Страв

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Можеби реално изгледа, ама не е. Нема потреба од страв, тоа е само состојба, која нема да смени ништо. Тоа што треба, ќе се случи, со страв или без.
ако разумот и логиката имаа моќ да ги контролираат чувствата, меѓу кои и стравот, сѐ на овој свет ќе беше толку поинакво
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Oleri and melpomena

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
лажно или не, многу реално за тој што го чувствува во моментот кога го чувствува
Чувството е само претстава. Нешто како осигурач за некои работи кои не можеме да ги направиме. Но најчесто тој осигурач прави некои работи да изгледаат невозможни. Но сигурно ако прегори, самото тоа води до прегорување и на електричното коло.

Take that for a quasi engeneer! xD
 

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,418
1,153
Чувството е само претстава. Нешто како осигурач за некои работи кои не можеме да ги направиме. Но најчесто тој осигурач прави некои работи да изгледаат невозможни. Но сигурно ако прегори, самото тоа води до прегорување и на електричното коло.

Take that for a quasi engeneer! xD
или како шо велеше мојот професор по физика - „Све е физика!“
ама забораваше да додаде - освен она шо е хемија :D
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Страв...
Стравот е илузија,и стравот не постои вистински.
Стравот е продукт на нашите мисли.
Најчесто се плашиме од иднината,мегутоа иднината не постои во сегашнот момент.
Иднината е најчесто фантазија,која повторно е продукт на нашите мисли.
Стравот има многу лица,несигурност и лабилна самодоверба се само малку од многуте лица на стравот.
Постои и природен страв кој се појавува како заштита во опасни моментални ситуации,на пр.кога гледаш дека дете трча на улица а недалеку гледаш кола која вози право во правецот каде е детето..
Тогаш стравот се претвара во реакција на телото,реакција која не трае ни секунда..и тогаш делуваме,без размислување..
Тоа е биолошки страв,и служи како заштита.
Илузијата или мислењето како нешто треба да биде,не доведува до очекување тоа нешто да биде така како што сме го замислиле ние,и веднаш следат мислите што ќе се случи ако не биде се така како што ние замислуваме..и во тој момент се раѓаат емоции кои доаѓаат до судар со мислите,во тој момент се створува стравот.
Најчесто се плашиме од непознатото,што ќе се случи,а може и нема да се случи,а сето тоа е иднината,која е исто така непозната..се што постои е овој момент...
.....
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Diamond

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Lena, дали нашите мисли постојат? (очекувам потврден одговор)
Дали тоа значи дека и стравот постои и не е илузија?
Тоа со сударот на мислите со емоциите дека раѓа страв...меех, ќе кажам дека јас сметам дека е неточно. Стравот е природно да го имаш, но справувањето со него е она потешкото. Дозволи му премногу и ќе те уништи, потисни го и ќе избие ко вулкан. Интересна работа е ова стравот.
 

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Lena, дали нашите мисли постојат? (очекувам потврден одговор)
Дали тоа значи дека и стравот постои и не е илузија?
Тоа со сударот на мислите со емоциите дека раѓа страв...меех, ќе кажам дека јас сметам дека е неточно. Стравот е природно да го имаш, но справувањето со него е она потешкото. Дозволи му премногу и ќе те уништи, потисни го и ќе избие ко вулкан. Интересна работа е ова стравот.
Да нашите мисли постојат,меѓутоа многу од мислите се залудни,поврзани со утре,задутре следната година..сето тоа е некаква илузионерна представа што може да биде,ама ние не знаеме дали ќе биде или не..
Си представуваме,и во одредени ситуации пр.испити за на факс за кои не знаеме дали ќе ги положиме,ствараме во себе слики,мисли кои ни будат страв од тоа сто може да се случи..ама не се случило сеуште,може и нема да се случи,може и ќе ме удри кола па нема да отидам на факс..значи дека не сме во реалноста,туку сме некаде со мислите,реалноста е сега во овој момент,и во моментот кога размислуваме или си представуваме како ќе биде на испите не фаќа страв,ја губиме самодовербата,се кочиме,се потиме,се тресеме и сл.телото реагира на судар мисли и емоции..Дозволи му премногу ќе те уништи,потисни го ќе избие како вулкан е предобра дефиниција за стравот
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Diamond

~ Скарлетка ~

Активен Член
25 октомври 2012
348
204
43
35
Скопје
Јас би играла дека стравот е само состојба на умот, можеме и без него ама ако некој успее нека ми каже како.
Иначе се плашам од се што зуе од инсектите, понекогаш дури и од муви и од змии имам паничен страв. Толку ми текнува. Ако ми дојде мечка пред мене некој ден може ќе сватам дека и од тоа се плашам ама сега за сега толку е :D
 

Bboby

Нов член
11 август 2013
1
0
1
30
Битола
Што за вас претставува стравот? стравот е нешто што за момент го обвзема барем еднаш на секој човек, не зависно од која работа и до што доведува истиот... тоа за мене е едно грозно чувство, кое не би исакала никогаш во животот да го немам доживеано
Од што имате страв? најмногу од пеперутки за жал :place кловнови и од смрт на најблиските



Како се справувате со него? многу тешко, кога и да видам пеперутка јас паничам, цикам, а ако нема никој во моја близина за да ја истера истата, јас почнувам да плачам, да бегам... многу тешко е... :eek

Мислите ли дека стравот е длабока психолошка состојба која остава последици во начинот на живот, однесувањето и размислувањето на личноста? да и тоа како... кога и да помислам на пеперутка јас се наежувам целата, кога ќе ја видам во друштво кревам паника, што и не е баш нормално, некои и почнуваат да се смеат на моја сметка, а само јас си знам како ми е... али тоа е :| дури на моменти си помислувам и дека тоа не е нормална работа, дека треба да посетам психијатар, да ми го отстрани тој проклет страв... како и да е неможе секој да го разбере стравот како појава, освен тие што имаат страв од некоја одредена работа
и jas se plasam od peperutki mnoguuuuuu, kazvaj kako da go resime problemot :)