат, колку добра музика слушаат,... едноставно, тие се сметаат за совршенство.

Јас лично не се сметам за суетна личност. Што и да правам, првенствено се двоумам во квалитетот на мојот труд и изработка, се додека не добијам позитивни оцени. Доста често потребно ми е да го споредам моето со туѓи дела (во таа област) и да сфатам дека всушност моето е одлично. Или не, и тоа се случува. (wasntme) Во секој случај, одлично сработено дело или не, ретко се задржувам на истото, а почесто преминувам на работа на ново. Така што, немам простор за суета, и да сакам. :D

Како што кажав погоре, одреден процент на суета помага. Може да те натера да го видиш вистинскиот квалитет на сопствениот труд или пак на карактерот кој го поседуваш, може да те натера да собереш храброст да сториш нешто за кое се двоумиш, може да те поттурне нанапред кон нешто кон што целиш. Едноставно, помага во одредени моменти да ја надминеш несигурноста и несамодовербата. Но, ништо во големи количини не е добро. Никој не е доволно добар во се за да биде толку нарцосоидно суетен. И никој не сака нарциси, така да, word to the wise...
snapoutofit.gif
.
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Да, да се согласувам со вас ...
Но...
Каква е таа личност без суета? Без гордост зошто постои, зошто делува и се насочува некако?
А каква е таа личност без дигната глава и кога е тешко?
И каква е таа личност без цврсто тло под себе?
Не мислам дека суетата е толку многу лоша карактеристика, сепак треба да сме свесни за себе и се што претставуваме.
Суетата во умерини дози р една од состојките за успех. Малку гордост и самодоверба на никому не се на одмет.
ОД друга страна, личности кои се исполнети само со суетноста на своето постоење... ај да не ги коментирам : )))
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin and parvati

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Да, да се согласувам со вас ...
Но...
Каква е таа личност без суета? Без гордост зошто постои, зошто делува и се насочува некако?
А каква е таа личност без дигната глава и кога е тешко?
И каква е таа личност без цврсто тло под себе?
Не мислам дека суетата е толку многу лоша карактеристика, сепак треба да сме свесни за себе и се што претставуваме.
Суетата во умерини дози р една од состојките за успех. Малку гордост и самодоверба на никому не се на одмет.
ОД друга страна, личности кои се исполнети само со суетноста на своето постоење... ај да не ги коментирам : )))
Е каква е де?
Каква е личноста без суета или барем без нагласена суетност?
Спрема прашањава ми се чини дека ги поистоветуваш суетата со гордоста, со подигнатата глава кога ти е тешко, со цврстото стоење на тлото (така некако :) )

Коментирај ги, баш би те замолила да ги коментираш тие личности кои се исполнети само со суетноста на своето постоење :D
Наједноставно е да се каже дека сѐ е добро кога е со мерка.
Ама
како си ја одредувате мерката?
И која е мерката?
Кои се крајностите?

Saladin и parvati гледам се согласуваат, па ќе ги тагнам да се произнесат :D
Arkantos наведи ја причината, плс. Нека рипнат сите, да се испитаме кој и колку овде е суетен :D
ipopovski ај дружи нѐ малку и ти :D

едит: Mila Kunis заборајв и тебе да те тагнам, соори :D
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
lady_blue задоволство ми е да ти одговорам.
Мое лично гледиште е дека личност без суета е личност која воопшто нема цел да се издига низ општествените скалила. Дека воопшто не го сака својот лик во огледало, ниту она што го носи со себе.
Или не мора да не го сака, може едноставно да се задоволува со тоа што го гледа и воопшто да не се стреми кон подобрување.
Треба малку да сме суетни, и горди и да се стремиме таму напред.
Суетноста ја поистоветувам со гордост на самиот себе, со знаење кој сум и што можам. Па и да не можам, ќе се трудам. Суетноста е двигател, барем за мене.
А најдобро е кога знаеш како да управуваш со неа, кога да ја исаткнуваш, кога да ја прикриваш. КОга е време да попуштиш и да се повлечеш а кога да ја држиш главата горе.
Сметам дека постигнувам некоја средина кога станува збор за ова.

И еве, ќе ги коментирам оние дургите, оние кои јас ги замислувам без суета, со погазени очекувања - некој човек во темно ќоше каде нема огледало да се види и каде се теши дека вака е добро, дека вака е добра личност и каде по принцип на рационализација се теши дека не ни може подобро. Дозволува другите да манипулирата со него и самодовербата како и сеутета му е минус нула....
така нешто е според мене : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Пошо се осеќам повикан на темава, ќе одговорам според мое гледиште.
Тоа што го спомна Марија држи итекако вода во одредени ситуации. Она повеќе ја дефинира суетата со его. Јас егото би го расчленил на повеќе партиции. Има момент кога егото е малку посмирено и гледа пофлексибино на работите, но има моменти кога е во самозаштитничка фаза и не прифаќа никаков туѓ концепт. Секој поседува моменти на суета, кога неговото его е „повредено“ и пробува на секаков начин да го одбрани. Дури и најголемите алтруисти понекогаш имаат повредено его. Зависно од прагот на толеранција, но пак ќе кажам секој страда од својата суета.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Марија

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
незнам, има по нешто во коментарите на сите, ама сепак мене сеуште нешто ми фали (think)
Ми се чини дека коментарот на slb_bobo е некако најблиску до она што и мене ми се вртка низ глава.

Дали може човек да има доволно самодоверба и да умее да се бори и да напредува во животот и светот, а да нема изразена суета?

Дефинитивно не би ја поистоветила суетата со гордост на самиот себе и со знаењето која сум и што можам.
Уште помалку би ја поистоветила со двигател.
Побргу би рекла дека е кочница.
 

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
lady_blue
Од страв да не скокнат интелектуалците не ја напишав реченицатава:
На форумов вријааат луѓе со претерана суетност во нив, а кај повеќето е неиздржана :)
Неиздржана во смисла, во ред е да имаш свест за висока вредност во себе - ама истата треба да ја поседуваш.