Справување со стрес

Legioner

Истакнат Член
18 април 2012
1,001
602
423
Ohrid
модерно време модерни болести, едно од нив е стресот , како се справувате со него ??
дали често вашата нервоза преминува во депресија, и како се справувате со истата ??
на ова ме потикна следниот текст
http://www.zazdravje.com.mk/справување-со-стресот-преиспитајте-ги-вашите-реакции
колку и да негираме сите сме изложени на стресот , работата е како го решаваме истиот .
јас најчесто шетам, или палам по некоја цигара ,
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Ух, стресот... Денот не е ден ако нема минимум еден таков „незгоден миг“.
Јас секогаш различно реагирам на тие работи.
- Ако ми е премногу тешко плачам и тоа без срам, подобро да си ги испуштам работите од мене отколку да ги збирам па тие да излезат на места каде што не треба.
Мајка ми кажуваше една убава изрека, ја имала прочитано низ книги некаде: Емоциите се како шилци... ако ги чуваш во душата ќе ги распарчат сите органи, а ако ги извадиш на површината ќе распарчат само тоа што ќе се наоѓа на место каде што не треба да биде.
- Некогаш слушам музика, пишувам во дневник и си пијам чајче со многу многу многу шеќер и лимон; Легнувам и одам во свет на фантазии.
- Секогаш ѝ се јавувам на сестра ми, кажувам што ме мачи зборуваме за тоа, потоа настапува таа со нејзините вкусни и невкусни, пристојни и вулгарни шали па ноќта ја претвора во ден.
Исто така постојат уште неколку личности во мојот живот со кои зборувам и ми успеваат барем малку да ме смират.
- Ги земам малите мои ангелчиња легнувам на кревет и ги гушкам дур не почнат да плачат од што ги масирам и тормозам и после доаѓа Генералниот директор и ми се дере.
- Играм Ејџ оф митолоџи и Ејџ оф емпаирс.
- некогаш се покажувам како најголемиот кретен на светов и пијам - се мразам поради тоа
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Во последно време (години) сум под континууран стрес. Порано се справував со читање на добра книга, излегување на кафе со другарка, купување некое убаво парче облека, шопинг во Солун, чистење дома...
Сега , ми помага само шетање , брзо пешачење или долг муабет кој некој би имал време да го потикне или спонтано да се развие во долги ноќни разговори. Но, бидејќи второто зависи од соговорникот и е ретко, обично шетам безцелно. Ако немем време , тогаш полнам када со миризливи купки и се обидувам да се опуштам. Некогаш земам и лек за спиење(не го препорачувам на помлади од 40 год), ако сум имала дента голем стрес. Во последно време ме опушта и читкање по форумов.
Најубаво се чувствувам кога се шетам низ парк, во билокое годишно време. Кога нема многу народ , ги гушкам дрвјата. Пробај те , последново дефинитивно опушта.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Мене пак разговор многу многу не ми помага туку напротив ме напнува уште повеќе...што има да разговарам за нешто што ми предизвикува стрес...
Најмногу ми помага самотија...
Сакам да седам сама во тишина на балкон, да си пијам кафе, пиво, цигарче ...и да ја слушам тишината...е тогаш си ги средувам мислите...
А втора варијанта е да го ставам ранецот на мене и да се качам на планина, да се испотам (да излези лошото од мене :)) и да уживам во мирот и тишината што ги пружа природата...
 

Antares

Староседелец
11 мај 2012
468
413
663
31
Pax Terra
Како тоа стрес е модерна болест како да пред 1000 години лугето не биле стресни. Ништо ново ниту модерно, сите сме различно индивидуи така да секој на различен начин се бори против стресот. Некој пак никако не може да се справи па завршува на коњски апчиња од кои веќе и емоциите ги губи за времетраењето на апчињата. Но што правиме кога младите денес се стресни и не знаат како да се справат, ама за понатаму поголеми проблеми тие сигурно цело време ке бидат на апчиња. Јас со стресот се справувам со слушање музика, или најчесто шеткање и дружење со луге.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

AnGelgirl24

Нов член
16 јули 2013
29
17
3
Јас кога сум под стрес..имам огромен бес во мене и едно време бесот го трошев на тренинг..на кик-бокс .. сега го собирам во мене.. и најчесто плачам и се тешам самата со себе х)..после тоа ми е полесно .. најмногу од се..ми помага музика..филм..спиење.. х)
 

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Еден од најдобрите природни ''лекови'' за стрес е водење љубов со саканиот...
опуштено во соба со мириси и свеќи и релакс музика...
Или пак топло чајче од чаевите на баба Рада (односно мојата Нада) и релаксиран разговор со пријателите кои нема да соджи никакви жалења за проблемите кои не окружуваат ... Исто така и вежби на домашните справи или пак одење на пилатес,фитнес,аеробик,пливање или долга прошетка :)
Има многу начини за справување со стресот,но најпрво мора да се справиме со мислите,да научиме да ги контролираме и насочуваме кон позитивни работи.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Змејче and Prashina

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Прво, да , се слагам дека стресот постои и ни влијае... Никој го нема прескокнато, само секој пати на различен стадиум и со различни последици...
Да си кажиме право, стресот предизвикан на квалитетна провокација на работа проследен со вадење од такт не се решава со цигара или книга... Тоа бара долготрајно вложување напори за да исчезни.
На првичната провокација реагирам бурно... Стресна ситуација може да настане од било што - почнуваќи од зајадлив муабет што ги слушам секојдневно поприлично многу. Принцип : Кој што си барал- си добил. Се карам, погласно и погласно ... па пцуење се по список... последна фаза, заштитена за да не ошамарам некого - фрлање предмети што ќе ми долетаат. Обично полетува телефонот после разговор, некои глупости низ соба, тетратки , книги , списанија и слични небитни работи. Страшно бурно реагирам, гадна мана ми е, но многу често тој начин на пристап ме спасил од многу лоши ситуации и околности...

Знам дека ќе ме осудите дека не знам да го контролирам бесот, не се правдам, но да се глупирам со кафето в рака дека се ќе биде океј - не ми успева...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: AnGelgirl24

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Што знам јас сум човек што многу брзо се нервира, и тоа за секакви ситници, па дури и за туѓи неправди. Не ми помагаат прошетки, зошто тогаш повеќе размислувам и измислувам нови проблеми плус, а ако се наоѓам во друштво, голема е веројатноста да се истурам на некој недолжен, па така ни дружбата не ми помага. Ок ќе изгледам филм, ама после него се осеќам бетер депримирано.

И еден ден фино лепо си отидов во аптека и си побарав нешто што ќе ми помогне со несоницата, па уз муабет и нервозата ја препишав на проблемот со спиењето. И така се запознав со релаксан-таблети од билна база, со главна состојка билката валеријана.
Не ми помогна со спиењето, ама навистина помага со нервози и напнатост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: МалиСашко