Средношколски глупости

Дали би сакал повторно да се вратиш во средно?


  • Вкупно гласале
    27

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
......ајде да видиме какви маки трпеле наштите професори и соученици од PRANKS од наша страна....:igra
 

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
сакам да се вратам ама баш тогаш како шо си беше,инаку во модерново средно не би се вратила.глупости шознам не ми текнува ама се секавам на тоа дека се заканував на професорката по математика,го прашував еден професор со кој шампон ја мие косата :banghead многу се смеев на часови.и то.
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Средно беше црното доба од мојот живот. Бобо експериментираше со стилови. Беше панкер, металац, пак панкер, пак металац...црташе по цело школо и се криеше да не го види некој професор (на крај некој пробал да ме имитира и го казнија да го чисти цело школо). У мало гратче ко моево, едина фаца у генерација која се носи у црно цело време, слуша нешто поразлично од другите, не веруе у богови и сл., чат-пат ги оставаше у мисла професорите и имаше храброст да им се спротивстави на нивните знаења значи...хммм...да имаш се` на се` двајца другари, а другите да те одбегнуваат или да пробуваат да ти се упикаат оти имаат корист од нешто. У средно Бобо решаваше тестови по хемија за 10 мин. и сите му се лутеа зашто не им дал да препишат, чат-пат ќе се најдеше по некој професор кој сакаше да му стави 3-ка од инает ама на крај мораше да става реални оцени. Аааах да, средно беше времето коа Бобо не можеше да го соџвака лицемерието на другите и понекогаш минуваа по три месеци со никој освен тие двајца да не правам муабет. Не би се вратил.
 

annazac

Истакнат Член
2 август 2012
30
13
108
средно сум и нешто слично како бобо,али добрата страна е во училиштето каде што јас одам рокерите,панкерите и металците се сметаат за богови барем во другите генерации,а во мојата генерација не се баш такви,затоа одвреме навреме се чувствувам како аутсајдер.инаку што се однесува до глупости,со оглед на тоа дека мајка ми на секои две недели доаѓаше на училиште добра сум во тоа... :)
 

Marchisio

Староседелец
4 јуни 2012
551
902
1,093
и фрлив на професорката кондом на катедра, ја мавав со креди по задникот,и избегав преку прозор а потоа и се кривадев, сакаше една професорка да ми пише 1 и ја тргнав столицата и таа падна :giggle не кажувајте никому дека бев многу брлав
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lepaa and Foxboro

Primrose

Староседелец
14 февруари 2012
683
1,287
1,093
your nightmares....
Единствено би се вратила за да сменам некои работи. Не заради глупостите.
Кога би се вратилаво средно, би го сменила начинот на кој постапував со одредени луѓе, начинот на кој реагирав (ако воопшто реагирав). Не дека беше одамна, вчера средно завршив, туку да ми беше овој памет во прва година, се што потиснав во себе и се што премолчував на други би избило на површина.
Се знаев да толерирам, да простам за секое исмејување, за секоја навреда, да преминам преку секое лигушење и лицемерие. Се било залудно. Непотребно. Излишно.
Предоцна покажав заби. Не знаев да се борам за заслуженото. Кога професор ќе речеше Седи, седнував. Не знаев да кажам: Сакам да зборувам, не сакам да седам !!
Едвај чекав да завршам. Сега ми фали некако.

4493017_700b.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr and WomanInRed

Foxboro

Староседелец
16 јуни 2012
716
1,479
693
Pripyat, Ukraine
и фрлив на професорката кондом на катедра, ја мавав со креди по задникот,и избегав преку прозор а потоа и се кривадев, сакаше една професорка да ми пише 1 и ја тргнав столицата и таа падна :giggle не кажувајте никому дека бев многу брлав
....опасен си, слични сме и јас обожавам да ги нервирам сите професори....:rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Marchisio

Farfalla

Староседелец
14 февруари 2012
455
1,010
1,103
Не правев глупости (многу). Јас едноставно... ретко ме имаше на некој час, особено во 4та. Единствено со класната се брецкав постојано. Многу ме мразеше, мене и пола клас, затоа што бевме деца на родители од средна класа, па ја користеше секоја прилика да не понижи. Во 4та се смени малку играта, па и вратив се мило за драго.
А сега душата ми се полни што нејзиниот миленик ја квадрираше прва година два пати, па кога виде дека нема излез се презапиша во Тетово.
А јас поминувам покрај бившото школо, вртам глава кога ќе ја видам, и горда сум што полека ја остварувам зацртаната цел. Сама, без никој да ме подтурне, или да чекам да ми заврши нешто.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos