Социјална фобија, анксиозност и панични напади

Harmonija

Истакнат Член
12 јули 2013
600
405
363
28
Победи ја паниката, социјалната анксиозност преку џогирање на јавни места/ јога, пилатес, аеробик во парк/стадион и сл.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

dreamydreamer

Староседелец
11 октомври 2012
38
47
1,018
Со анксиозност од помала се борам, а во последниве 2 години ми се јавуваат и напади на паника.Кога сум со личности кои што подолг период ги познавам нормално дека го немам овој проблем, ама кога ќе дојде моментот кога треба да се запознаам со некого мене ме фаќа анксиозноста, се тресам,губам воздух, се гушам...Срам ми е од многу работи,загрижена сум за банални работи, ,,што ако кажав нешто погрешно'' се работи што често ми се вртат низ глави, и на моменти навистина не можам да се контролирам колку и да се трудам.Иако психијатрите за ова препишуваат лекови, јас не би ги земала и затоа се трудам самата да останам колку што е можно посмирена кога ќе дојдат овие моменти, ама навистина ме попречува во некои секојдневни активности...
 
malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,068
1,133
Не реков дека е анксиозност, ама мислам дека имам соцјална фобија.

Анксиозноста и социјалната фобија се едно исто

И здравиот начин на исхрана многу помага. Доколку сте анксиозни најпрво откажете се од кафето и цигарите потоа избегнувајте мрсна и пржена храна. Чипсот и сите останати грицки исто така не треба да се консумираат. Јадете повеке свежа и сирова храна.
 
Последна промена од модератор:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Аркантос

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
30
домче
Со анксиозност од помала се борам, а во последниве 2 години ми се јавуваат и напади на паника.Кога сум со личности кои што подолг период ги познавам нормално дека го немам овој проблем, ама кога ќе дојде моментот кога треба да се запознаам со некого мене ме фаќа анксиозноста, се тресам,губам воздух, се гушам...Срам ми е од многу работи,загрижена сум за банални работи, ,,што ако кажав нешто погрешно'' се работи што често ми се вртат низ глави, и на моменти навистина не можам да се контролирам колку и да се трудам.Иако психијатрите за ова препишуваат лекови, јас не би ги земала и затоа се трудам самата да останам колку што е можно посмирена кога ќе дојдат овие моменти, ама навистина ме попречува во некои секојдневни активности...
Не бре, какви лекови... кога ќе помине дејството, пак се враќаат нагоните. НЕ ТИ Е НИШТО, батали психијатри,грешен му е пристапот. Јас те советувам да се обратиш прво на психолог. Ништо нема да биде невообичаено, неколку пати ќе појдеш, малку ќе поразговарате, ќе се опуштиш... по кратко ќе увидиш дека сето било бесмислено! Јас лично ти гарантирам за успехот во надминување на проблемот...
Во тоа може многу да ти помогне и форумов, може да ти помогнат блиските фаци..
Напоменувам, пред да се одлучиш на овој чекор прво побарај кој психолог во твојот град е поквалитетен...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: dreamydreamer

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Анксиозноста и социјалната фобија се едно исто
Па и не се баш...

Една од компонентите на стравот е посебната состојба во која ние предвидуваме што ќе се случи антиципирајќи страв. Тоа е некој вид ситуација на иднината. Оваа антиципација на претстојната физичка, психичка и социјална опасност најчесто се доживува како анксиозност, како општа возбуденост, како трепет, како нејасен страв, страв без очигледен надворешен повод.

Социјалните фобии се пореметувања кои се карактеризираат со нерационален страв од луѓе и било какви социјални ситуации-настани. Всушност, лицата со ова пореметување се плашат од сите ситуации при кои останатите луѓе може да ги набљудуваат и евентуално да ги “навредат”. Се работи за страв од настап при кој симптомите многу посилно се изразени отколку кога станува збор за нормална трема или нервоза пред настап на јавна сцена. Социјалните фобии обично се јавуваат после пубертетот, а врвот го достигнуваат во 20-тата година од животот. Повеќето социјални фобии се најевидентни на возраст помеѓу 20 и 35 години, што се причина за уништување на најдобрите години во животот.
 
Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Колку што јас знам и тоа гледајќи само неколку емисии за анксиозноста, и колку што сфатив анксиозност е состојба која се појавува после одреден страв од нешто. Т.е потење, паника, страв, недоверба, брзо чукање на срцето... И што значи дека социјалната фобија е еден вид на анксиозност, а не е анксиозност=социјална фобија.

Кога имате одреден страв од нешто, дали тоа е социјална фобија, страв од висина или некои бизарни фобии како што сум гледала пример страв од непарен број на предмети, кај вас се појавува анксиозност како што кажав погоре препратена со потење и брзо чукање на срцето, посебно кога сте соочени со нешто што ви го задава тој страв.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and The_countess

Phantasy-Girl

Нов член
23 септември 2015
1
0
1
25
Здраво, се зачленив на форумов специјално за темава, навистина ми е потребна помош.
Прва година средно сум и сега приметив дека го имам овој проблем. Имам чудно презиме, во основно бев исмевана, за презимето, за физичкиот изглед, на физичко...ете на пример срам ми е да кажам како се презивам или пак првиот час по физичко избегав поради страв од тоа дека ќе ми се случува истото ко во основно. Пред 3-4 години прва бев да одам на приредби, да зборам пред јавност, а сега имам страв, на пример учев Македонски лекцијата, а поради срам да ја раскажам пред сите не ја кажав, си мислев ќе ме исмеваат или не знам што. Се си мислам дека ова е поради тоа што ми се случуваше во основно, дали сум во право и дали има некој начин да си помогнам на себеси? :)
Фала за вниманието и одвоеното време да го прочитате мислењево иначе. :D
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153

Далеку си од она за кое се говори на темава, ама на добар пат си :)
Треба да сфатиш дека она што го имаш на тебе е твое, ако нешто ти пречи, промени го, ако не сакаш да го промениш прифати го како неизбришлив дел од себе и сакај го. Претпоставувам имаш некаков срам од своето тело, па поради тоа си избегала од физичко. Ако е вишок на килограми, баш на тој час не треба да бегаш - активирај се, ослаби. Ако не сакаш, тогаш прифати ги дека се твои... не ги криј, не се срами, бидејќи на овој свет не може секој да биде манекен, мора да не има и нас со стомачиња ко да сме девети месец бремени :)
Во однос на презимето. И за тоа има решение. Почекај да наполниш 18 години и промени го, ако не, пак ќе ти речам, прифати го како твое... и биди горда на него, бидејќи какво и да е, репрезент е на лозата на која припаѓаш.
Сепак, треба да сфатиш дека моментално си во многу тешки години, години кога сѐ ти пречи и сѐ те повредува. Тие години ќе минат...толку брзо, нема да ги почувствуваш, ама ако не научиш да си се прифаќаш себе си, ќе ти остават траен белег.
Се надевам дека колку толку ќе ме разбереш што сакам да ти кажам.
И, добредојде девојченце :)
 
julija.b

Нов член
22 ноември 2015
1
0
1
29
:place(party)Zdravo lugje nova sum na forumov imal li nekoj dosega iskustvo so anksioznost? Mnogu prebaruvav na internet gi imam site simptomi ama mi e strav da pobaram struchna pomosh ve molam za nekoj sovet...
 
Прикачувања

  • FB_IMG_1440858312853.jpg
    FB_IMG_1440858312853.jpg
    12.7 KB · Прегледи: 10

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Дури не ме здрма генерализирана анксиозност, јас не бев свесна дека социјалната анксиозност тлеела во мене цело време. Мислев дека едноставно сум така повлечена и дека тоа се случува ради немањето самодоверба.
Дури после дијагнозата и откако почнав да разговарам со психолог на темава, сфатив дека социјалната анксиозност се влечела со мене уште некаде од 2-3то одделение, а точно ги памтам и моментите кога сум доживувала панични напади без да знам.
Секако, не беа со интензитетот со кој се сега (т.е. шуќур, ги нема неколку месеци), но сепак ги имаше.

Сум трескала по темата за панични како човек треба смирено да пристапи кон тригерот, бла бла, но многупати и нема тригер, па ми иде да си ја залепам една за игнорантноста.
Bottom line, иако е никакво чувството, радо би да сум со социјална анксиозност пошто и така не сакам многу луѓе отколку со хипохондрија, панични и константна висока анксиозност.
Ако некој некогаш го чита постов, знам дека ви е и тоа претешко, но социјалната анксиозност е џекпотот од анксиозните растројства. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider