Средновековни градови и тврдини во Македонија | Црнобело Форум

Средновековни градови и тврдини во Македонија

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Имам книга симната од нет интересна е па вреди да се сподели, чисто информативно е само за да знаете што се има на територијата на важето место на живеење.. :)

Општина КРИВА ПАЛАНКА


Опила
ГрадСлавиште

Лит.: Керамитчиев 1966, 118; — И. Микулчиќ TIR, 94; — Ц. Крстевски 1987, 129.

Местоположба. Месноста „Градиште” лежи 2 км северозападно од центарот на расфрленото село Опила, северно од маалата Билибајци и Бабунци, на северниот раб од долината на Крива Река. Претставува 90 м висок рид чие јужно чело стрмно паѓа кон реката. Трите страни му се стрмни карпи, забесто испукани. Пристапен е од север, преку мало тесно седло. Во подножјето, долж Крива водел патот Скупи — Пауталиа, средновековниот пат Скопје — Велбужд, а денес трасата на пругата Скопје — Ќустендил.

215


Сл. 76. „Градиште”, Опила, доцноантичка населба и кастел, обновени во средниот век („град” Славиште?”)

216


Најстари остатоци. Врвот на ридот и западната падина биле населени во доцноантичко време. Со камен ѕид без малтер бил опфатен овален простор со димензии 180 х 120 м (1,5 ха). Ѕидот вртел лачно околу северниот крај, а на другите страни се потпирал на големи карпи. Наоди: многу керамика, питоси, монети од 3. до 6. век.

На крајот од антиката на највисокиот дел од ридот бил изграден кастел опфатен со ново обѕидие од камен со малтер. Голем бил само 120 х 60 м (0,5 ха). По средина се протега карпест срт во кој се всечени 10-ина правоаголни простории за живеење со врати, скалила и др. Еден подземен тунел, всечен исто така во карпа, делумно е откопан на западниот раб. Од ова време потекнуваат и гробиштата во подножјето на ридот. Откопани се 60 гробови, датирани со накит и др. во 5. и 6. век.

Средновековни остатоци. Кастелот очигледно бил добро запазен и во следните векови, кога бил повторно населен. За тоа зборуваат наодите: огнишна грнчарија, повеќе византиски монети — бакарни скифати од 12. и 13. век и еден златник (триенс) на Константин X (средина на 11. век). Неколку доцносредновековни гробови всечени во карпата ерозијата ги разголила северно од крепоста, а близу 200 гробови откопани се во југозападното подножје.

Опила има добра стратешка положба, на спомнатиот магистрален пат со кој на тоа место се сече патот од Козјак на север кон Осогово и натаму кон Брегалница на југ.

Опила е старо средиште на регионот Славиште, мала питома долина долж Крива Река. Според повелбата на Василиј II од 1019 г. една од енориите на Морозвишката епископија била и Славиште. Без оглед на тоа дали под тоа име се подразбирал само регионот или постоел и еден фрурион со исто име, веруваме дека црковното (и управното) седиште на овој регион во средновековието лежел на Градиштето во Опила. Друго место во Славиште, потврдено со средновековни остатоци со вакво значење нема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Hexasto and Saladin

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Општина ВАЛАНДОВО


Валандово

Укрепено селиште Алавандово.

Лит.: В. Картов 1972; — Т. Томоски 1975, 271—278; — И. Микулчиќ TIR, 129.

Местоположба. Месноста „Исар-Извор-Кула” лежи 0,8—1,3 км ССИ од Валандово (230—430 м н.м.) 100—300 м високо над долината на Боимија (Анска река). Претставува варовнички рид наднесен над долината, што како тесен срт продолжува на северозапад во Градешка планина. Страните на ридот паѓаат стрмно во две паралелни длабоки долинки. На југозападната и југо-источната падина на Исарот избиваат многу силни извори на пивка вода, кои денес се каптирани и спроведени во градот. До наше време тука стоеле повеќе воденици и валавници, движени од силната вода.

Најстари остатоци. На југоисточната тераса под завршетокот на сртот, околу најсилниот извор, во раната антика била оформена укрепена населба, а на сртот над неа акропола. Наоди: парчиња атичка и коринтска сликана керамика од 6.—4. век ст.е. Во доцната антика (3.—6. век) просторот околу изворот добил ново обѕидие од камен со малтер. Населбата зафаќала простор од 10 ха. Пронајдени се внатрешни градби, бројни монети од 3. до 6. век. На падината југозападно од градот откопани се гробови, датирани со монети во 3. и 4. век.

Во 6. век обѕидието било обновено, југозападниот ѕид поместен нагоре, а акрополата е издвоена и зајакната со низа големи кули. На планинскиот срт 200 м северозападно од акрополата била изградена осамена кула-стража, со поглед кон долината на Вардар. Масивна, со димензии 10,7 х 9,2 м, денес е висока 8 м над почвата. Градежните белези ја датираат во 6. век.

Едно депо на златни пари од Исарот, ковани од Јустинијан до Хераклиј
165


Сл. 39. „Исар-Кула”, Валандово, антички град Идомене. Акрополата е населена и во доцниот среден век (село Алавандово)

166


Сребрените пари од Констанс II (641—668) што тука се најдени (исто во НМ Белград) зборуваат дека византиската власт набргу била вратена и во оваа крепост, меѓутоа не за долго; во настаните од 10.—11. век и натаму местово никој не го забележал.

Во јужното подножје на Исарот, во центарот на Валандово и јужната периферија (ул. Л. Колишевски и „Стакина Чешма”) на 4 места се откопани делови од римски приградски вили со мозаични подови, датирани во раниот 4. век. Населбата кај Валандово имала јасни градски белези. Несомнено се работи за Идомене, единствениот писмено потврден град во Долното Повардарие во доцноантичко време.

Сл. 40. „Исар”, Валандово, монети од 7. и 13.—14. век


Средновековни остатоци. Јужниот ѕид на акрополата е сочуван и денес наместа во висина до 4—5 м, а потекнува од 6. век. Очигледно е дека низ целото средновековие бил целосно сочуван и поради тоа бил користен за засолнување на жителите од тој крај. Површината на укрепената акропола зафаќа 3 ха, што е многу за средновековни потреби. Според остатоците што се гледаат на тој простор, заклучуваме дека тука постоела населба од разбиен тип и со неградски белези — село, а старите ѕидишта и служеле за заштита при помали опасности.

Прибраните археолошки наоди потекнуваат од доцното средновековие (13.—14. век). Тоа се парчиња од глеѓосани византиски чинии и покривни тегули од комненовски тип (лепенки), еден бронзен прстен, потоа византиски монети — бакарни скифати од 13. век и венецијанска монета од 14.

167


век. Во 14. век била изградена и црквата на св. Георги; во 1349 година неа ја приложил како метох на светогорскиот манастир св. Пантелејмон српскиот цар Душан („во Боимија во Алавандово”) и повторно во 1378 г. браќата Јован Драгаш и Константин (С. Новаковиќ 1912, 507, 512). Истата црква стои и денес 150 м југозападно од акрополата на Исарот, покрај еден силен извор (во месноста „Манастир”).

Пишувајќи за валандовскиот Исар, Т. Томоски ги пренагласува сите остатоци. За црквата вели дека лежи врз средновековната црква која била многу поголема и од која останаа 3 камени плочи со релјефни украси (1975, 275 и сл. 4). Тие плочи ниту го „утврдуваат идентитетот на локалитетот Исар” како што пишува истиот, ниту потекнуваат од старата црква на св. Георги. Станува збор за римски надгробни споменици од 2. или раниот 3. век. Поведен од остатоците на доцноантичката фортификација и не распознавајќи што е тука доцноантичко , а што средновековно, Томоски сето ова го прифаќа како доказ за „средновековниот град Валандово”. Меѓутоа писмено никаде не е потврдено дека Алавандово бил град (или фрурион — тврдина). И В. Картов (1972, 50) пишувајќи ја роднокрајната книга за Валандово, аматерски и потполно произволно ги датира ѕидиштата на Исарот и кулата на сртот во 11.—14. век. Пред тоа (н.д., 47) тој вели дека во 13. и 14. век Валандово постапно прераснувало во мала градска населба.

А. Стојановски (н.д. 1970, 119—134) пишувајќи за македонските градови во 15. и 16. век, не го покажува Валандово како град. Тоа е логично да се очекува, бидејќи Валандово не бил град ниту во претходните векови. Валандово го прикажавме во нашиот преглед токму поради споменатите пишувања, за да може читателот поточно да заклучи дали постоел град Валандово, или само селска населба Алавандово која изникнала врз урнатините на еден доцноантички град и се засолнувала зад неговите ѕидови. Во доцниот среден век Алавандово е средиште на регионот Боимија.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Општина ПРОБИШТИП


Злетово

Збег крај населбата Злетово. Сл. 116.

Лит.: А. Керамитчиев 1962, 52, 59, 63 и 1974, 154—155; — И. Микулчиќ TIR, 137; Т. Томоски 1978, 103—110.

Местоположба. Месноста „Баучар, Градиште” лежи 0,5 км источно од Злетово, на левиот брег од Злетовица. Претставува вулкански куп со стрмни страни и зарамнет врв, висок 150 м над реката која на тоа место избива од долг теснец. Долж Злетовица водел главниот рударски пат во минатото до срцето на Осогово, до бројните рудници и руднички постројки долж реката. Од врвот на купот се гледа патот многу километри далеку на север и југ.

Најстари остатоци. На врвот на купот во доцноантичко време било изградено обѕидие со малтер, кое што затворало простор од 110 х 36 м (0,3 ха). Во највисокиот дел на кастелот со внатрешен ѕид била одделена мала

268


акропола. Неколку градби се гледаат на источниот крај.

Околу кастелот накнадно бил изграден еден предѕид без малтер, опкружувајќи овален простор од 166 х 90 м (1 ха). Овој простор служел очигледно како збег за околното население и во него нема траги од цврсти градби. Наоди: доцноантичка керамика, монети од крајот на 4. до 6. век, железна згура, ситни предмети ковани од железо, оловни парчиња.

Сл. 116. „Баучар”, Злетово, доцноантичка рудничка тврдина, користена и во средниот век како збег


Средновековни остатоци. Покрај обѕидието на кастелот се гледаат остатоци од уште еден ѕид, без малтер, што се потпирал на постарите остатоци од нивната внатрешна страна. Овој ѕид е несомнено средновековен. На просторот на старата акропола лежат и парчиња од доцносредновековна грнчарија, делови од глеѓосани чинии од доцновизантиски тип, а најдени се и бакарни монети — скифати од 13.—14. век. Можеби и околниот простор на стариот збег бил користен во кризни времиња. Несомнено е едно, дека оваа висока, безводна и тешко достапна позиција била користена само повремено,

269


во кризните воени услови.

Злетово (фрурион или населба ?) се спомнува за прв пат во повелбата на Василиј II од 1019 г. како енорија (црковна општина) на Мородвишката епископија. На спротивниот брег на Злетовица, на местото на денешно Злетово се развивала средновековната населба, без стеги на градските ѕидови. Со време таа израснала во централна рударска населба во овој регион. Богати лежишта на оловно-сребрена руда лежат неколку км северозападно од Злетово (кај Древено, Добрево, Лесново и др., каде што се експлоатираат до денес), а лежиштата на злато се наоѓаат кај Гризилевци (месностите Златица — Плавица); оттука и името на населбата, Злетово.

Значењето на Злетово пораснало по српските освојувања на овој регион во 1282 г. Со развојот на рударството, занаетчиството и трговијата со метали, во Злетово се развило пазариште („трг”). Овој бил толку богат што од средината на 14. век му плаќал 100 перпери годишно на Злетовскиот епископ односно на манастирот во Лесново (С. Новаковиќ, 1912, 454, 678). Високата крепост на Баучар и служела на населбата како заштита односно збег во несигурните времиња, но не израснала во државна крепост или во феудално упориште со постојана посада и со цврсти малтерни градби.

Името Баучар е од куманско - печенешко потекло и настанало веројатно по нивното населување во овие краишта (под византиска контрола), во 11.—12. век.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Општина РАДОВИШ
Радовиш

Фрурион Радовиште, регионално средиште.

Местоположба. Месноста „Хисар” претставува издолжен рид близу северозападната периферија на Радовиш, на северниот раб на Радовишко Поле. Тој е малку вовлечен во подгорјето на Плачковица. Доминира над долинката на Радовишка река, по која води стар планински пат кон сртот на Плачковица и натаму кон Малешево, а има голема прегледност и над Полетокако и над стариот пат Штип — Струмица.

Средновековни остатоци. Не се истражувани, ниту е извршен премер и техничко снимање. Во турско време од крепоста е земан камен за градење на куќи и јавни градби во Радовиш така што денес останале минимални траги. Во подножјето, на западниот раб на долинката на Радовишка Река лежат доцносредновековни гробишта и крај нив црква, изградена врз постари темели. Тоа се остатоците од средновековна населба, подградието на градот Радовиште.

Во повелбата на Василиј II од 1019 г. под управата на епископот на

270


Струмица е наведена и еноријата Радовиште. Израснат како регионално средиште, истата улога ја задржал Радовиш и низ турско време до денес.



Шопур

Висока крајпатна стража. Сл. 117, 118.

Лит.: Ф. Папазоглу 1957, 252, 354; — И. Микулчиќ и Б. Јосифовска во TIR, 118 (Астраеум, Астрајон).

Сл. 117. „Пилав Тепе”, Шопур, доцноантичко рударско гратче. Акрополата е користена и во средниот век како висока стража

271


Местоположба. Ридот „Пилав Тепе” лежи 1,5 км југоисточно од Шопур и 12 км западно од Радовиш. Претставува 220 м висок вулкански куп со тесен врв (610 м н.м.), што од север ја затвора теснината на Мадемска река и патот Радовиш — Штип. Врвот и северната падина се покриени со огромни базалтни карпи. На север паѓа вертикално, а на југ поблаго, преку 3 тераси. Озгора има преглед низ целиот теснец и многу километри во долината на Лакавица и во Радовишко поле. На 2—5 км североисточно од Пилав Тепе се среќаваат бројни траги од старо рударење и преработка на метали (бакар, злато, олово-сребро, железо). Денешниот рудник и топилница за злато и бакар

Сл. 118. „Пилав Тепе”, Шопур, наоди 11.—13. век


„Бучим” лежи 3 км североисточно од Пилав Тепе, а од другата страна на реката. помеѓу Дамјан и Брест, лежат стари копови на железо експлоатирани до наше време.

Најстари остатоци. На Пилав Тепе израснала голема рударска населба во античко време, зафаќајќи простор од 12—15 ха. Во југоисточното подножје

272


на ридот, со проширувањето на автопатот во 1958 г., беа откопани повеќе печки за топење на метали. Бројни гробови од хеленистичко и римско време се раскопани на седлото и падините североисточно од Пилав Тепе.

Во доцноантичко време населбата се намалила и се повлекла горе кон врвот. Обѕидието опфаќало кружна површина од 270 х 250 м (4,5 ха). На обѕидието биле допрени долги низи од станбени простории. На карпите на врвот била поставена акрополата, голема 65 х 60 м, со внатрешно обѕидие. Се гледаат 2 цистерни за вода, делумно всечени во карпата, потоа бројни дупки и усеци во карпите за вглавување на дрвени греди, со кои бил зајакнат ѕидот. Покрај доцноантичката грнчарија најдени се и повеќе монети од доцниот 4. до крајот на 6. век.

Укрепеното градче на Пилав Тепе можеме со голема веројатност да го идентификуваме како рударскиот град Астрајон (Астраеум), писмено потврден во раната и доцната антика. Археолошките наоди во него во споредба со остатоците на околните локалитети и оние во поширокиот регион му даваат голем примат и зборуваат во таа насока.

Средновековни остатоци. Доцноантичкото обѕидие и акрополата се многу добро запазени до денес, така што без поголеми преправки можеле да бидат користени и низ средниот век. На тоа упатуваат и повеќе ситни наоди во укрепениот простор: средновековната огнишна грнчарија, една византиска монета — бакарен скифат од 13. век; еден бронзен прстен и дел од белегзија (10.—11. век); повеќе ситни предмети исковани од железо, со средновековни форми.

Високата стража на Пилав Тепе имала значајна стратешка позиција со голема прегледност на патот од Штип кон Струмица и натаму на југ, поставен во теснецот на Мадемска Река каде што патот можел лесно да се блокира. Била користена веројатно повремено, во кризни воени ситуации.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Општина СТРУГА

Загратчани

Местоположба. Локалитетот „Градиште, Св. Спас” лежи 0,6 км северно од Загратчани. Претставува издвоено карпесто ритче во подножјето на масивот на Јабланица, на западниот раб од Струшкото поле. Високо е 150 м (874 м н.м.) и има зарамнет врв што постапно паѓа кон југоисток. Падините не му се многу стрмни. Ридот доминира над околното поле во далечина од многу километри; на 2,5 км јужно од него поминувала трасата на Егнацијскиот пат.

Сл. 147. „Св. Спас”, Заградчани, укрепен антички збег, користен и во доцниот среден век

312


Најстари остатоци. Како прибежиште на жителите од околната рамница, ритчето било користено во хеленистичко време (македонски монети, фибули) потоа повторно во несигурните времиња во одминатиот 3. век и во доцниот 4. век (бројни монети, сите во училишната збирка). Обѕидието на врвот е веројатно доцноантичко. Изградено е од кршен камен без малтер, широко 1,5 м и опфаќа простор од 95 х 57 м (0,4 ха). Во средиштето, на највисоката позиција, лежат остатоци од една маркантна градба покриена со голема грамада камен (ранохристијанска базилика ?).

Средновековни остатоци. Југоисточно од споменатата грамада, на работ на карпестиот отсек, лежи делумно раскопана основа на една средновековна црква. Била ѕидана со малтер, а голема околу 10 х 5 м; според преданието посветена е на Св. Спас. На тој простор најдена е и византиска монета — бакарен скифат од 13. век.

Стариот укрепен збег несомнено бил користен повремено — повторно како збег — и во бурните настани во доцното средновековие.
 

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,932
743
Општина ВИНИЦА


Виница

Крајпатна стража. Сл. 41, 42.

Лит.: И. Микулчиќ TIR, 132; — К. Балабанов 1986,153; — Е. Манева 1992,121.

Местоположба. Месноста „Градиште, Кале” лежи на југозападната периферија на Виница. Претставува 40—70 м висок рид на работ на Виничкото поле. Најлесно е пристапен од југ, преку мало седло кое вештачки е пре-

168


Сл. 41. „Кале”, Виница, доцноантички кастел. Акрополата обновена во средениот век

169


сечено во одбранбени цели. Во северното подножје поминува патот Штип — Виница — Берово, античкиот пат Астибо — Баргала — Партикопол. Калето доминира над широката околина. Еден стар планински пат поаѓал од Калето на југ и преку сртот на Плачковица избивал во Радовишко Поле.

Сл. 42. „Кале”, Виница, накит , 11.—13. век


Најстари остатоци. Просторот на ридот Кале, опфатен со обѕидие, мери 320 х 140 м (3,2 ха). Најстари наоди: атички сликани вази и монети на Филип II Македонски. Во 4. век н.е. било изградено обѕидие со малтер и оформен кастел голем 2 ха. Во 6. век обѕидието било обновено, исто така и челната кула, а на југоисточниот дел доѕидана е нова кула со премин низ неа. На тој сектор се откопани (во 1985—1990 г.) една ранохристијанска црква, дел од магацин со вкопани питоси и до него дел од богата куќа со перистил, веро-

170


јатно епископска резиденција. Во неа се најдени бројни керамички плочи со библиски претстави во релјеф („Винички икони”) со кои биле украсени ѕидовите. Градбите страдале во пожар и биле целосно урнати во доцниот 6. век (повеќе монети на Јустин II, 569/70 г.).

Иако малечок по обем, кастелот во Виница со време бил издигнат до ранг на црковно средиште — веројатно епископски стол Келенидин (?). За ова зборува и концентрацијата од 10 базилики во Виница и во нејзината околина.

Средновековни остатоци. На просторот на акрополата што го зафаќала јужниот дел од кастелот (со големина 0,4 ха) во средниот век бил подигнат нов ѕид врз урнатиот доцноантички ѕид. Тој бил граден многу послабо и без малтер, а била обновена и челната кула. Најголем дел од ова обѕидие е уништено во наше време со земјоделски работи. Во северозападниот дел на новата крепост биле закопувани умрените. Истражените гробови се датирани со накит во 10.—13. век. И старата базилика веројатно била обновена (нејзиниот средишен кораб) во ова време.

Досегашните наоди наведуваат на заклучок дека на Калето егзистирала мала крепост во 10.—13. век (можеби и подолго), како стража покрај патот што од долината на Струма преку Малешево избивал на Брегалница, водејќи натаму на запад.