Спомени од школските денови | Црнобело Форум

Спомени од школските денови

Stojne

Староседелец
29 јануари 2015
394
137
1,053
Јас и во основно и средно доживеав лоши денови.За некого ако не основно,средно одлично му е,ама за мене не е.Затоа што учев со деца во средно коишто беа љубоморни и ме исмеваа,а јас се нервирав,зашто постојано некој да ви се смее...Ужас беше,и основно и средно.Сега на факултет сум,не можам да се фалам,но не можам и да се жалам.Да ве прашам,едно дете ми се смее зашто сум здебелена,многу ми е непријатно...Како да реагирам кога некој ми се потсмева,дали да му кажам нешто на тоа дете или..?
 

Pink Panther

Староседелец
9 февруари 2015
1,791
804
1,133
Skopje
Da i kazes da se goni vo p.m i muva da ne te lazi ne se zamaraj , takvite lugje moze za nesto drugo ti zaviduvaat ,a takvite se del od tvojot trud ili uspeh , ti kako se cuvstvuvas naj ubavo taka i bidi si toa si e tvoe telo i trebada se gordees so nego ... ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Stojne

Ѕвездичка

Староседелец
21 март 2016
1,102
969
1,133
Кога едвај чекаш да помине викенд, за да во Понеделник си го видиш симпатијата и да ја прашуваш другарка ти дали те гледа и таа да ти кажува хахахах
Кога чекаш да помине 19 часот во Петок, за да си одиш дома и да почниш да се спремаш за излегување.
Имаш време за се, за да научиш, да се изнашеташ и да се зафркаваш
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kisserboy

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
2,833
7,340
1,153
Big Sur
Не сум многу некој носталгичар по тие денови. Основно можеби. Дете си, интересно ти е, брзо минуваат деновите, башка 6то, 7мо и 8мо седевме на шестоаголни маси по 5 души и секогаш беше забавно.
Двајцатата школски што седеа со нас, имаа навика многу да се расправаат, па јас додавав масло на огнот така што им ги туркав столчињата на земја кога не беа тука и секогаш едниот мислеше дека другиов го сторил тоа, па пак се отеруваа у пм. Ми беше смешно пошто не беше некоја караница, туку баш беа иновативни и никогаш не завршуваа на лоша нота. :D
Средно беше полно пувежи и среќа што тој период е зад мене.
Таму најголема беља ми беше што на другарката до мене ѝ го менував рилејшншип статусот дека е вдовица кога ќе излезеше на табла и никогаш не сфати дека сум јас, туку мислеше дека некој ја хакнува.
Жими ја, не сум лош човек, претежно јас бев меѓу метите на силеџиите, ова ми беше чат-пат тепање време без притоа некој да биде повреден.