Студентски прашања | Црнобело Форум

Студентски прашања

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
(можеби глупо прашање ама морам ) сум запишана на факултет , но бидејќи морам порано да ја завршам дали е можно на државниве факултети да дозволат на студент да земе повеќе испити од дозволени кредити макар и да е со плајќање или било како? Пак ќе речам можеби глупаво прашање но морам.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,440
9,149
1,683
Кушкундалево
(можеби глупо прашање ама морам ) сум запишана на факултет , но бидејќи морам порано да ја завршам дали е можно на државниве факултети да дозволат на студент да земе повеќе испити од дозволени кредити макар и да е со плајќање или било како? Пак ќе речам можеби глупаво прашање но морам.
Има некои услови кои треба да ги исполнуваш: да ги имаш освоено сите запишани кредити и да имаш просек (зависно од факултетот). Кај нас треба да доставиш молба до деканатот и чекаш да ти одобрат или да те викнат на разговор.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,885
7,370
1,153
Big Sur
(можеби глупо прашање ама морам ) сум запишана на факултет , но бидејќи морам порано да ја завршам дали е можно на државниве факултети да дозволат на студент да земе повеќе испити од дозволени кредити макар и да е со плајќање или било како? Пак ќе речам можеби глупаво прашање но морам.
Веројатно варираат условите од факултет на факултет, јас лично не сум запознаена со процес кој ќе ти дозволи да завршиш побрзо од предвиденото. Но не велам, можеби има. Ако имаш уште години/предмети што не си ги ни запишала за слушање, тешко дека би можело. И ко што спомна Егзистенс погоре, во случај кога би се дозволило, знам дека за да запишеш над 7 предмети (а дозволуваат 8 максимум :D), треба просекот да ти е над 8,5, и e пожелно сите дотогашни испити да ти се исчистени. Обрати се на студентски или пиши до деканат, обично враќаат, тие најубаво би ти кажале.
 

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Има некои услови кои треба да ги исполнуваш: да ги имаш освоено сите запишани кредити и да имаш просек (зависно од факултетот). Кај нас треба да доставиш молба до деканатот и чекаш да ти одобрат или да те викнат на разговор.
Фала многу , сепак има начин :)
 

fighter

Староседелец
22 февруари 2012
26
27
613
Јас имам прашање до тиа на Економски во Скопје. Кога треба да презапишеш предмет го запишуваш на местото на изборниот тоа го знам, но што со изборниот дали после се пишува во некоа наредна година или не ти треба? И ако се пишува дали сите предмети се по 8 кредити или се различни оти ако се сите исто ќе нема кога да се запише затоа што макс можиш 4 предмети освен ако немаш просек, а што презапишуваш тешко дека го имаш :D
 

Sali123

Нов член
23 јули 2014
6
1
3
Ме интересира што би одбрале кога треба да бирате помеѓу Семејни студии (редовен) и Безбедност,одбрана и мир(вонредно) на Филозофски факултет ... Само на овие два смера сум заинтересирана од местата кои се слободни за на втор упис....Јас повеќе сум за Безбедност,но бидејќи е вонредно не сакам многу,а и од дома некако не ми даваат ... Иначе конкурирав на првиот упис на Социјална работа и политика и не ме примија,бидејќи не реков дека сакам со кофинансирање...И ме интересира дали доколку се запишам вонредно може да се префрлам на редовен на вториот семестар или пак од втора година да не треба и да се плаќа нешто ??? ...И дали вонредните студенти кога полагаат одат веднаш на испит немаат колоквиуми ??? ... ПОМОШ :|
 
C

crnobelo1

Гостин
Да прашам нешто во врска со Филозофски факултет, смер безбедност, одбрана и мир! Да не знае некој да ми каже за во понеделник 15 септември, каде треба да се оди и во колку часот?!
 

Sali123

Нов член
23 јули 2014
6
1
3
Здраво.Јас сакам да прашам кои документи се потребни за вселување во студентскиот дом Гоце Делчев ???
 

justbeautiful

Староседелец
6 мај 2012
2
0
1,001
30
Знае некој која е цената на оригинал учебници од книжара за прв семестар на Економски факултет?
 

Sanjicka

Нов член
15 септември 2016
2
1
3
23
Me interesira dali nekoj od postarite studenti znae konkretno za ekonomski fakultet za prv semestar dali i koi knigi treba da se kupat original a koi moze da bidat kopii? I dali ako se kupat na staro ke ima nekakov problem ili ne?