Социјална фобија/анксиозност

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,848
1,153
Барав дали има ваква тема, немаше, ако има се извинувам. Бришете преместувајте, како треба така :)

Социјална фобија е одредено чуство на срам, но се манифестира во поголеми размери и може многу лошо да влијае во целокупниот живот на индивидуата.
Таа се манифестира со зацрвенување на образите кога сте во директен контакт со некоја непознат или помалку близок пријател. Треперење на целото тело во некои случаи и пелтечење. Збунетост - односно тешкотии при координирањето на речениците. Избегнување на поглед очи-во очи. Чудесни вртоглавици.

Ова е проблем кој во 21от век е многу често застапен.
Многу психолози сметаат дека сами треба да си помогнеме кога се наоѓаме во ваква ситуација. Други сметаат дека е болест која не може никој да ја излечи, а трети пак воопшто не ја третираат како проблем едноставно ја дефинираат како нормална реакција последица на многу динамичен живот.

Мене прв пат ми се појави кога имав 23 години и од тогаш имам потешкотии во социјалниот живот. Сега веќе успешно ја контролирам.

Како стоите вие на овој план? Имате ли и вие вакви проблеми?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: malo

Rodeo Tvrdo

Активен Член
20 мај 2012
98
68
28
Скопје
Јас немам ваков проблем, али имам неколку другари и кога ќе се најдеме во друштво каде што има некој непознат, зборовите треба да им ги вадеш од уста, а кога ќе пресрамат не знаат да разговараат и да се концентрираат на темата за која што се зборува, туку цело време почнуваат други теми за разговор кои што не ги завршуваат. А со мене сосема нормално разговараат. За мене социјалната фобија не е болест, зашо ако е болест, сите ние сме болни, пошо сите се срамиме, некој помалку, некој повеќе. Се надминува тоа. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

lady_blue

Староседелец
14 февруари 2012
2,397
4,417
1,153
можеби е посоодветно темава да биде во Психологија, м?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,412
1,103
Брат ми е таков а јас комплетна спротивност. Значи детето е супер, со тие што ги познава е слободен, разговара , но со нови луѓе и во непозната средина некако е скочанет. Многу тешко развива разговор...дури како да сака да остане незабележан, како тоа да му е целта. Ајде ќе ќутам цело време и ќе чекам да заврши. Многу сум му зборувала да не биде таков, зошто вреди како личност и ми е жал што поради срам и недоволна самодоверба ќе биде во сенка на глупи таканаречени “фраери“ кои не се ни пола од она што е он. СЕ надевам дека ќе го промени таквото однесување ,а јас сум секогаш тука за да му помогнам во тоа. Ете чекам да признае дека тоа му е проблем што го кочи и да почне да го решава. Со одложување ништо не се прави.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,015
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Кога сум во близина на непознат човек, без разлика дали е женско или машко, па дури и да е само еден "нов" во целото мое друштво, најчесто сум повлечена и тивка. Набљудувам. Оставам другите да разговараат. Зборам кога ми се обраќа. Чувствувам можеби мал срам, но пред се, немам желба за разговор и интерес во личноста. Се додека, пополека со набљудување не ја запознаам. Не можам да бидам 100% своја, односно отворена, пред туѓинец. Не го сметам за непријател, тоа е сосема апсурдно, но чувствувам дека се додека нема заслужено, односно, се додека не се прикаже како добронамерна позитивна личност, не вреди да дозволам да ме запознае вистински.
Хмм, можеби тоа е причината зошто цел живот ги имам истите едни пријатели? :^)
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,878
973
Хмм, можеби тоа е причината зошто цел живот ги имам истите едни пријатели? :^)
ја миислу нема врска, не е до тој, едноставно не ти се збори сс непознати толко : )
мене на пример сс сфи ми се збори, иии неам овакфу фобију никад
анннскизност..... прф пут слушам еј : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos and Nightmare_f

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,204
423
Дома пред Пц
обично немам вакви стравови....и обично јас сум таа дрдорката шо прва ја отвара устата коа ќе ни се упика некоја нова персона у друштвото:giggle увек спремна за ново упознавање:sreken
јас мислам дека така е полесно да се опуштиш и да се вклопиш...па сеа ако чини ќе си бидиме другарчиНа ако не фала на муабетот и чао :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Arkantos

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,405
1,532
1,133
28
Анксиозноста е малку поразлична од тоа за кое зборувате. Често оние кои страдаат од анксиозност развиваат и социјална фобија и панични напади. Чичко Гугл тоа одлично би ви го објаснил :)