1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Стручно или гимназиско образование

Дискусија во форумот 'Образование' започната од Jackal, 21 јуни 2012.

  1. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    Што е подобро да се заврши? средно стручно училиште или гимназија?
    со кое училиште се има подобри услови за наоѓање на подобра, поплатена или пак побрзо да се најде било каква работа?

    Мое лично мислење е дека стручното образование е многу повредн од гимназиското зашто во стручно училиште се зема еден правец и се усовршуваш во него за разлика од гимназиит екаде се учат општи предмти, биологија, историја, хемија и слично. После завршување на стручно училиште може многу лесно дасе побара работа и полесно да се најде рабетоа од луѓето кои завршиле само средно гимназиско затоа што имаат веќе било какво такво искуство од струката што ја избрале.

    Ваши размислувања за темава ?
     
    На emzzy, Nightmare_f и Bum-Bum им се допаѓа ова.
  2. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    И моето размислување е исто како и твоето...И така се водев кога се запишував и стварно ми е чудно и нелогично зашто голем бр. на деца се одлучуваат за гимназија...што е гимназијата посебна? :^)
    Иако сите нели ке одиме на факутет па се со оној "изговор" неможам да се определа уште од сега...А зашто да не можеш? Се знае уште од тогаш што те влече...Еве јас правен смер дека учам утре кога ке отидам на факултет правен нормално дека ке ми биде полесно отколку на некој кој учел гимназија ...сепак јас 4 години учам многу прави предмети....основитена правото јас веќе ги знам....А што знае тој...? Биологија или од историја што учел нешто? :^)
     
  3. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    и и гимназијата јас ја сметам како нешто јас сум во гимназија и јас сум паметен а вие сте глупи .. кажвам ова од искуство..
    и не се согласува мсо онаа изјава на министерството за образование поинтелегентните ученици да одат в огимназии а другите даодат в остручно.. е па министер ела некој неинтелегентен нека запамти по 150 клучни збора плус наредби , функции проведури , типови на податоци, некој шо не е интелегентен.. И тоа г озборвам сам оза едне програмски јазик а јас ко шо учев по неколку.. Плус кај мене се учат и автоматика, дигитални системи еден куп микропреоцесори кои мора да се знаат како функционираат... а за биологија и хемија и историја секој можи да научи ..
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Многу навредлива беше таа изјава...Можеби ние сме само луѓе уште од 15 години и знаеме што сакаме во животот а не дека сме помалку интелегентни :confused:
    Како може да се спореди Право,Јавно право,Устав,Приватно право,Автоматика,Микробиологија,Нега,деловна психологија,Економија...
    И на крај краева ние учиме Бизнис уште во 1 година а вие тек во 3 та...
    Историја,Хемија,биологија се учи уште од 5 одд...основите ги имаш...Неможе да се измисли нова историја или ново работење на човековото тело...може само да се надоградува знаењето :)
     
    На Oleri му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Jackal

    Jackal Староседелец

    Зачленет на:
    13 февруари 2012
    Мислења:
    2,031
    Допаѓања:
    2,642
    секое училиште е различно тоа да ете пример со бзнис вие учите од прва јас ода трета ама мене понатаму не ми кој знај колку потребен бизнис. основите ке ги имама доволно колку некогаш ако дојде време да си отворам сопстевн бизнис..

    Повеќе не мие потребно зашто понатаму јас нема да станам еконмист или сметководител, јас ке станам информатичар, програмер или шо и да е поврзано со информатиакат и програмирањето.

    А децата шо учат гимназија ко ке завршат се комплетно без струка и без насока кде ке одат со живото , можат секаде на факултет ама каде и да одат ке им биде како да почнале од почеток.
    Еве брачедами учеше гимназија исе запиша на факултет за информатика , маки мачи кутрата со програмирањето и цело време е кај мене да и покажвам ...А учат само основи на Ц јазикот ...
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bum-Bum

    Bum-Bum Истакнат Член

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    1,125
    Допаѓања:
    1,844
    Добро и мене како адвокат нема да ми биде потребно бизнис ама ете се учи...небитно....
    Ееее ова е тоа што јас го зборувам...Ке им биде мнооогу потешко...Ама ете секој си се определува сам....мислат дека се фаци ако учат во гимназија :D
     
  7. Nightmare_f

    Nightmare_f Истакнат Член

    Зачленет на:
    19 февруари 2012
    Мислења:
    1,358
    Допаѓања:
    2,204
    дефинитивно стручно...

    еве пример. се запишуваш у хемиско средно и утре други ден коа ќе завршиш моеш да работиш барем како лаборант ако ништо повеќе, а ако завршиш гимназија моеш да бидеш барем семкар :)

    зборам...ако понатаму не се продолжи на факс.
     
    На Bum-Bum му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Марија

    Марија Poétesse

    Зачленет на:
    14 април 2012
    Мислења:
    1,146
    Допаѓања:
    2,490
    Сметам дека стручното е многу подобар избор од гимназиското образование.
    Еве јас завршив средно фармација и воопшто не се каам за изборот, освен што имам диплома за фармацевтски техничар и што во секое време можам да најдам работа (ако не дај боже бидам приморана да работам без да завршам факултет) предметите што сум ги учела во средно од типот аналитичка хемија, биохемија, фармакологија, фармакогнозија... многу ми се нашле на факултет.
    Значи имам некои пред знаења и теоретски и ако ништо друго кога влегов во лабораторија не се чудев што е тоа епрувета, ерленмаер, бирета итн како оние од гимназија.
    И покрај средното стручно не си обврзан да се запишеш иста струка и на факултет, има многу примери кои отишле на сосема трет факултет кој нема врска со средното стручно во кое учеле.
    Од друга страна пак, тие од гимназија се добро потковани со математика и физика ако ништо друго. Не смеам дека имаат поширок избор на факултети, но ќе немаат големи проблеми со математика и физика иако лично јас и без математика во средно и без физика успеав да ги положам на факултет и тоа со добри оцени.
    Со тоа се побива и тоа дека се добро потковани и они ќе успеат да положат се, а ние од стручно нема.
     
    На Bum-Bum и mAcIkA им се допаѓа ова.
  9. mAcIkA

    mAcIkA Истакнат Член

    Зачленет на:
    14 февруари 2012
    Мислења:
    376
    Допаѓања:
    516
    Подобро е стручно и тоа каде-каде ама ако знаеш шо понатаму да учиш на факултет и да си имаш струка уште од 15 години.АМА Ако си само за да имаш некое средно онака поарно некоја гимназија да одбериш.Имам другари шо учеле средно фармација ,имале некој си предмети заебани и после тап на педагошка и на електро и на некој си таму сообраќаен:nah..Шо учеле фармација не знам..И посекако после какво и средно да имаш факултет ако сакаш ке завршиш.Посекако денес и ќоро и сакато се завршува,може за некоја година плус ама завршува:)
     
  10. близнак

    близнак Староседелец

    Зачленет на:
    21 јуни 2012
    Мислења:
    169
    Допаѓања:
    306
    Штета што во Македонија изборот е производ базиран на прекумерно гледање низ опшествено-политичката призма. Многу ретко (претежно кај повисоките класи) ја има таа можност - талентот и желбата на поединецот да бидат нахранети со правилен избор на образование.
     
    На Jasmina-Jase, emzzy и Bum-Bum им се допаѓа ова.

Сподели: